Се запрашав, и изгледа дека македонците не мразат секогаш кога бараме да живееме како албанци овдека во Македонија.
И пред 60 години на македонците им одговарало да албанците бидат турци, затоа со леснотија отварале паралелки на турски јазик во основни училишта каде немало ниеден турчин, само и само албанците да не живеат како албанци.
И во доцните 80ти кога се затворија албанските паралелки на средни училишта, со тоа албанците се вратија назад за 30 години.
И во 90тите кога тепаа и убиваа студенти во Тетово.
Разбери, албанци сме, и такви сакаме да останеме, ако тоа те тера да не мразиш, тогаш до тебе е, не е до нас.
И покрај тоа што албанскиот ќе биде официјален, јас на моите деца би им го научил македонскиот.
Хахахаха не треси глупости бе. За време на османлиската империја кој крстарел низ деловите на тогашна Македонија, кој ги палел и ограбувал христијанските села во околните делови на Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, подоцна нивните разбојнички групи се шират кон Битола, Леринско, Костурско во Егејска Македонија (денешна таканаречена Грчка Македонија) Тие банди доаѓале од областа Матија (Северна Албанија), ги викале
МАРТОЛОЗИ (вооружени лица), еден од најкрволочните водачи се викал
Хибетула. Дејствувал во Вилаетот Румелија (Битола и околината), а неговата банда броела 800 разбојници, каде тој подоцна се самопрогласил за
БАШБУК (заповедник или командант на голема вооружена група). Земал
ЧИЗИЕ (шеријатски данок за возрасни христијани и останати немуслимани), кој дел му го плаќал на валијата на назначениот вилает, а големиот дел го задржувал за себе. Турците подоцна одлучуваат да го ликвидираат и на негово место доаѓа
Кара Али, наречен
Црниот Али кај локалното население. Овој почнал подоцна да ги ограбува и Турците. Имало после нив илјадници разбојници кои не биле Турци.
Пред воспоставувањето на српската власт во Вардаска Македонија (тогашна од Србите наречена Стара Србија), најпознати бандити наречени
КАЧАЦИ биле
Сами Репа, Незир Буч, Весел Колтак, Стаф Љуш, Али Ан, Зулко Сач, Баго Реп, АЛи Пустина, Абди Дума, Осман, Силџик кои ја преминувале пределот
Ljuma (Reka) и влегувале во Македонија каде дејствувале во реоните на Бистра, Строгово, Кораб. Имало и други,
Рам, Мифтар и Рустем Дука, Али Алили, Бафто Дани, Нер и Мурат Джеку, Сол Дема, Есад Горана, Џеладин Сефер, Неби Мат, Мисим Афмети, Џан Марку и Исеин Дреја. Овие ги напаѓале македонските села сместени во Галичник. Еден од најкрволочните КАЧАЦИ во тоа време бил
Милаим Афмети кој бил познат како крвник кој остварувал приход од насилно одземање на стадата овци од селаните во Егејска Македонија. Други познати качачки бандити биле
Илијас Паша, Адем Тресија, Абдул Меджид, Илјас Ефенди, Рифат бег кои дејствувале во Полошкиот Регион, каде македонското и останатото христијанско население било изложено на невиден терор, грабежи дури и убиства. Се има прославено истотака и
Бафтијар Коловози со неговите браќа
Мифтар и Мујет кој за време на српската власт имал одлична соработка во непречено ограбување, пљачкање и убивање на Македонците во Полошко од 1918 се до крајот на Втората Светска Војна, Негова цел и на неговите браќа биле
селата Вејце, Вратница, Једоарце, Лешок, а освен Македонците од нивниот терор срадале и мирните жители Албанци каде им се укажало прилика кога селаните оделе на молитва во селската џамија. Еден исто така познат качак злосторник во 20тите години на XX век, бил и
Каљош Зајаси од с. Зајас кој ги напаѓал селата во Дебарца и Малореканскиот предел, а најагресивно се однесувал и го опустошил селото Галичник бидејќи бил пружен слаб вооружен отпор од страна на тамошното население но кое било населено со македонско население. Иако имало сместени српски жандарми не се оздвале на повикот од населението на Галичник да дојдат во помош. Тој настан е познат како
Галичка трагедија.
За време на Втората Светска Војна водачот на Бали Комбетар задолжен за Македонија (иконата на неговите следбеници, навивачите на Шкендија), Џемо Хаса бил Турчин?
Утре ќе продолжам за поновиот период, односно за време на Југославија и самостојна Македонија.