Груевски јавно кажа дека не знае ништо за случајот, додека на бомбите очигледно е дека знаел.
Каде и кога кажал јавно дека ништо не знае? Ден два три после убиството или после апсењето. Разговорот е после апсењето и од него се лесно се заклучува дека Грујо уште некои работи не ги знае, дури ни најосновните (на пример како се вика убиецот). Знае од Урко дека убиецот работел кај него обезбедување, а бил избркан лично од Грујо заради испад.
Да убиецот го фатија, ама дали го казнија урко за обидот за прикривање?
Втора малоумна манипулација ти е дека Урко прикривал. Урко не прикрива туку свесно манипулирал, за да издејствува од нив или поблага казна за убиецот или скроз да не одговара. Дали бил казнет незнам, само знам дека доста покасно е скроз исфрлен од МВР. Да одговарал кривично/прекршочно, неможе бидејќи не лажел ниту судија, ниту обвинител, ниту полициски инспектор за распит.
Тогашно МВР скроз професионално си ја извршила работата, во рок од помалку од 24ч, пронашле тројца сведоци кои не се плашеле да признаат и да го препознаат убиецот.
Мислиш ќе беше некој у затвор ако вечерта не се дознаеше? Цела машинерија на вмро цел ден ја прикриваше причата во јавност.
Да имаше баба клепало меѓу нозе дедо ќе ја викаа. Никој ништо не прикривал, испадна дека контрадикторни биле во изјавите заради лагите на Урко, во кој имале доверба бидејќи лично го знаел Спасов и му бил претпоставен. Убиството се случи 5 наспрема 6 јуни, а убиецот беше уапсен на 7 јуни. Ликот имал пост-воен синдром од 2001 и бил лесно избувлив, а истото го тврдеше и сестра ти Стојанка, кој тврдеше дека е убеден дека Спасов тоа го сторил во афектна состојба. (макс. 5 год затвор)
Стојанче Ангелов: „Тигрите боледуваат од поствоен синдром, овa може да не е последен инцидент. Припадникот на полициската специјална единица “Тигар“, Игор Спасов, кој до смрт го претепа дваесет и двегодишниот скопјанец, Мартин Нешковски, боледува од т.н. поствоен синдром, изјави за „Нетпрес“ некогашниот заменик командант на оваа елитна единица на МВР, генералот Стојанче Ангелов. „Игор Спасов е штипјанец, исто како и јас. Во единицата се вклучи во 1998 година. Вистински професионалец. И како човек беше голем другар и пријател. Тој учествуваше во воениот конфликт во 2001 година, и тоа од првиот до последниот ден. Беше одличен војник, интелегентен, агресивен во извршување на вежбите и задачите, но одмерен и присебен во однесувањето. Одамна говорам дека сите припадници на единицата ’Тигар’, кои учествуваа во борбите во земјава пред 10 години, боледуваат од поствоен синдром. Потребна им е професионална помош. Едноставно тие се темпирани бомби. Ценам дека ако не биде нешто сторено за да им се помогне, тогаш ова можно е да не биде последен инцидент “, вели полицискиот генерал. Ангелов смета дека нема никакво оправдување за инцидентот, но е убеден оти Спасов за време на злосторството бил во тешка афектна состојба
Страшно релативизирате, не е пројдено толку време па да сме заборавиле, ниту ми требаат бомби за тоа. Ложете се слободно на темата, вас ви е време сеа. После ќе се вратите на власт, и ќе си ги смените улогите. 500 000 гласачи вмро имаше у екот на најголемиот криминал јавно фатен на снимка и си нашол да објаснуваш тука кој бил куртон.
Дали јас релативизирам или говорат факти...
ФАКТ бр 1 - Со манипулацијата успеа да извади голема маса народ (кои денес еден куп се извинија јавно на ФБ) и да исфорсира насилство на протестот пред влада кога имаше еден куп повредени полицајци и демонстранти. Доколку ја пуштеле цела немаше ни 5% да излезат тогаш. Повредени беа 38 полицајци и преку 30 уапсени.
ФАКТ бр 2 - Истиот период кога цела МВР се сконцентрирала на протестите во Скопје, терористите успеваат да упаднат и да се стационираат во Куманово.
Факт бр 3 - Четири дена после протестот, во Куманово започна анти-терористичка акција која резултираше со 8 мртви полицајци и преку 40 ранети.
Факт бр 4 - Целата бомба протече од човек кој ги има истите бомби на Заев, а крајна цел му е ослободување на „лавовите“ од Диво Насеље како што тој самиот ги нарекува.
Ако еден ден се утврди координација во сето ова, морално ќе биди да се воведи дрес код, по тертип на Ердоган во Турција:
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неделава пропиша и како осомничените ќе смеат да бидат облечени во судница. „Пучистите“ ќе носат комбинезони, а „терористите“ панталони и кафеави сакоа, одреди турскиот претседател.
https://arhiva.republika.mk/807697
[DOUBLEPOST=1562983698][/DOUBLEPOST]
Државата/власта криеше 3 дена.
А вестите ги видовме, пример сите не известија а кога известуваа Мартин беше наркоман, ваков-таков.
Не се притресавај без потреба... Убиството се случи на ноќта 5 измеѓу 6 јуни 2011 г. Игор Спасов веќе на 7ми јуни беше уапсен. Убиството се деси во гужва, каде секој сведок може различни детали да види, но за среќа тогашната МВР пронашла тројца со идентични искази и со 100% или скоро 100% сигурност за препознавање.