Се согласувам за помагање од страна на владата за поголем наталитет, но во тој случај ќе помогнат на сите граѓани на државава не само на Македонците. Меч со две острици. Е сега, нашиот и нивниот удел во раѓањата не е променет веќе 20 години ако не и повеќе од тоа. Можеш да го провериш тоа во статистиките од порано. На пример, нашиот удел во нови раѓања во 1998 година е под 50%, околу 48, додека на Албанците е околу 36%. Интересното е што лани, како што знаеш и ти, уделот на Македонците е малку над 50%, што значи дека се зголемил, додека уделот на Албанците е 35%, што значи дека опаднал минимално. Така што, не се секирам јас многу многу за тие податоци.