Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А еве што пишуваат за (не)пуштањето на делницата од СДСМ:

„Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по огромните пропусти и пуштошот што го направи во инфраструктурата.

Токму неспсообноста на ВМРО-ДПМНЕ придонесе граѓаните да бидат оштетени за стотоици милиони евра, а пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ во инфратруктурата и затоа очајно шири лажни вести. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, надминати се сите пропусти и автопатот е пуштен во употреба.

За разлика од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ сериозно вложува во развој на инфраструктурата што овозможува подобра поврзаност на граѓаните, економски раст и квалитетен и ефикасен транспорт.“


Дефинитивно, не им се рамни ни до колена на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Аматери. Разликата е во класи. Неспособни. 10 месеци ги потрошија за да укинат РДТ, екстерно тестирање.. и воведат евтина струја... Дунстери...[DOUBLEPOST=1524566526][/DOUBLEPOST]
Новите три патарини беа најавени уште кога почна да се гради овој дел од автопатот
Ааааа. е па тогаш, оправдано е. Штом Груевски тоа го смислил, тогаш.. симнувам капа.
(Општо пишувам, патарините треба да се ТРГНАТ)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Новите три патарини беа најавени уште кога почна да се гради овој дел од автопатот
Не пратеше Џурџица тогаш, вежбаше александрово оро за да игра у тунелот, ама му го сјебаа планот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ааааа. е па тогаш, оправдано е. Штом Груевски тоа го смислил, тогаш.. симнувам капа.
(Општо пишувам, патарините треба да се ТРГНАТ)
Не е оправдано, од Гевгелија до Гостивар да има десет патарини, но само укажувам, веројатно тогаш не си се бунел многу.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.682
Поени од реакции
16.885
Слушам, уште 2-3 патарини ќе поставувале на оваа делница. Ние сме навистина ненормални. Од Куманово до Градско има (ако не се лажам) 5-6 патарини. Плус новиве.. навистина е дебилна работа. Па, винетките не се за џабе измислени. Доста со партиските вработувања по патарините. Кога завршува некој празник, на патарини се чека повеќе отколку на граница.
Дефинитивно, една работа не можеме да ја истуркаме како што треба.
има чаре, докажана работа, ако има стар пат паралелно, побрзо е и поефтино.. ама нема секаде...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Една изборна единица со некој прифатлив мин. праг за да добијат шанса помалите партии, и отворени листи за да може да се влијае на кадровската политика, да се намали значењето на сервилноста.
Уште побитно е шо со отворените листи ќе се намалат колку толку внатрепартиските местенки и меѓупартиски шурувања шо се основна причина за позиционирањето на чочек во тунел апаратчиците и јас не сум од овде алибито на Пајо Бојаџијата ликови.
Добитен да е само бројот на пратеници а гласачите да можат да влијаат на изборот на ликовите, па нека се прават блесави тогаш.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не е оправдано, од Гевгелија до Гостивар да има десет патарини, но само укажувам, веројатно тогаш не си се бунел многу.
Што да заклучам, дека тебе ти е добро да има патарини? ОК.

Јас велам да се отстранат, без да има политичка „конотација“. Ако не можат партиите да се договорат, ете, нека спроведат референдум и доброволна работна акција за отстранување, за да не се плаќаат тендери за градежни работи. :)[DOUBLEPOST=1524567039][/DOUBLEPOST]
има чаре, докажана работа, ако има стар пат паралелно, побрзо е и поефтино.. ама нема секаде...
Мислам, не сум сигурен, дека државата треба да обезбеди алтернативен бесплатен пат, секако, да не е руина. За да воведе воопшто наплата.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
ај не го тапи, па имаше на сите медиуми колку пати им ПРОСТИЈА не само камати туку и долгови
Башка ИНЈЕКЦИИ со стотици милиони евра...
она и кај нас има банки простуваат долгови како ризични и други глупости, ама ова е на светска сцена и огромни суми...
го прочита ли ти ова : ???
https://www.blic.rs/vesti/svet/hiljadu-milijardi-evra-za-spas-evrozone-eu-otpisala-polovinu-grckog-duga/v6cmcjn
Дечко, дали си ти нормален?
Нема ништо отпишано и тоа jaсно се гледа. Дадени са им пари за да си покриват долгот,заштото не можат сами да излезнат на мегународните пазари да пуштата обврзница. Тоа са пари на истите тези,кои им са дали кредитите. Тоа е создаден нов фонд за помошт на проблемни држави но во состав на ЕВРОЗОНА, не ЕУ.



Мешаш еврозона со ЕУ и то сериозно.
Ако држава надвор от Еврозоната стаса до тоа дереже, никоj нема да прави истото. Државите надвор от еврозоната,но во ЕУ имат собствени валути и ЕУ не е задолжена за нив.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Некои држави прават планови за населување на Марс. Вселенски програми, електрични автомобили, вештачка интелигенција, километарски мостови, облакодери...

Ние еден автопат од 20 и кусур километри направивме за 6 години, време кога во други држави се градат цели градови и за помалку. Автопат за кој што се водат кривични истраги за матни зделки и перење на пари...
Автопат кој што е секојдневие за нормални држави, кој што е нужно право за секој еден граѓанин кој што плаќа даноци и неговото постоење од тука се подразбира.

Кај нас ова се доживува како колосален успех. Цел ден се труби по телевизии, се препукуваат едните со другите чија заслуга бил...ко парите од нивни џеб да ги дадоја. Се тоа на кредит тродупло преплатено, со донации...мизерија. Па уште на 20 километри пат две патарини.

И ова за крај со плех музиките, за да не се заборави која багра сме. Шарени револуционери биле, прогресивци...мрш ебате селјаците. Затоа светот ни се смее. Во Европа ќе влегувале.

Ваму јадат гомна за криминалии и матни зделки а од друга страна се сликаат на истиот тој автопат и играат чочеци, собираат заслуги од криминално дејание. Која контрадикторност се овие, ни осет ни срам, грам мозок да се немало.

Sto ocekuvac iskreno ne znam? Predhodnata vlada pola se slika vo nov voz i se vozese do Veles i nazad ti se cinit vo ki znajt sto se vozat. A vozot e izmislen pred 200 godini, 200!!!!!
Jebiga, Vo 1890ta Pariz imase metro pod zemja a Skopje duri 1928 godina dobi za prv pat struja. Za dzabe ziveeme vo globaliziran svet ko mentalno i kako drzava sme nazad so decenii od modernive trendovi i tehnoloskiot napredok.


A toa sto segasnava vlast nema ni edna svoja ideja i kako alternativa ednostavno prodolzuva kako sto pravela predhodnata vlada kazuva sve za kapacitetot na lugjeto koi sega ja vodat drzavata, pocnuvakji od premier pa do dolu (direktori, administracija, itn.).
 
И

Име И Презиме

Гостин
Мене воопшто не ме чуди зголемување на патарини, кога се зема кредит нормално е да се исплати некако.Дали Вмро или Сдсм тоа е тоа, така ке биде.
Кога ја пуштаа обиколницата имаше најави за патарини или се лажам?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Пошто знам дека имаше наивни што паднаа на тажната фаца на Чавковицата мала, еве Митко ќе излезе од притвор со дебела гаранција со неговиот имот, нормално никој нит прашува ниту го интересира како се стекнал тој имот.

Не за друго, кажувам оти имаше дури и некои повици за собирање донации, да не се излаже некој :kafence:
 
Член од
14 февруари 2018
Мислења
23
Поени од реакции
9
Пошто знам дека имаше наивни што паднаа на тажната фаца на Чавковицата мала, еве Митко ќе излезе од притвор со дебела гаранција со неговиот имот, нормално никој нит прашува ниту го интересира како се стекнал тој имот.

Не за друго, кажувам оти имаше дури и некои повици за собирање донации, да не се излаже некој :kafence:
stvarno ne znam sto i trebase toa.da ne go kazese delot so banki krediti stanovi,ke bese se ok.
 
Член од
15 август 2017
Мислења
35
Поени од реакции
14
некако сомнителен е тунелов од почеток,страв ме фаќа да поминам таму да не се руши.Ќе почекам два-три месеца.Скоро пишуваше дека со неквалитетен материјал се градело во Македонија.Ништо не ме чуди и да падни тунелот оти многу пари завршија во џебови наместо во него.[DOUBLEPOST=1524573386][/DOUBLEPOST]
Пошто знам дека имаше наивни што паднаа на тажната фаца на Чавковицата мала, еве Митко ќе излезе од притвор со дебела гаранција со неговиот имот, нормално никој нит прашува ниту го интересира како се стекнал тој имот.

Не за друго, кажувам оти имаше дури и некои повици за собирање донации, да не се излаже некој :kafence:
може има ногици кренато-убавка е.И она е јака и колата што ја вози скап поклон од Чале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom