Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Воздухот директно го загадија он и неговите бараби по општините со градење се и свашта кај што ке им прдне и тој ми збори за КОЦЕ. Па ти го дишеш воздухот неписмен еден.... КОЦЕ не знаеше да поврзе 2 семафора. Појди-запри по цела партизанска, илинденска, гологанов... и тоа додава на загадување. Населба која што е предвидена за 20.000 жители (Карикирам) напукаа 100.000 да живеат. Сите да земат да кењаат заедно у 7 саат, еколошка катастрофа ке се деси.Шахтине ко гејзери ќе прскаат. За Скопје 2014 да не почињам...
Гледам, стручен си. :)[DOUBLEPOST=1508148386][/DOUBLEPOST]
100000 ofci cekaat drzavno vrabotuvanje, toa e i edna od pricinite so izgubi vmro, poso javniot sektor e prenatpan prestanaa so vrabotuvanjata. I sega so praime so tie 100k+ ofci? A vo drzavno ne smee da se otpusta? Ke stigneme li do 500k administracija?
Па, секако дека ќе оди нагоре бројката.
 
S

silmarillion

Гостин
На поголема дел од МКД од денес и централна и локална власт има партијата шо ни го смени името, знамето, ни ги продаде фирмите, западна македонија, јазикот и писмото, башка историјата, а вие сте среќни и мислите оти некој од тие шо заслужува оти ќе оди затвор? Да беа фер СДСМ прво меѓу себе ќе се исчистеа...
Инаку, СДСМ никогаш нема победено во подобар тајминг, ова беше моментот кога реков дека на МКД и треба полоша власт за да го сплоти и обедини народот. Ако не се случеше ова никогаш во македонија немаше да има погоден тајминг за рестарт.
Доколку на следните избори се избере пак предавник или предавничка партија ќе гори мкд и зад границите.
Дечко ти гласаш 11 години за Демократска Алтернатива на Циле со неговата фамозна миљарда од Тајван која повлече вето на Кина и се повлекоа ОН од границата со Косово по што следуваше 2001ва во која Љубчо помогнат од Грујо испра миљони. За кое предавство праиме тука муабет? Или можда праиме муабет за горна долна во наводници во загради?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Па, секако дека ќе оди нагоре бројката.
Македонија ќе оди нагоре, слободата се повеќе е присутна во државата, сега се ослободија од тиранијата и локалните единици, почнаа процеси на ослободувањето на судството и полицијата. Работи за кои не смееше ни да се сонува а камоли да се зборува во мрачниот период на владеењето на груевски сега стануваат секојдневие
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.446
Поени од реакции
36.381
Они се однесуваат тотално исто како Дпмне. Ама тотално исто.
Поставија свои луѓе секаде каде што може да се стават првите неколку месеци? Си ги згрижија своите притоа not giving a fuck за професионализам и прописно/нормално функционирање на институциите ?
Глумеа "реформатори" и "носачи на слободата", борци против режим, носачи на живот и разни куротресини, исто ко вмро у кампањата 2006та за да на крај Испаднат светски шампиони у лицемерие исполнето со истата онаа препознатлива вмровска злоба?
Водеа нечиста кампања? - ДА. Ја заташкаа медиумски истата нечиста кампања? - ДА. (иако мора да додадам, дека во споредба со вмро ова не беше толкав претеризам, но сепак земајќи во предвид дека се неколку месеци на власт - беше хардкор) .
Направија коалиција со режимските брача? (иако тука веќе беа присилени преку странски фактори) - ДА.
Поставија полтрони/морони кандидати? - ДА.
Епа другар, што повеќе ти треба за да се докаже дека и они ја тераат истата песна ко вмро?

Лудост е да очекуваш различен (подобар) исход правејќи иста работа одново и одново.
Да велиш дека се исти ќе да имаш заборавено или нејќеш да се сетиш на некои работи што се случуваа во државава во последните 7-8 години. :)

Тоа што беше под Груевски не било и нема ни да биде пак на тоа дереџе.

Ако ти мислиш тоа што си ги бираат своите тимови за работа од своите членови или некоја валкана кампања значат дека се исти, Ок тоа си е твоја одлука.

Дали градоначалниците ќе бидат полтрони ќе видиме во наредниот период. Јас не би оценувал толку брзо.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.448
Поени од реакции
7.926
Да велиш дека се исти ќе да имаш заборавено или нејќеш да се сетиш на некои работи што се случуваа во државава во последните 7-8 години. :)

Тоа што беше под Груевски не било и нема ни да биде пак на тоа дереџе.

Ако ти мислиш тоа што си ги бираат своите тимови за работа од своите членови или некоја валкана кампања значат дека се исти, Ок тоа си е твоја одлука.

Дали градоначалниците ќе бидат полтрони ќе видиме во наредниот период. Јас не би оценувал толку брзо.
Па од тоа досеа што го глеав и анализирав, можам да кажам дека повеќе се "исти као вмро" отколку "реформатори, носачи на живот, ослободители, враќачи на демократијата" како што се претставуваат.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
некоја анализа овде да напише некој од дпмне?
Мене од @Inglourious Basterd ме интересира анализа. Еден од ретките шо си остана доследен на зборот шо е секако за почит, за разлика од разни фринџовци.

@Inglourious Basterd не важи повеќе кладбата, те изазвн да се вратиш:cool:
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.271
Поени од реакции
4.498
Кавадарци бе брат шо народ живее у тој град. Ебеното Кратово и Гази Баба ги доби сдс, а Кавадарци втор кеуг, а и каде со оној Китев никаква харизма нема.
Било кој рандом човек од улица да ставеа ќе добиеа, вака Заев треба да се пазари со Митко Јанчев
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Најголемата грешка ја направија што ги свртеа младите против нив,за ова специјална заслуга има Груевски и неговиот ретардиран инат за полагање екстерно на сред студирање факултет....па уште имаше и одење по телевизии,стручњаци излегуваат зборат како е важно секои 2 години да ти го кочи некој развитокот......епа извини братче,за пензионерите се знаеше дека кад тад ќе ти свртат грб,стара комуњарска школа се тие,србија-македонија да играат они за србија ќе навиваат,работата е што младите ги изгубивте како гласачко тело,ако сакаат хомосексуалност понудете хомосексуалност,што да не,ако сакаат модерно дајте модерно,барокот требаше да го градите дур беше врел,а не до 2018-та скоро пола објекти не ви се изградени,пак цел град ти е комунистички згради,гледаш сакаат луѓето да им ги тргнеш 12432 споменици ТРГНИ ГИ,не купувај нови,знам дека се слатки парите АМА......

Е тоа е батиња,а сега добро добро размислете,МОДЕРНИЗИРАЈТЕ се,зошто на лажен патриотизам очигледно никој не паѓа веќе,,се што му се слуша глас на снимките веќе треба да го нема во ВМРО,зошто е веќе компромитиран,чао,завршено е со него негативна слика е створена,се дур сте во овој состав само ќе ги частите победи неписмениве,зошто пак ВМРО одлучи на избориве се гласаше против нив а не ЗА сдсм.
многу комплетно непотребни глупости направија, тотално спротивно на волјата на народот.
и тоа комплетно не потребно.
онака ич кур не не боли вие, народот, што сакате или не, ние си правиме што ни текне, никој ништо не ни може.
и тоа разбирам за пљачка да го прават па и пфорит да имаат ајде де, ама за тотално непотребни глупости да го гневат народот... ептен забегаа со умот, фараони
пример прв ти е барокот во СК2014 и ектерното
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
Дали се важечки или неважечки лифчиња ако кандидатот е заокружен и на македонската и на албанската страна ???
 
S

silmarillion

Гостин
Дали се важечки или неважечки лифчиња ако кандидатот е заокружен и на македонската и на албанската страна ???
Според еден портал во Хрватска не се. Али уште се испитува ќе видиме.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
За Кичево:

Кој знае математика и да брои јасно знаеше, дека Дехари ќе остане градоначалник. Посебно што Заев го поддржуваше Дехари. Е сега брука е што околу 2000 гласови од СДСМ одеа за Албанскиов кандидат. Да направеше нешто во првиот мандат ќе разберев ама апсолутно ништо нема направено. 3-4 на брзо асфалтирани улици за мене не е нешто за фалење а пет нови кружни текови, од кои 3 немаат никаква врска, не се круцијални проекти за овој град. Никогаш не су ја разбирал љубовта на Албанците кон кружните текови, па посебно со две ленти.

После референдумот имавме Кичево за Кичевчани пред 4 години а сега веќе ништо од тоа. Истите тие тогаш кој им викаа на луѓето да излезат и да гласаат за нашиот град, сега гласаат за ДУИ. Ништо чудно, истите тие за референдумот викаа дека некои прашања не заслужуваат одговор. Во чисто Македонски села Дехари има до третина гласови. Срам голем е тоа. Ако не си за кандидатот на ДПМНЕ не значи дека мора да гласаш за Дехари. Многу кажува тоа за луѓето. Битно е лидерот што им наредува макар и да е на лична штета. Не се сомневам дека во обратна констелација слично ќе беше. Беда од народ стана дел од Кичевчаните. Жалосно за еден град кој во 90тите толку многу нудеше а сега е поим на провинцијализам и беда.
Ако гласале за Дехари ништо повеќе од беда и мизерија и не заслужуваат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.013
Поени од реакции
3.757
Дали се важечки или неважечки лифчиња ако кандидатот е заокружен и на македонската и на албанската страна ???
Незнам како и дали е тоа регулирано со некој правилник но онака по логика мислам дека не треба да биде важечко а од причина што тоа може да биде начин да се идентификува гласачот, исто како некој да изгласа со пенкало кое не е сина боја и ли да гласа со кавдрат, тијаголник....
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060
Дали се важечки или неважечки лифчиња ако кандидатот е заокружен и на македонската и на албанската страна ???
Ако мајка ми е Македонка, а татко ми Албанец, на која страна да заокружам?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ве читам и ви се чудам како може толку брзо да заборавате како беше до вчера и на кој начин стигнавме до таму? Заборавивте ли дека ВМРО стигна до режим затоа што имаше речиси апсолутна власт во Македонија? Сега се случува истото, СДСМ ја презедоа таа апсолутна власт и ќе земат залет во наредниот период можеби уште повеќе од ВМРО. Огромен процент граѓани гласаа за инает "против" ВМРО за да ги казнат, а не "за" СДСМ затоа што имаат подобра политика и понуда. Да бидеме искрени сега, СДСМ е близу 5 месеци на власт и тргнаа по истите стапки на ВМРО. Брат му на Заев, Вице пред месец дена купи цела текстилна фабрика во Струмица по цена од 20 илјади евра. Поставија нивни блиски луѓе на сите позиции во градот и институциите, направија смени на се што може да се смени и уште ќе прават. Немојте да мислите дека СДСМ ќе биде цвеќе за мирисање, јас би сакал тоа да се, ама знам дека пак ќе биде исто, само да не биде и полошо. Кога во Македонија на една партија ќе и се даде апсолутна власт, се знае дека следува владеење како она на ВМРО до вчера, а од денеска и СДСМ ќе бидат исти. Ќе помине време ќе видиме, се надевам дека грешам. А ние обичните гомнари што ги гласаме и едните и другите денеска сме пак на истата работа нели? И пак ќе земаме по 200 евра плата, и пак ќе ни биде тешко да врземе крај со крај. И денеска пак младите се иселуваат од Македонија во потрага по подобар живот, и ќе продолжат и во наредниот период да се иселуваат. И сиромашните денеска пак се сиромашни и такви ќе си останат, и богатите денеска пак се богати и ќе се богатат и во иднина со новиот режим. Играчите се сменија, ама играта е иста. Се плашам само од фактот дека таа игра неможе вечно да остане иста, еднаш ќе се скине конецот и тогаш нема да можеме крајот да си го најдеме. Не за џабе 1991 год. ЦИА не смести во категоријата "неодржливи држави".

Им честитам на СДСМ за победата и посакувам да гледаат пример од ВМРО како да НЕ работат и да ја водат државата, затоа што и они ќе завршат исто после некое време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom