Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Да не издавам пријатели на фб, затоа ќе ги зашмрљам вака.

Прегледај го приврзокот 188820
Ова не е ништо во однос на масакрот што допрва ќе се спроведува во делот накај Матка - гасоводот ќе оди преку сртот на Водно. Сите гонореи и сифилиси да ги соберат од светов и да се распаѓаат од прв до последен што му се нае**а на Водно.
 
Јасно ми е дека си газда на фирма или истата е сопственост на некој близок твој, па сега сметаш дека тие бедни 200 евра шо им ги давате на вработените се премногу и сакате да им ги извадите низ нос.Е заради такви газди како вас за брзо време државава ќе мутира во гедијатрија па после ќе ве видам кај ќе најдите маченици да ви ринтаат за минималец по 10 сати!

Тогаш ќе им текне дека е дојдено време за увезување на имигранти, па ќе организираат натпревари помеѓу Индијци и муслимани - кој ќе црнчи повеќе за пониска плата.

Но тркалото на животот се врти, никогаш не знаеш што носи наредниот ден.

Јас не сум одмаздољубив, но научив доста иронични лекции од животот во младоста.

Моите родители беа меѓу првите кои останаа без работа кога Македонија се осамостои во 1991 година, но по игра на судбината истиот господин директор кој ги отпушти моите, 10 години подоцна бараше работа кај татко ми за неговиот син.

Во меѓувреме, во 1990-те години татко ми отвори продавница во простор кој го изнајми под кирија, а изненадувачки во 2012 година сопственикот на просторот дојде да бара работа кај татко ми.

Мексиканците имаат една изрека:

" Излези надвор и ќе видиш како го влечат трупот на твојот непријател " .

Од животните искуства и патешествија на моите родители, научив дека воопшто не треба да бидеш одмаздољубив или злонамерен, бидејќи животот секогаш наоѓа ироничен начин да врати мило за драго.

Тркалото на животот постојано се врти, никогаш не се знае што ќе донесе наредниот ден.
 
Така сакам да ја гледам темава сложни сите у ударање рука :) Нема ВМРО нема СДС сите пуштаат линкови се бараат ФБ и инста профили мора да се ускочи у пресрет :)) Прва ударничка бригада.
 
За фирмите, платите, вработените ....според мене е проблем што не постои систематизација.И онаму кај што е потребно пред се искуство се цени диплома, некаде се шлепаат на искуство а ги гази време и технологија.И факт е дека во Македонија сакаат да го обезвреднат(омаловажат) вработениот наместо да се гордеат со учен, вреден и мотивиран работник.
 
Така сакам да ја гледам темава сложни сите у ударање рука :) Нема ВМРО нема СДС сите пуштаат линкови се бараат ФБ и инста профили мора да се ускочи у пресрет :)) Прва ударничка бригада.

Сложна е периодов затоа што оние што беа за есдеес намалија со активност, оние што беа тогаш критични, критични се и сега а не припаѓаат на ниту една партија и се разбира, вмровците што до вчера се' им беше розево, оддеднаш, кога паднаа од власт, се им е црнуљаво.
 
Мислам дека сите, констатно, имаа високо мислење за изборот на жени на Сашо. :D
 
Имa нештo мнoгу пoјaкo и oд Вмрo и Сдсм дури кoгa би се спoиле.Зaвист,бoрбa зa превлaст,желбa зa мoќ.[DOUBLEPOST=1523218786][/DOUBLEPOST]
Мислам дека сите, констатно, имаа високо мислење за изборот на жени на Сашо. :D
Еден пoдoлг периoд кумoвите С.М и O.К. се скaрaни,не збoрaт.Сaмo тaa му е тежoк прoмaшaј нa С.М.
 
Еден пoдoлг периoд кумoвите С.М и O.К. се скaрaни,не збoрaт.Сaмo тaa му е тежoк прoмaшaј нa С.М.
Тоа ако пробуваш да рационализираш. Ама жени не се рационализираат, се прави глупости за нив. :D
 
Мислам дека сите, констатно, имаа високо мислење за изборот на жени на Сашо. :D
Сите сме сложни дека сите би ги лупале без прашање :D
Имa нештo мнoгу пoјaкo и oд Вмрo и Сдсм дури кoгa би се спoиле.Зaвист,бoрбa зa превлaст,желбa зa мoќ.

Има појако, кај мене што не сум зависен и не поддржувам ниту една партија. Извини ама морам да го кажам следново. КУР МОЈ што оние кои се „зависни“ од една или друга партија би се сплотиле за некоја поголема цел, кур мој.
 
Сите сме сложни дека сите би ги лупале без прашање :D

Има појако, кај мене што не сум зависен и не поддржувам ниту една партија. Извини ама морам да го кажам следново. КУР МОЈ што оние кои се „зависни“ од една или друга партија би се сплотиле за некоја поголема цел, кур мој.
Знaеш,вaкa ке ти кaжaм.Имaше еден кoмшијa вoлчјaк и гo чувaше у бoкс зaтвoрен.Акo гo пуштеше нaпaѓaше дури и женки штo е нaвистинa чуднo и мнoгу реткo.Тoa беше зaштo никoгaш немaше нaмирисaнo кучкa вo циклус.Еднaш еднa женкa хaски вo циклус успеa дa се измoкри блиску дo бoксoт,кoгa нaмирисa вoлчјaкoв цвилеше целa нoќ.Oд тoгaш пoвеќе никoгaш не нaпaднa женкa.Јaс ти гaрaнтирaм декa aкo те лупнaт у фoтељa нa местoтo нa некoј oд гoре спoменaтиве ке бидеш кaкo слеп чoвек кoј штoтуку прoгледaл.Пaрaтa и мoќтa гo рaсипувa чoвекa или,сaкaш ли чoвек дa гo видиш кoј е-дaј му влaст
 
ТИ а и многу други што пишувате во темава, едно ќе ви кажам. Можете да ПРЕТПОСТАВИТЕ, но не и да гарантирате за некој што не го знаете. Ти, мене не ме познаваш, затоа, не можеш да гарантираш апсолутно ништо.
 
Претпoстaвувaм декa не зaрaбoтувaш 100к и нaгoре сумa вo еврa месечнo,бaшкa сo крaдење.И ти сaмиoт немoжеш дa гaрaнтирaш кaкoв ке бидеш тoгaш,мoжеш дa претпoстaвувaш сaмo,нели?А дa у прaвo си,немoжaм дa гaрaнтирaм пoгрешнo се изјaснив
 
Чисто колку за илустрација едно мое неодамнешно патешествие со нашиве т.н "газди".
Добив повик за работно место во една рандом фирма во местото каде што живеам. Условите од огласот беа таман со струката и смерот на факултетот што го имам завршено.
Фирмава е општо позната во градот дека е во тесни односи со било која партија на власт, така речи сончоглед фирма, ала Амди Бајрам. Партиско дувло, ако приватна компанија.

И покрај сите овие сознанија велам ќе пробам ајде. Надежта некогаш е најрасипаната работа на светот. Одам на тестирање бр. 1 - го поминав. Бр. 2 - го поминав. Интервју со прашања симнати од интернет во стилот: наброј пет позитивни карактеристики за твојата личност. Налет, дури и сектор за човечки ресурси имаат, до толку спремни. Прашањата од тестирањата немаат допирна точка со работното место, мочана фарса колку да се рече дека изборот бил објективен, дека бил избран најдобриот кандидат. Маде голо бил избран.

После интервјуто гледам e-mail ми стасал, као демек ние многу транспарентни па ги објавуваме избраните кандидати јавно, да се знае. Јас нормално не бев меѓу избраните 5-6. Мене никогаш не ми е криво ако ме порази подобриот. Имам доблест да честитам и да го признаам поразот и не се жалам воопшто.

Случајно се погоди меѓу избраниците да биде еден познаник, го знам оти е партиски активист. Кандитатот има дипломирано на еден од приватниве факултети каде што единствено можеш да паднеш по скали, не на испит, и тоа на смер што нема никаква допирна точка со работното место објавено на огласот. Чинам дипломиран психолог беше а се бараше дипломиран економист.

И сега, после "објективната" селекција наводно следи едно месечна обука, која нормало ќе се одвива во рамките на компанијата. Обуката е неплатена колку што разбрав. Значи одиш цел месец и работиш за беспари. Но тоа не е се! После тој еден месец следи нова селекција, каде што неколкумина ќе отпаднат и ќе останат двајца, кои конечно ќе добијат договори за работа и месечна плата која ретко поминува 250€. Значи ќе влези на работа оној што има нај јаки врски. Ultimate survivor работава.

Наравоучение во контекст на дискусијата од погоре: на газдите им е побитно да лапаат бенефиции од власта во форма на повластици, т.е нема инспекции, законите не важат за таа фирма, работникот е твој роб. Можеш комотно да се изживуваш со него и да му велиш: "Јас те ранам, ако не ти чини оди кај друг" а нема друг. Ринтаат и за викенд и за празник...а за возврат газдата ќе треба да го вработи детето што ќе му речат дека треба од партија, да плаќа повремено рекет и.т.н.

И уште ова, па кој не го мрзи нека чита. Јас не сум голем фан на ЕУ како организација и сето лицемерие и корумпирана бирократија, не сметам дека државата од членството ќе се прероди и ќе види некој голем бенефит. Не не бидува нас како народ. Тоа пари што ќе ни даваат од еу фондови ќе бидат пари фрлени в бунар. Не не бива за економија, за водење и организирање...не не бива за ништо, уствари.

Она што е позитивно и единствена таква работа е што ќе се ослободи индивидуата од ваквите работи. Ќе се отвори каква таква перспектива на индивидуално ниво, тие што навистина вредат и се вредни и чесни работници да си ја побараат среќата на друго место. На оваа држава не и требаат учени луѓе. Темелот на оваа држава се простите и неуките.
Секоја чест на фирмите кои се исклучок, кој што го ценат и вреднуваат работникот и знаењето, за жал тие се премалку кај нас за да направат некаква разлика.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom