Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Фино, некој да те изгласа, а ти да си користиш. Без партијата ни 20 гласа не би добиле.
Tоа ти изгледа така затоа што во твојот сендвички свет се почнува и завршува со зборот користиш. Користиш прилика, користиш ситуација, користиш луѓе, користиш пари кои не се твои, едноставно користиш.

Затоа си сендвич, и затоа нема напред со сендвичи.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983

Ти филозофирај, кога за друго не те бива(ло). Ама „вокација“... филозоф. Леле леле... со 9,5 просек.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Абе, само јас не можам да ја најдам одлуката на Врховен суд за Бучковски?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Имено, постоењето на РДТ е препорака на Европската Комисија за обезбедување на буџет за јавниот радиодифузан сервис кој нема да зависи од волјата на политичарите при кроењето на државниот буџет. Ова е одлука која е спротивно на препораката на ЕК, а нели се стремиме во ЕУ. Инаку, и Заев да го прашаш зошто се укина РДТ, не може да даде издржан одговор, само популизам. Но, јас би сакал да се дискутира што со препораката на ЕК, зошто одиме против ЕУ?
Тоа е препорака бе Ѓорѓија, не е команда. На примерот на Македонија се покажа дека постоењето на РДТ не ја спречи владеачката гарнитура да направи од јавниот сервис куртон медиум кој служеше за најбедна можна пропаганда. А штом е така, подобро е РДТ да не постои, затоа што јас не сакам со моите пари некој да глуми Гебелс.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ти филозофирај, кога за друго не те бива(ло). Ама „вокација“... филозоф. Леле леле... со 9,5 просек.
Многу си глупав еј, претерано си глупав. Ти зборуваат за една тема ти немаш што да кажеш и одиш на сосема друга. Леле колку си глупав, невозможно е колку си глупав. Мерка за глупавост си ти. Отсега наместо глупав треба името твое да се користи. Леле ама си Ѓорѓи наместо леле ама си глупав.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Околу 2,000 денари по семејство годишно е тоа, тешко да влијаат на стандардот. Јас цело време за нешто друго пишувам, ама слабо капацитет за да се одговори на форумов. Имено, постоењето на РДТ е препорака на Европската Комисија за обезбедување на буџет за јавниот радиодифузан сервис кој нема да зависи од волјата на политичарите при кроењето на државниот буџет. Ова е одлука која е спротивно на препораката на ЕК, а нели се стремиме во ЕУ. Инаку, и Заев да го прашаш зошто се укина РДТ, не може да даде издржан одговор, само популизам. Но, јас би сакал да се дискутира што со препораката на ЕК, зошто одиме против ЕУ?
ВМРО цело време инсистираа на укинување на РДТ, нивен беше и предлогот за закон за укинување

https://sdk.mk/index.php/makedonija/predlogot-na-vmro-dpmne-za-ukinuvane-na-radiodifuznata-taksa-ne-pomina-vo-sobranieto/
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тоа е препорака бе Ѓорѓија, не е команда. На примерот на Македонија се покажа дека постоењето на РДТ не ја спречи владеачката гарнитура да направи од јавниот сервис куртон медиум кој служеше за најбедна можна пропаганда. А штом е така, подобро е РДТ да не постои, затоа што јас не сакам со моите пари некој да глуми Гебелс.
Препорака е, точно, но препораките треба да се исполнуваат, нивната цел е подобар систем. А која е целта на укинувањето на истата? Освен популизмот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Препорака е, точно, но препораките треба да се исполнуваат, нивната цел е подобар систем. А која е целта на укинувањето на истата? Освен популизмот.
истото важи и за препорака на ЕУ за продолжување на мандат на СЈО, за гонење на криминал и за реформа на судството?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
истото важи и за препорака на ЕУ за продолжување на мандат на СЈО, за гонење на криминал и за реформа на судството?
Кога ја дале таа препорака? Да не подлажуваш малку? Плус, СЈО е политички дефинирана „работа“ и надвор од уставот. ЕУ не може да дава такви препораки, не е во нивна надлежност.
Види, јас не се бунам што се укина РДТ. Напротив, 190 денари повеќе за мене месечно. Кој ти ги дава. Но, целта на оваа одлика дали вреди во однос на препораката од ЕУ?[DOUBLEPOST=1507883153][/DOUBLEPOST]
Многу си глупав еј, претерано си глупав. Ти зборуваат за една тема ти немаш што да кажеш и одиш на сосема друга. Леле колку си глупав, невозможно е колку си глупав. Мерка за глупавост си ти. Отсега наместо глупав треба името твое да се користи. Леле ама си Ѓорѓи наместо леле ама си глупав.
Ти најде за ова да зборуваш? Па ти немаш капацитет ни да знаеш што е муабетот за некоја тема. Пред мене да ме обвиниш за нешто, прво види твојот сопартиец што напишал, колку се држи до темата. Ама ти немаш капацитет за тоа... извини. Најнеинтелигентниот си на форумов, без конкуренција.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.739
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Еве го законот за амнестија, последниот дел:

„Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат на лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот во 2001 година, кои се во надлежност и за кои Меѓународниот трибунал за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија од 1991 година ќе поведе постапка.“

Протолкувајте го, зошто овој закон да не важи за амнестираните во 2011.[DOUBLEPOST=1507881252][/DOUBLEPOST]
Околу 2,000 денари по семејство годишно е тоа, тешко да влијаат на стандардот. Јас цело време за нешто друго пишувам, ама слабо капацитет за да се одговори на форумов. Имено, постоењето на РДТ е препорака на Европската Комисија за обезбедување на буџет за јавниот радиодифузан сервис кој нема да зависи од волјата на политичарите при кроењето на државниот буџет. Ова е одлука која е спротивно на препораката на ЕК, а нели се стремиме во ЕУ. Инаку, и Заев да го прашаш зошто се укина РДТ, не може да даде издржан одговор, само популизам. Но, јас би сакал да се дискутира што со препораката на ЕК, зошто одиме против ЕУ?
При давањето на таа препорака од ЕК немале во предвид дека кај нас некои работи не функционираат. Каков сервис добивме со радиодифузната такса? Кој е бенефитот од тоа што Јавниот сервис имаше сопствени приходи од РДТ и не чекаше пари од влададта? Добивме професионалност, независност, непристрасност? Ништо не добивме, јавниот сервис си остана тоа што си беше, дури мислам го допре и дното - неприкосновен сервис на владеачката партија, 11 години да се згнаси човек да пушти тоа сервисот, 11 години сервисот не даде ниту една непристрасна вест, 11 години крадење пари од РДТ за проекти од ,,јавен интерес,, а на никој не му е јасно во што е јавниот интерес оној прчот со брада да крка баник и да ни продава басни, или одој со брковите да ни каже што треба да јадеме и слични глупости или да ги слушаме гнасотилоците на квазиисторичарите и квазиекспертите спакувани во разни проекти од ,,јавен интерес,,. Кај нас влијанието на јавниот сервис политичарите го вршат со тоа што си поставуваат нивен директор кој понатака маме ебува независно од тоа дали парите се од РТД или му ги дава владата, тоа е епсибир. Најдобро решение би било укинување на јавниот сервис т.е негово сведување само на едно радио со 15-20 вработени кои ке ги плаќа владата.[DOUBLEPOST=1507883844][/DOUBLEPOST]
http://think24.mk/2017/10/13/site-pijat-ama-nikoj-ne-mozhe-kako-shilegov-kandidatot-za-gradonachalnik-na-kavadartsi-od-sds-se-pozhali-deka-ne-mozhel-da-ispie-kolku-shilegov/#

Грешка е што Шилегов е кандидиран за Скопје, требал за Кавадарци, таму каде што е виното:cool:
Грешка си, виното веке подолго време не е во Кавадарци. Виното е во ТИКВЕШ а тој е ТИКВЕШ АД Скопје. Седиштето на ТИКВЕШ АД е одамна пренесено во Скопје и приходот кој го остварува се прикажува како приход остварен во Скопје и делот од даноците кој ги плаќа а одат во Скопје а не во Кавадарци. Му ебаа матер на градовите од внатрешноста.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
При давањето на таа препорака од ЕК немале во предвид дека кај нас некои работи не функционираат. Каков сервис добивме со радиодифузната такса? Кој е бенефитот од тоа што Јавниот сервис имаше сопствени приходи од РДТ и не чекаше пари од влададта? Добивме професионалност, независност, непристрасност? Ништо не добивме, јавниот сервис си остана тоа што си беше, дури мислам го допре и дното - неприкосновен сервис на владеачката партија, 11 години да се згнаси човек да пушти тоа сервисот, 11 години сервисот не даде ниту една непристрасна вест, 11 години крадење пари од РДТ за проекти од ,,јавен интерес,, а на никој не му е јасно во што е јавниот интерес оној прчот со брада да крка баник и да ни продава басни, или одој со брковите да ни каже што треба да јадеме и слични глупости или да ги слушаме гнасотилоците на квазиисторичарите и квазиекспертите спакувани во разни проекти од ,,јавен интерес,,. Кај нас влијанието на јавниот сервис политичарите го вршат со тоа што си поставуваат нивен директор кој понатака маме ебува независно од тоа дали парите се од РТД или му ги дава владата, тоа е епсибир. Најдобро решение би било укинување на јавниот сервис т.е негово сведување само на едно радио со 15-20 вработени кои ке ги плаќа владата..
Ти зборуваш за различни проблеми. Една од работите е РДТ. Ако е проблем она за што ти пишуваш, тогаш треба да се решава соодветниот проблем. Со мерки, со правила... итн.
А МРТ мислам дека се подобри во квалитет од она што беше. Тој пристап дека не треба некој со „бркови“ да ни кажува што да јадеме е „контрашки“. Ако се проблем мустаќите, нека ги избричи, или некој без мустаќи нека стават. Ама, советите за здрава храна се одлична работа. Историските документарци се одлична работа. Научивме мноооогу работи што не сме знаеле. А мислам дека има уште многу да се дознаваат. Дури мислам дека и овие историски документарци во себе содржат (само)цензура, многу пробугарски моменти од нашите дејци и револуционери не се кажуваат. Ти ги нарекуваш квазиистории, ама тоа дека си учел една крајно фризирана историја (и јас ја учев истата, можеби и повеќе) и она што е надвор од тоа (а има уште МНОГУ повеќе надвор од тоа) за тебе, а и за многу други е квази. Ама, за жал, изгледа дека ние сме учеле огромен дел од нашата историја... КВАЗИ.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
уствари како функционира европската демократија и политика :
http://expres.mk/?p=21173
Моделирање, ако не ... нема влез во ЕУ ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom