Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.922
Дечки што е финтава со
Владата донесе одлука за поголемо задолжување на домашниот пазар. На последната седница, извршната власт си даде за право максималниот износ за издавање на државни хартии од вредност да го зголеми за околу 45 милиони евра. Од министерството за финансии велат дека не се работи за дополнително задолжување преку издавање на хартии од вредност, туку за редовно усогласување со Ребалансот на буџетот, кој беше усвоен од страна на Собранието на 6 август.
СДСМ веќе излезе со соопштение
http://www.sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=9869&lng=1&cat=3

Дали овие популистички мерки на Владата со разни укинувања за плаќања на државни обврски ќе и се одразат на Македонија позитивно или негативно на долгорочен план.

За пример ќе го земам укинувањето на Радио Дифузната такса.

Број на домаќинства во Македонија спрема попис во 2002 - Домаќинства:564,296
Број на деловни субјекти во Македонија спрема Државен завод за статистика од 2016 - 71 519

Домаќинства - 100.000 да речеме се одселиле, 100.000 никојпат не ни плаќале, остануваат 360,000ден. Ете ќе скратам уште 100.000 чисто да им дадам фазла. Тоа се 260,000 домаќинства
260000 X 190ден. = 49.400.000денари (803,000€)

Деловни субјекти да речеме 10.000 затвориле.. Политичка криза ова она.. Останале 50,000 активни од ними 20.000 се неплаќачи
30.000 X 190 = 5.700.000ден. (92,600€)

803000+92600 = 895600€ X 12 месеци = 10.747.200€

Државата од наплата на РадиоДифузна такса во просек би инкасирала околу 11 милиони € годишно.
Пари кој сега ги има помалку и се во оптек на самите граѓани. Се надевам тие пари ќе придонесат за поголем стандард кај граѓаните и нема да бидат одземени на друг начин а верувајте државата има средства и инструменти да наплати од народот на секој можен начин.
Колку само парии се одземаа од граѓаните со воведување нови стандарди од типот на перењето пари со здраствените картички кој денес служат за мачкање маргарин или фискализацијата за продажба на Македонски производи па потоа нејзино бришење. Значи има начини да се одлеваат пари.

Како и да е http://javendolg.mk/ расте секоја секунда. Треба да се има јасна перспектива и да се постават граници до каде може да се оди со наплата на сервисните услуги од државата. Ставрески беше добар, виде колку е саатот си замина....После све беше каша попара... Овај новиов тепкавиов делува ко врба недоделкана. Дали ќе игра како што ќе каже Зајко и ќе прави рапорти како што правеа министрите пред Грујо или ќе има некаков став и ќе работи независно ќе покаже времето.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506

Ставревски беше мадерфакер,чоекот го измисли најарамискиот закон за 10% данок на добивка на секое индивидуално ливче каде го нема во ниту една држава во светот...а со оглед на интелектуалниот капацитет на обичниот народ тука во Фиром и се очекуваше дека лесно ќе помини овој закон кај нас без да размислат дека никој не му зема лични податоци при уплата како што се прави за исплата..значи се што треба е да разграничат основна математика со крадење при очи па така можеби ќе му светни ...иначе законот за 35% на хонорарна дејност беше уште појак,арно нивните партиски уметници се кренаа иначе уште ќе си плаќаа луѓето и ќе ќутеа.

Убаво напишав пред неколку страни,Дпмне направи таков пустош што цели делегации од Данска и Норвешка да дојдат да ни ја водат државата нема да ги средат нивните глупости во поглед на економијата,здравството,образованието,судството и енергетиката.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Македонија е единствена држава во светот каде што да донесеш кола од Бугарија, царината на колата ја плаќаш колку што вреди самата кола.
Во изминативе 11 години немаше една личност да се побуни да се смени ова.
А ти очекуваш да се бунат за 10% данок на добивка ? :pos:
Оди гледај таму името и знамето да не го продадат што зборуваш за пари, море продадена душо ...:pos::pos::pos:
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Македонија е единствена држава во светот каде што да донесеш кола од Бугарија, царината на колата ја плаќаш колку што вреди самата кола.
Во изминативе 11 години немаше една личност да се побуни да се смени ова.
А ти очекуваш да се бунат за 10% данок на добивка ? :pos:
Оди гледај таму името и знамето да не го продадат што зборуваш за пари, море продадена душо ...:pos::pos::pos:
Мене мерцедесот ми е битен да не го продадат :D..е тогаш ќе докажат дека се предавници..вака додека идат мигранти добро е
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Мене мерцедесот ми е битен да не го продадат :D..е тогаш ќе докажат дека се предавници..вака додека идат мигранти добро е
Главниот проблем на опозицијата е уствари проблем што не постои, и за таквиот "проблем" трошеа украдени народни пари за референдуми.
И тука е појакото... ЗАМИСЛИ ГИ ЛУЃЕТО ШТО ПРИСУСТВУВАА НА ТАКВИ РЕФЕРЕНДУМИ??
И замисли сегашната "квалитетна" опозиција цели 11 години управуваше со државата. :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.165
Поени од реакции
17.962
Нема повеќе опции туку има само две. Едната чим досега не бидна, нема ни да бидни. ВМРО ги спушти гаќите и сега си чекаат еден по еден да ги однесат на пупење.
За другата опција за граѓанска војна е пиши пропало. Однапред е изгубена и секој го знае тоа па искрено не верувам дека некој би зел пушка во рака и би ја ставил главата во торба за толку промашена кауза. Ова за Македонската страна. За Албанската напротив секој би зел пушка во рака и би гинел за тоа.
Е така де, затоа за нас единствена опција е да средиме сега, оти во другиот случај нема да не има најверојатно.

Затоа реков сега имаме убава шанса да напрајме држава како што треба, добро де добра држава во некој балкански рамки не дека ќе станиме Германија.

Србија игра на две столици, Грција игра на две-три столици, а Турција појде у курац. Па овај дел или ќе го средат да биде држава како што треба или ќе не поделат со Албанија и Бугарија.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.299
Епа за ова зборувам ја. Десет години случајов се влечка по судови па се донесе одлука и оп укинување на пресудата и од ново да се суди. Без оглед на тоа дали е виновен или не ама десет години да не се заврши еден случај е брука, никаде го нема. Но за жал тоа е секојдневие во Македонското судство. А истовремено ако треба се носати брзи одлуки и брзо се завршуваат спорови, пример кај дедово што скубна.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ова е со цел да ослабне вмро и да се изигра мнозинството.
ВМРО ДПМНЕ не губи ништо, нема власта да ја изгубат, секако не се владеачка партија. Но, кога на избори понудиш или си дел од некоја понуда и бидеш избран за таа понуда од гласачи, курвински е после тоа да ги изиграш тие што те гласале и да си ја задржиш функцијата која ти ја дале оние кои сега ги лажеш и изигруваш. Затоа, легитимно е да се откажеш (иако, за тоа требало да мислиш пред да се кандидираш), но тоа се прави со принципиелна оставка, а не на држење за функцијата. Тоа се мивки, без’рбетници.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

А што во случај кога пратеникот сеуште ја поддржува програмата на партијата преку која дошол во Собрание но смета дека матичната партија не ја спроведува таа програма? Во тој случај би било принипелно да се откаже од партијата и да биде независен пратеник.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
А што во случај кога пратеникот сеуште ја поддржува програмата на партијата преку која дошол во Собрание но смета дека матичната партија не ја спроведува таа програма? Во тој случај би било принипелно да се откаже од партијата и да биде независен пратеник.
Небитно е ова Ставро. Во парламентот народните избраници се луѓе. Затоа пратеничкото место е врзано со личност - не со партија. Теоријата на политички системи го има решено ова прашање пред децении и во демократски средини ваквото решение е неопходно.

Цвикачи ко Џорџ секогаш ќе има кога ќе има промени кои не им одговараат.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А што во случај кога пратеникот сеуште ја поддржува програмата на партијата преку која дошол во Собрание но смета дека матичната партија не ја спроведува таа програма? Во тој случај би било принипелно да се откаже од партијата и да биде независен пратеник.
Фино, некој да те изгласа, а ти да си користиш. Без партијата ни 20 гласа не би добиле.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А што во случај кога пратеникот сеуште ја поддржува програмата на партијата преку која дошол во Собрание но смета дека матичната партија не ја спроведува таа програма? Во тој случај би било принипелно да се откаже од партијата и да биде независен пратеник.
Тоа е теорија кога пратениците се луѓе, селектирани од луѓе гласачи.
Во пракса имаме луѓе сендвичи кои заокружуваат бројче како нарачка во сендвичара за combo meal најчесто со многу штетни последици по нивното здравје.
Еклантен пример за сендвичи пратеници е амнестијата на хашките во 2011 за која ниту еден нормален човек не би кренал два прста без разлика на припадност.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
На СДСМ?
Значи они ги амнестираа хашките. Тоа Груевски што збореше по телефон беше монтирано.
Еве го законот за амнестија, последниот дел:

„Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат на лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот во 2001 година, кои се во надлежност и за кои Меѓународниот трибунал за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија од 1991 година ќе поведе постапка.“

Протолкувајте го, зошто овој закон да не важи за амнестираните во 2011.[DOUBLEPOST=1507881252][/DOUBLEPOST]
...Државата од наплата на РадиоДифузна такса во просек би инкасирала околу 11 милиони € годишно.
Пари кој сега ги има помалку и се во оптек на самите граѓани. Се надевам тие пари ќе придонесат за поголем стандард кај граѓаните и нема да бидат одземени на друг начин а верувајте државата има средства и инструменти да наплати од народот на секој можен начин...
Околу 2,000 денари по семејство годишно е тоа, тешко да влијаат на стандардот. Јас цело време за нешто друго пишувам, ама слабо капацитет за да се одговори на форумов. Имено, постоењето на РДТ е препорака на Европската Комисија за обезбедување на буџет за јавниот радиодифузан сервис кој нема да зависи од волјата на политичарите при кроењето на државниот буџет. Ова е одлука која е спротивно на препораката на ЕК, а нели се стремиме во ЕУ. Инаку, и Заев да го прашаш зошто се укина РДТ, не може да даде издржан одговор, само популизам. Но, јас би сакал да се дискутира што со препораката на ЕК, зошто одиме против ЕУ?
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom