Johnny B
Misogynist, racist, anti woke
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 11.821
- Поени од реакции
- 12.230
На Македонија не и треба влез ниту во НАТО ниту во ЕУ. Додуша во ЕУ треба само заради една работа - да можиме да пакуваме куферите и да фаќаме џадето. Кога би можело ова да се среди без влез во ЕУ би било топ.Да не се мачат ни тие ни ниеЧисто колку за илустрација едно мое неодамнешно патешествие со нашиве т.н "газди".
Добив повик за работно место во една рандом фирма во местото каде што живеам. Условите од огласот беа таман со струката и смерот на факултетот што го имам завршено.
Фирмава е општо позната во градот дека е во тесни односи со било која партија на власт, така речи сончоглед фирма, ала Амди Бајрам. Партиско дувло, ако приватна компанија.
И покрај сите овие сознанија велам ќе пробам ајде. Надежта некогаш е најрасипаната работа на светот. Одам на тестирање бр. 1 - го поминав. Бр. 2 - го поминав. Интервју со прашања симнати од интернет во стилот: наброј пет позитивни карактеристики за твојата личност. Налет, дури и сектор за човечки ресурси имаат, до толку спремни. Прашањата од тестирањата немаат допирна точка со работното место, мочана фарса колку да се рече дека изборот бил објективен, дека бил избран најдобриот кандидат. Маде голо бил избран.
После интервјуто гледам e-mail ми стасал, као демек ние многу транспарентни па ги објавуваме избраните кандидати јавно, да се знае. Јас нормално не бев меѓу избраните 5-6. Мене никогаш не ми е криво ако ме порази подобриот. Имам доблест да честитам и да го признаам поразот и не се жалам воопшто.
Случајно се погоди меѓу избраниците да биде еден познаник, го знам оти е партиски активист. Кандитатот има дипломирано на еден од приватниве факултети каде што единствено можеш да паднеш по скали, не на испит, и тоа на смер што нема никаква допирна точка со работното место објавено на огласот. Чинам дипломиран психолог беше а се бараше дипломиран економист.
И сега, после "објективната" селекција наводно следи едно месечна обука, која нормало ќе се одвива во рамките на компанијата. Обуката е неплатена колку што разбрав. Значи одиш цел месец и работиш за беспари. Но тоа не е се! После тој еден месец следи нова селекција, каде што неколкумина ќе отпаднат и ќе останат двајца, кои конечно ќе добијат договори за работа и месечна плата која ретко поминува 250€. Значи ќе влези на работа оној што има нај јаки врски. Ultimate survivor работава.
Наравоучение во контекст на дискусијата од погоре: на газдите им е побитно да лапаат бенефиции од власта во форма на повластици, т.е нема инспекции, законите не важат за таа фирма, работникот е твој роб. Можеш комотно да се изживуваш со него и да му велиш: "Јас те ранам, ако не ти чини оди кај друг" а нема друг. Ринтаат и за викенд и за празник...а за возврат газдата ќе треба да го вработи детето што ќе му речат дека треба од партија, да плаќа повремено рекет и.т.н.
И уште ова, па кој не го мрзи нека чита. Јас не сум голем фан на ЕУ како организација и сето лицемерие и корумпирана бирократија, не сметам дека државата од членството ќе се прероди и ќе види некој голем бенефит. Не не бидува нас како народ. Тоа пари што ќе ни даваат од еу фондови ќе бидат пари фрлени в бунар. Не не бива за економија, за водење и организирање...не не бива за ништо, уствари.
Она што е позитивно и единствена таква работа е што ќе се ослободи индивидуата од ваквите работи. Ќе се отвори каква таква перспектива на индивидуално ниво, тие што навистина вредат и се вредни и чесни работници да си ја побараат среќата на друго место. На оваа држава не и требаат учени луѓе. Темелот на оваа држава се простите и неуките.
Секоја чест на фирмите кои се исклучок, кој што го ценат и вреднуваат работникот и знаењето, за жал тие се премалку кај нас за да направат некаква разлика.

Нека си останат овде неспособните и татините синчиња и нека пропаднат колективно