Не можам да верувам дека сѐ уште постојат луѓе во ДПМНЕ што немаат храброст да признаат дека Груевски направи грешка што не договори демисија на власта кога Заев го уценуваше со бомбите. Немаат храброст да го признаат тоа ниту во овие моменти кога крајот на Груевски и сѐ што беше ДПМНЕ последнте години е дефинитивен. Уценувањето на Заев секако ќе беше на штета на народот ако договореа смена на власта затоа што нити СЈО ќе го видевме, нити во детаљи ќе бевме информирани за хипокризијата и криминалите што ги правеле, нити некаков суд ќе имаше за истерување на правдата, меѓутоа многу работи во ДПМНЕ ќе беа зачувани, образот на партијата, слободата на Груевски и неговите најблиски соработници и еден куп обични, излажани луѓе од 27-ми април. Најдалеку што одат во 'критиките', еве и Викторче е пример со коментарот погоре, е дека Груевски згрешил што не го уапсил Заев за 'велепредавство' и останати жолто комбе глупости. Полесно им е да си ја смируваат совеста со пропагандата на Курир, отколку да се согледа и прифати голата вистина.