Како е тоа возможно, те молам објасни ми. Кој нас може да не спречи да си го вратиме името Македонија ако Грција не ги исполни одредбите од договорот?
Инаку, брзањето е за НАТО, за ЕУ ќе почекаме. Во моментов е премија да добиеме датум за пристапни преговори.
Знаејќи каква багра политичари имаме нема да ме чуди да си останеме и со сменето име. Ќе не мафтаат со години ветувајќи ни датум за членство. Слично како што беше до сега со одредницата ФИРОМ. Нели требаше да биде за привремена употреба?
Јас колку што се сеќавам низ годините Грција не ни остана должна а да не го уцени нашето членство во меѓународните организации барајќи некаква отстапка за возврат.
Прифативме одредница Фиром, после го сменавме знамето, ни лупнаа вето за Нато во Букурешт, во Грујово време заради целта таа фама околу антиквизацијата го покачија влогот, се поместија црвените линии за сега да преговараме за ерга омнес решение, уставни промени и сумливи преговарања под маса за јазик и идентитет.
Што добиваме од евентуално решение?
Членство во НАТО, т.е остварување на интересите на САД во регионот.
Почеток на преговори за членство во ЕУ, без никакви гаранции дека пред затворањето и на последното поглавје нема да се јави Грција или евентуално Бугарија, со уште некое дополнително прашање кое ќе треба да се реши набрзина. Ќе ни издиктираат некој договор набрзина и некоја наша будала ќе го потпише, како по обичај.
Да не почнувам уште колку компликации ќе ни донесе ова ерга омнес решение на внатрешен план. Ќе треба да се направат еден куп ревизии на учебници и лични документи. И по тој основ Грците можат да не уценуваат до бескрај со обвинувања дека не сме ги почитувале одредбите од договореното.
Грците не потпишуваат ништо ако тоа не му донесе двоен бенефит. Ова прашање е поголемо од само името, влече и други проблеми со себе кои што Грците ќе ни ги плескаат во фаца во периодот што следи.