Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Џабе ти е програмерство ако на форуми не се потпишуеш со полно име и презиме.
Ме потсеќа на Сабрина гатачкана коа ги прашуеше “А ти шта си у хороскоп?“
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Девелопмент тим лид, .net технолошки стек, Web API + Angular на фронт. Agile организација на тимови. Клиент од финансиски сектор, странски. Ајде сега, пуцај.
Вака. Моето работно искуство почна во 90-те. Ерп програми, банкарски софтвер, а сега софтверска поддршка на американски софтвер. На почетокот со Visual Basic, Acces database, потоа Borland Delphi разни верзии, а сега Embarcadero Delphi, Firebird database, Oracle database. За тезги продавници, кафичи... фискализација...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.328
Поени од реакции
26.278
Вака. Моето работно искуство почна во 90-те. Ерп програми, банкарски софтвер, а сега софтверска поддршка на американски софтвер. На почетокот со Visual Basic, Acces database, потоа Borland Delphi разни верзии, а сега Embarcadero Delphi, Firebird database, Oracle database. За тезги продавници, кафичи... фискализација...
Ете, толку требаше. Ти стварно во ИТ си работел. Е сега, батали ја оставката на Заев (ја изеде нејзе мракот) и батали го Delphi (и тоа умира бог да го прости), земи префрли се на C#, за време на дојдениот живот ќе имаш уште повисока плата. И ќе имаш за што да го фалиш Заев.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ете, толку требаше. Ти стварно во ИТ си работел. Е сега, батали ја оставката на Заев (ја изеде нејзе мракот) и батали го Delphi (и тоа умира бог да го прости), земи префрли се на C#, за време на дојдениот живот ќе имаш уште повисока плата. И ќе имаш за што да го фалиш Заев.
Ангажиран сум баш за Embarcadero Delphi за американскиот софтвер кој вреди околу милион долари. Не работам на мој софтвер.
Платата не е лоша за МК. 4-цифрена, евра.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Нa фoрумoв aмa нa други теми се жaлaт декa цигaните хaрaaт пo Кaвaдaрци пепел прaaт,a oвде цркнaa oд мaкa декa Бетијaн ЦИГАНOТ не успеa дa бидне грaдoнaчaлник.
 
L

Löwe

Гостин
Ангажиран сум баш за Embarcadero Delphi за американскиот софтвер кој вреди околу милион долари. Не работам на мој софтвер.
Платата не е лоша за МК. 4-цифрена, евра.
И имаш тоооооолку многу слободно време да се објаснуваш дали СЈО е уставно или не а работиш на милионски софтвер.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Собираат арач од народот, а до пред да се довлечкаат на власт квичеа и кубеа коси за тој дедото со марулите и копривите.
I DPMNE 11 godini go pravea istoto so sobiranjeto arac, no interesno e toa sto togasnite opozicioneri a segasni vlastodrsci sto vikas placea za nepravdite na sistemot, kako toa nekoj dedo za grst maruli dobil visoka kazna, kako toa nekoja baba za nekolku koprivi isto taka zarabotila kazna, cvikaa i za smrtta na Tamara a site znaeme deka zdravstveniot sistem ni e katanga i vo vreme na dvete partii koga se na vlast i sekoj den umiraat kupista novorodencinja, mali deca(kako Tamara) kako i vozrasni osobi koi so meseci i godini se zaglaveni niz zdravstvenite birokratski lavirinti, isto taka kvicea i protestiraa protiv t.n. policiska brutalnost (slucajot M.Neskoski) nebare deneska policijata i zakonot ni se solza kristalna !
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ангажиран сум баш за Embarcadero Delphi за американскиот софтвер кој вреди околу милион долари. Не работам на мој софтвер.
Платата не е лоша за МК. 4-цифрена, евра.
Дај зборни да им искуцаме поново нешто, ептен се очајни, недај боже ти ко ќе им отидеш кој ќе им одржуе делфи... а вака и процентче ќе си лапнеш....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.643
Не се согласувам во целост со се` што е спомнато во статијата, особено со оглед на фактот дека Ангела Меркел е можеби најголемата еуро-националистка денес во Европа, но се согласувам со заклучокот дека гејците никогаш нема да му сервираат измет на зајко кукурајко колку што може да изеде, бидејќи секогаш ќе има простор за повеќе.

https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/дивоградбата-и-имотниот-лист/

Дивоградбата и имотниот лист

Од Билјана Ванковска - 13:45 14.05.2018

Нормален човек (ако не попуштил досега ментално од секојдневните високи дози монтипајтонштина или македонска моронштина) мора да се праша што, всушност, се смени со „падот на груевизмот“. За помалку од една година, „новите“ покажаа дека се „стари“! Еве, утре е Меѓународниот ден на семејството, а кај нас доволно причини за прослава: Фамилијата (на Груевски) ја заменивме со Семејството (на Заев)



Работава стигна дотаму што и на Ципрас му е непријатно: колку и да ја дигне „летвичката“ (барањата) повисоко (очекувајќи НЕ од другата страна, т.е. одговор каков би дала секоја нормална влада), толку Заев покажува дека Грците немаат толку понижувања, колку што тој може/сака да прифати. Оние што го познаваат Димитров лично велат дека во оваа игра тој е само колатерална жртва: замисли дека е врвен дипломат, дека може со аргументи и шарм да добие поповолно решение во преговорите за името, но не процени(л) дека неговиот шеф, премиерот, е камикаѕе. Некои имаат сочувство за министерот, бидејќи веруваат дека наивно влегол во кашата.

Не очекувал Грците да извадат „нуклеарно оружје“ и со директно мешање во внатрешните работи да бараат промена на Уставот, ниту, пак, очекувал дека двоецот Заев и Шеќеринска е подготвен и на капитална жртва. Евентуалната смена на министерот (или прифаќање негова оставка?!) не е ништо во споредба со она што тие го ставаат на олтарот на нивните надворешни спонзори. За разлика од нив, еве, деновиве, при приемот на една награда во врска со кризата Сирија – Иран – Израел, меѓу другото, Меркел истакна: „Колку е потежок проблемот и колку се тврди дека решението е лесно, толку треба да се биде сомничав и критичен.“ Но „логиката“ на Заев и компанија е обратна: колку е потежок проблемот (за името) толку полесно решение има (за името), без трошка сомнеж, критичко мислење или дури и разум. Во истиот говор, Меркел кажа уште една важна работа, која за нашиве е шпанско село: „Верувам дека треба да се обидеме да сториме две нешта одеднаш – да бидеме Европејци, но и да ги сметаме нашите сопствени земји како дел на нашиот идентитет. Тие две работи не се во спротивност.“ За Македонците не важи тоа, бидејќи за да бидат Европејци треба да се откажат од својот идентитет.

А вистината за спорот е толку банална, што е и болна. Не станува збор за никаква дипломатија или за обиди за надминување на спорот, туку за обична битка за опстанок на власт. И двајцата премиери се дефицитарни токму во она што најмногу им го ветуваа на своите граѓани. СИРИЗА не дојде на власт на крилата на национализмот, туку со ветувањата за социјална правда, битка со домашните клептократи и со надворешните доверители, кои ја одржуваа(т) во живот како што дилер со дрога си го одржува муштеријата. Но во недостигот од реални постигнувања, се посега по испробаниот трик, па со националистички гард се покажува непопустливост кон „опасниот“ сосед. Она што Заев го прави виткајќи се како црв пред моќните за да не го згазат, Ципрас го направи во 2015 година, кога ги погази резултатите од референдумот и ја прифати финансиската уцена. Сега се соочува со безмилосната изборна математика, која покажува дека сигурно ќе изгуби доколку го реши спорот за името: тоа е теренот на кој го чекаат неговите ривали. Слично, Заев дојде на власт со романтична аура на борец за вистина и правда, со ветувања за внатрешна демократизација, ослободување на заробената држава, „живот за сите“.

За разлика од Ципрас, кој, барем за даден момент, со силите на својата партија ги освои срцата на грчките граѓани од сите политички бои, кои ја прифатија понудата како што давеник се фаќа за сламка, реално победата на Заев му ја извојуваа други. Можете да набројувате кој сѐ се фати на тоа оро: од Верушевски, студентите и професорите, неколкуте независни протестни движења, преку целиот невладин сектор, кој играше по нотите на сите (по дефиниција, неуспешни) „обоени револуции“, па до странските разузнавачки и политички сили што му ја обезбедија „муницијата“ (уште пред Пржино) и медиумската пропаганда. ДУИ си гледаше сеир: никој, ни во лудило, не помисли на негова смена, во време кога ја пишуваа тиранската платформа. Конституирањето на парламентот беше нелегално (еве, уште го бараат записникот, како да е некаква досадна дреболија во парламентарниот живот), а новата влада е сѐ уште на стаклени нозе, со тенко мнозинство и без внатрешен кадровски, политички или морален капацитет. Ова сум го пишувала толку пати, што веќе и самата се прашувам чуму дијагноза на фатална болест што беше лесно да се предвиди од почетокот.

Неелоквентноста и недоветноста на Заев веќе не може (и не смее) ниту да засмее, ниту да растажи. Не станува збор за гафови или инциденти, туку за разулавен систем на владеење по пат на кронизам, непотизам и партизација. Нормален човек (ако не попуштил досега ментално од секојдневните високи дози монтипајтонштина или македонска моронштина) мора да се праша што, всушност, се смени со „падот на груевизмот“. За помалку од една година, „новите“ покажаа дека се „стари“! Еве, утре е Меѓународниот ден на семејството, а кај нас доволно причини за прослава: Фамилијата (на Груевски) ја заменивме со Семејството (на Заев). Но јавноста со денови се занимава со „кујнскиот кабинет“, со свитата на официјални и неофицијални советници на македонскиот Трамп (оние што суфлираат од сенка се поопасни и понечесни дури и од командант Хоџа). Како што е губење време да советуваш некој што е неумен, (политички) неписмен, алчен и кој, притоа, има друг господар, уште поголемо губење време е да се занимаваш со неговите советници и фингираните реформи. Странските ментори од Заев не очекуваат ништо друго освен она што тој најдобро го знае: виткање ’рбет заради влез во НАТО по секоја цена! А секоја цена е прифатлива за човек на кој Семејството (со големо С) му е поприоритетно од земјата што ја води. Тој попрво ќе се откаже од македонската жичка (да го цитирам) отколку од семејниот бизнис. Кога пред камери ќе рече дека со решавањето на спорот за името Македонија ќе добиела имотен лист и ќе била внесена во катастарот, тоа е само фројдовски слип, бидејќи она што во суштина го прави е токму тоа: купопродажба во која ќе ги продаде македонските национални интереси, за да може да го легализира семејниот бизнис (без оглед дали станува збор за оранжерии со канабис, градежништво или искористување природни ресурси). Тврдењето дека Македонија е дивоградба што треба да се легализира е најголемиот срам и бескрупулозно газење на АСНОМ!

Најновиот заплет на оваа трагикомична сапунска серија се сведува на втора привремена спогодба, пред конечната колективна лоботомија. Медиумите пренесуваат дека преговарачите се договориле за спогодба со која „Скопје се обврзува да го смени Уставот за да го вклучи новото име за внатрешна употреба и да ги отстрани сите иредентистички референци, но и да ги реши проблематичните прашања за јазикот и етничкиот идентитет во двегодишен транзициски период“. Со други зборови, оваа влада не само што нема компас и почит за Уставот на кој се заколнала (не само во поглед на надворешната политика) туку е и подготвена да жртвува сѐ што други со саможртва го создавале низ долг историски процес, а во полза на Семејството. Ова, ќе признаете, е нешто што дури ни Груевски не се осмели да го направи! Сепак, хамлетовското прашање е упатено до граѓаните на Република Македонија: ќе се осмелат да го употребат својот разум или доброволно ќе се подложат на лоботомијата што им се подготвува? Ако ви е добро, тогаш – ништо! Ако и ова помине, тогаш веројатно сме и историска грешка и ќе завршиме како фуснота во нечии историски читанки. Република Македонија не е дивоградба и има „имотен лист“, а тој им припаѓа на граѓаните, а не на Семејството!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom