Да не се објавеа јавно снимките, јавноста немаше да биде толку информирана и можеби ќе веруваше во првичната слика на „Рекет“ дека само 13ка и другар му се главните и Катица немала врска, била злоупотребена, ќе се заташкаше и никому ништо. Откако се објавија и јавноста се информира малку пореално, чекаа неколку недели да се заташкаат некои работи и тек сега распити, приведувања и претреси...и пази изрекетирани 2 милиони евра (од тоа што е веќе јасно, а има сигурно и други кои се исплашиле и не го документирале тоа), ама Катица остварила корист од 298к денари за купен мебел...

Со оглед на тоа што снимките биле доверени уште од старт на ОЈО, бруцош од Правен факултет со истите докази кои располагал тогаш ќе имал основ да ја приведе, па и притвори Катица. Значи неспорен факт е дека снимките со кои располагале и дента кога 13ка беше притворен биле доволен основ за сомнеж.
Е сега, 1 месец потоа е доволен период за затскривање и уништување на многу докази.
За жал, како и за многу други работи очекувам и овде да се заташка целава работа со цел спасување на некој од “поголемите“...