Правилно ке беше според кој ? Според тебе? Не ти оди во прилог на тезата за нашите западни пријатели кои ни мислат се најдобро?
Не бе другар, правилно ке беше да речи дека му пречи или нешто слично на дипломатски јазик. Тој не е некој германски турист па ајде му се испушти, тој е Германски специјален пратеник за западен балкан ( ако не грешам ). Секој негов збор има тежина и не е кажан туку така. Не е ова муабет пред кооперација па ке тресиме зелени и ке си играме политика.
Колку да те потсетам нити еден , буквално нити еден официјален претставник на твоите западни пријатели што цело време ни кумуваат што и како треба да направиме, на кои се крстите или се молите веќе две години не најде за сходно да ја отфрли платформата или да речи дека не ја поддржуваат на било каков начин. Џабе се правите дека таа не постои, дека е заебанција, глупост , ирелевантна. Таа и тоа како е реална и поддржана од твоите западни пријатели ма колку сакаш да ја игнорираш. Ти со цел ум мислип дека Еди Рама така си седеше во кабинетот , си се досадваше и си вика чекај бе дај да склопам една платформа за албанските партии во Македонија, ако ништо друго на Али ке му поможам рејтингот да си го врати. Досега и да се двоумеше околу тоа сега би требало да ти стани јасно и тебе и на сите кои на неа гледавте како една невкусна шега дека таа платформа е чедо на твоите толку сакани и никогаш непрежалени западни партнери на кои цело време им се клањате.
Дали ке го прифатиш тоа или ке го игнорираш оставам на тебе.
П.с чисто ме интересира дали го дадоја во целост интервјуто на Телма или 24 Вести или скратија некој дел. Знам дека претежно само нив ги пратиш па да не барам по интернетот, да губам време.