Собираат арач од народот, а до пред да се довлечкаат на власт квичеа и кубеа коси за тој дедото со марулите и копривите.
Пред некој месец изгласаа нов закон:
секој пазарџија, доколку сака да продава, ќе мора да поседува лиценца која ќе биде со времетраење од една година. Доколку нема лиценца, нема да може да продава и добива казна. И не само тоа, туку
ќе мора да плаќа и придонеси, со што автоматски добива статус на вработен.
Очекувајте од следната година Хари и Лојд од Финансии да се фалат дека отвориле илјадници нови работни места и ја намалиле невработеноста за неколку проценти, а всушност, сѐ што направиле е воведување нови давачки за обичниот народ, класично бирократско малтретирање и цедење како лимун на стари дедовци и баби кои мрзнат на пазарите од сабајле до вечер, продавајќи овошје и зеленчук колку да заработат за леб.
Пазарџиите ќе можат да работат само со лиценца; нема фискализација ама ќе плаќаат придонеси