Искрено мислев дека нема етнички Македонци што си ја мразат нацијата, незамисливо ми беше некој да си ја мрази државата и своите корења. Мислев се е тоа фарса, сите идиотски постапки и изјави им се како последица од политичкото слепило кое го добиле од тоа што повеќе ја сакаат партијата, отколку сопствената држава, ама не било така, а едно од местата во кое дојдов до таков заклучок беа коментарите на новава обработка песна од Некст Тајм,
Нешто ќе те питам бабо. Постоеле луѓе Македонци од мајка и татко Македонци, од дедо и баба Македонци, што без срам шират пропаганда дека Македонија е бугарска, дека не постоиме како народ, што не сакаат да го спомнат зборот Македонија итн. Што е најтрагично не се работи ни за пари кои би ги натерале на такво нешто, тие самите своеволно понесени од
демократијата си го мочаат својот идентитет и го брукаат цело поколение. Некогаш таквите биле фрлани во буниште, сега слободно си изразуваат мислење, гордо без срам. За овие што гордо си се возат со своите возила со NRM налепница на регистрацијата, наместо на прва бензинска да застанат и да ја одлепат/избришат, доволно голем шлајм нема со кој заслужуваат да бидат исплукани. Лоши луѓе следите, лоши идеали прифаќате, завземајте ставови за или против абортусот, бидете левици и десници при такви ставови, но не газете преку државата, единствена е. Упорно го користат зборот национализам во лоша конотација, на децата им се вели "тој човек е националист тежок" кога сака да се оцрни некој, уште од мали се учат да си газат преку своето, научете еднаш засекогаш нема ништо подобро од тоа да си горд на својата држава, да се биде родољуб, националист, патриот е нешто на кое треба секогаш да сме горди.