Денес ќе биде изречена пресудата за случајот Тврдина 2 (Грујевски & Бошковски), воведните зборови за Транспортер (Владимир Талески - Двојче), а од утре почнува и судењето за Труст (Сеад Кочан).
http://www.dw.com/mk/почнува-жешка-недела-во-кривичниот-суд/a-41249973?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Како што рече Тортевски во ТопТема летоска, судењата ќе започнат поинтензивно да се одвиаат кон средината на октомври/почетокот на ноември. Ако беа прифатени барањата за притвор, побрзо ќе течеа процесите.
Ако знае некој правник што ја следи темава, може ли да ми одговори приближно кој датум/период би требало да почнат судењата за Латас и Ивона?
За Латас и Ивона мислам дека уште нема определено рочиште.
За ноември ова е распоредот.
6 ноември – второ рочиште за предметот „Транспортер“, случај за криминалните зделки за превоз на ученици во Битола, во кој првообвинет е ексградоначалникот Владимир Талески заедно со уште 20 лица. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Судијката Лидија Петровска го одложи минатото рочиште зашто една од обвинетите не се појави на судењето.
7 ноември – прво рочиште за предметот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на „Транс мет ДООЕЛ“ и на ТВ „Нова“, Сеад Кочан, за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка доделен од АД ЕЛЕМ.
15 ноември – прво рочиште за предметот „Триста“, во кој експомошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, е обвинет за противзаконска набавка на возила за потребите на полицијата. За овој предмет Апелациониот суд одлучи бомбите да бидат доказ во постапката.
20 ноември – продолжува судскиот процес „Насилство во Општина Центар“, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште 12 лица, за кривичното дело насилство од Кривичниот законик. Апелација и за овој случај, кој го суди експретседателката на судот, Татјана Михајлова, бомбите на опозицијата ги прогласи за доказ во постапката. Минатото рочиште беше одложено поради недоаѓање на двајца обвинети (Димче Крстев и Милан Андоновски).
Истиот ден во 10 часот кога Груевски ќе биде на суд за насилство, во кривичниот суд на премиерот Зоран Заев ќе му се суди во предметот „Поткуп“ за 200 илјади евра мито побарани од бизнисмен во Струмица. Адвокатите на одбраната Ване Андреев и Филип Медарски поднесоа жалба на одлуката на судот, објавените снимки на „YouTube“ да бидат доказ во постапката.
23 ноември – продолжува судскиот процес за случајот „Сопот“, кој повторно почнува од почеток, а го застапува СЈО. На шест обвинети им се суди во отсуство, а четворицата што беа присутни останаа на претходно дадените искази. На ова рочиште треба да сведочи и сведокот Рамадан Бајрами.