- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
Мене ми пречи што создаваат лажна слика дека биле угнетувани од страна на Македонците, затоа поставив докази од Турските, Западните, Архивите на НОБ кој што бил и кој бил угнетуван.Џабе линкови постирате кој биле и од кај биле албанците, и се останато. Факт е дека сами се изборија и самите македонци кои патем си променија име, 3 децении ги гласаа сопствените џелати им ги даваат тие права на албанците а не некој трет. Истиот национализам постои и кај албанците и кај македонците.
Главен проблем е што се израснати со длабоко вкоренети предрасуди едни кон други.
А тоа се сложувам дека од осамостојвањето од 1991 па се до денес ја опустошуваат државата. Првите (СДС), отпадот односно нивните потомци на најлошата генерација на полициски и воени генерали и припадници на УДБА, а вторите (ДПНЕ), генерација која под водство на бугарашот Љупчо, глумејќи војвода, комита итн. продолжи да биде гробар на Македонија, затскриен зад лажниот патриотизам, па се редеа едни со други еден по еден. Јас тоа го нарекувам Црно Доба.
А за национализмот, благодарение на шовинизмот и омразата на Албанците кон македонците се создаде уште поголема омраза и национализам од страна на Македонците. Национализмот раѓа национализам. Омразата, омраза. Во 1992 прогласија таканаречена Илирида, и тогаш во 90тите префрлаа оружје во Македонија за почнување на војна со како они што се служеа со омраза војна против Словените. Иако полицијата ги преесекуваше тие ланци, од 1997 година по граѓанските немири во Албанија, кога од воените магацини беше ограбено целото оружје, го префрлаа во Македонија, Косово и Грција. Така да македонскиот национализам е повеќе имагинарен и безопасен иако за време на Југославија имаше некоја активност која беше повеќе на пропаганда со ширење на идејата за Независна и самостојна Македонија од страна на дисидентот Драган Богдановски кој бил гонет низ Европа од страна на оперативците на Удба, каде во 1977 е заробен во Париз и пренесен во Југославија и осуден на казна затвор, а во 1988 помилуван и пуштен од затворот Идризово.Единствена забележана терористичка дејност од страна на македонскиот национализам е поставувањето на 6 бомби низ центарот на Скопје во 1960та година, од кои има една жртва.
За разлика од албанскиот национализам кој е практичен, од снабдување со оружје и финасии, до правење на разбојнички дејствија.
Затоа не може мене некој неолиберал да ме убедува во спротивното, имам собирано илјадници непобитни докази кои се депонирани во архивите низ државите во Европа, од кои се напишани книги за оваа проблематика.