Повеќе се политичко-економски и практични причини, отколку безбедносни. Економски е јасно зошто, ќе ни фрлат по некоја коска од тој безбедносен механизам што брои трилиони годишно, што за нас би било супер.
Политички, не сме вешти да пливаме независно. Немаме ни знаење, ни човечки потенцијал за тоа. Вака, ќе имаме избрано страна, и сите напори ќе бидат во таа насока.
Ама поентата на сето тоа би била долгорочно зачувување на националната држава на Македонците. Ако условот за влез таму е убиство на таа држава, сеедно е дали територијата ќе влезе во НАТО како Северна Ебиматерија или како Бугарија, Албанија, Србија или Грција. Второто е дури и подостоинствено.