Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
4 години? Уште малце се. Како се осмелил овој само да ја буцне златнава Радмила а не пак да и го скубне тоа златното косле. Така треба. Батали тоа што други луѓе во државава за прегазување луѓе со смртна последица (пијани возеле) добиваат и по година-две. Тоа што се нашла златнава како оштетена можеби е случај а највероватно не е, но оваа пресуда многу добро покажува што не чини во Македонија. Судството во Македонија не може да функционира со Македонски судии.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Не го разбирам аргументот со пијаните возачи. Ако ним им се дала преблага казна, треба на секое да се носат погрешно одлуки? Тоа ти е како во фудбал кога судијата нема да досуди пенал па потоа ќе компензира цел натпревар.

Казната за овој вештерот (кутриот дедо бе) е минимална во однос на делото за кое беше обвинет и кое го призна.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Само кога се во прашање гласачи на вмро, тогаш може. Намерно така ви направија, за да плачете сега, интересно било да се гледаат плачливи вморони.
Јас ти кажав дека сум од ДУИ, ама тоа нема врска. Тоа е моја интимна определба.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.680
Нема врска ова со реваншизам, зашто суд го осуди, не сдсм, они немаат моќ врз нашево судство, бар не сеуште, истото ти е инсталирано и апдејтирано у ерата на дпмне, овие што сега се на власт сеуште немаат пуштено асално пипци у нашево судство реални да бидеме, Сеад Кочан ти е класичен пример за ова, и ред други примери каде само се одзимаа пасоши а не се притвараа луѓе.
Башка, законот е таков нема што тука да се реваншираш, што очекуваш ти кога некој си го признал злоделото, направено во Собрание на РМ, требал да мисли овој на време, прво што влегол у Собрание, а потоа и што нападнал пратеник во истото пред 1000 камери.
Игор Југ ке го јаде минимум дупло, допрва треба да се дефинираат работите што се десија у собранието, вчера мислам дека се праеше реконструкција, тука се и тие што ја отворија вратата а се заштитени со пратенички имунитет, тие што го млатеа Села на пример ке одговараат за убиство и допрва ќе им се суди.

А за тој со ќебапите е трагикомично освен ако и претходно не е осудуван, и секако не може да се споредува со ова, не праиме муабет за повлекување за коса на улица, туку у Собрание на РМ, овој тука низа закони прекршил, а не само условно речено, физичкиот напад, така да све му е земено у предвид иако и според мене, можеле условно да го репнат.

Апсурдно е што од 100 луѓе што влегоа внатре, дел што се теретат и за убиство у обид, овој прв да го јаде : ))), али јебига, не ми е ама ич жал, ова е само показател што ги чека останатите чим овој 4 години е репнат, тек сеа ќе почнат да се тресат и пењават и да кукаат за амнестии кај иванов кога видоа стариов колку го јадеше.
Условно се добива да влезеш во некоја биртија и келнерката да ја плеснеш по газот. И мене ми се чини дека можеле и условна да му дадат но тоа само со оглед на менталната способност на осудениот, имено вака по суратот човекот ми изгледа како троа неарен, мислам дека не бил целосно свесен што тоа прави.... јеби га, сите тие сендвичите ми изгладаат како троа неарни..... Ако овој го репнаа 4 години, тогаш нека му ја мислат оние кои направија поголеми бељи, ке скапат по затворите.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Не го разбирам аргументот со пијаните возачи. Ако ним им се дала преблага казна, треба на секое да се носат погрешно одлуки? Тоа ти е како во фудбал кога судијата нема да досуди пенал па потоа ќе компензира цела натпревар.

Казната за овој вештерот (кутриот дедо бе) е минимална во однос на делото за кое беше обвинет и кое го призна.
Да не беше Шеќеринска оштетена немаше ни да дојде до судење, и тебе ти е јасно или можеби си немал искуство со Македонското судство па не знаеш подобро. Моја теза е дека Македонското судство не функционира. Оваа пресуда тоа ексемпларно го докажува. Не само пресудата, луѓе со години чекаат да дојде до судење оти дусовите биле преоптеретени но нашле време овега релативно брзо да го осудат.

Дедово треба да се казне, не викам не, ама четири години во споредба се нереални и вака се добива слика дека ова е реваншизам.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.552
Па амнестијата за тоа е и создадена. Заев реденки со некакви помилувања си прави... И премиер го ставија. Значи се се може, само треба да се сака. ;)
Нема хорхе да ги амнестира, за што да ги амнестира, за 10 дела ? Еве ќе амнестира еден, пример овој југ, утре нова кривична ќе лапа, нема за 100 прекршени закони хорхе посебно да дели амнестии, колку и да е глуп, до тој степен не е глуп да се бламира.
Пуштени се низ вода овие, требале на време да мислат а сеа јебига, ќорката не им бега, тоа што си посеале тоа и ќе жнеат, сами се криви што направиле дил со ѓаволот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да не беше Шеќеринска оштетена немаше ни да дојде до судење, и тебе ти е јасно или можеби си немал искуство со Македонското судство па не знаеш подобро. Моја теза е дека Македонското судство не функционира. Оваа пресуда тоа ексемпларно го докажува. Не само пресудата, луѓе со години чекаат да дојде до судење оти дусовите биле преоптеретени но нашле време овега релативно брзо да го осудат.

Дедово треба да се казне, не викам не, ама четири години во споредба се нереални и вака се добива слика дека ова е реваншизам.
3 години е најмала казна за делото насилство. Тој го призна делото. На што да го осудат за да биде фер?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.680
На сите прашања одговараш со бегање од темата. Хаг ги врати случаите на македонското судство, ама тоа не е надлежно за нив. Таков е нашиот закон.

Јас без трошка (трунка) да се замислам се залагам за почитување на правото. Е не би му простил на Заев ако ги инструира судките органи. Како што и за другите истото го мислам. Секако, во законска процедура.

А што има врска уништувањето на СЈО со резултатот на изборите. СЈО по се е формирано со притисок (од надвор), иако со тоа се крши уставот. Има преставка во судот, ама очигледно раката на „семоќниот“ и таму е стигната. Инаку, тоа е раката која е против мешање на политиката во судството (ама дома кај нив). И изборот на Ката не е случаен. Од Гевгелија довлечкаа потпросечен човек, во што се уверивме. Какви се глупости не искажа јавно. Не знам колку е вистина, се појави и диплома со „завиден“ успех. Не е тоа случајно.[DOUBLEPOST=1507810647][/DOUBLEPOST]
Се се прави ВМРО ДПМНЕ да нема повеќе предност. Се коалицира со ДУИ, се прекршуваат „беси“ од Ахмети...
СЈО е формирано со Закон кој е гласан од сите пратеници во собранието а во кое најголем број пратеници имаше ДПМНЕ. Без гласот на пратениците на ДПМНЕ таков закон неможеше да се донеси. Зошто сега квичат? Ако беа мажишта немаше да го гласаат законот и чиста сметка.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Игор Југ ке го јаде минимум дупло, допрва треба да се дефинираат работите што се десија у собранието, вчера мислам дека се праеше реконструкција, тука се и тие што ја отворија вратата а се заштитени со пратенички имунитет, тие што го млатеа Села на пример ке одговараат за убиство и допрва ќе им се суди.
Пратеничкиот имунитет не важи за дела за кои е предвидена казна затвор од 5+ години, така да Мукоски ќе наебе. А овие што го тепаа Села мислам дека ги гонат за обид за убиство.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Нема врска ова со реваншизам, зашто суд го осуди, не сдсм, они немаат моќ врз нашево судство, бар не сеуште, истото ти е инсталирано и апдејтирано у ерата на дпмне, овие што сега се на власт сеуште немаат пуштено асално пипци у нашево судство реални да бидеме, Сеад Кочан ти е класичен пример за ова, и ред други примери каде само се одзимаа пасоши а не се притвараа луѓе.
Башка, законот е таков нема што тука да се реваншираш, што очекуваш ти кога некој си го признал злоделото, направено во Собрание на РМ, требал да мисли овој на време, прво што влегол у Собрание, а потоа и што нападнал пратеник во истото пред 1000 камери.
Игор Југ ке го јаде минимум дупло, допрва треба да се дефинираат работите што се десија у собранието, вчера мислам дека се праеше реконструкција, тука се и тие што ја отворија вратата а се заштитени со пратенички имунитет, тие што го млатеа Села на пример ке одговараат за убиство и допрва ќе им се суди.

А за тој со ќебапите е трагикомично освен ако и претходно не е осудуван, и секако не може да се споредува со ова, не праиме муабет за повлекување за коса на улица, туку у Собрание на РМ, овој тука низа закони прекршил, а не само условно речено, физичкиот напад, така да све му е земено у предвид иако и според мене, можеле условно да го репнат.

Апсурдно е што од 100 луѓе што влегоа внатре, дел што се теретат и за убиство у обид, овој прв да го јаде : ))), али јебига, не ми е ама ич жал, ова е само показател што ги чека останатите чим овој 4 години е репнат, тек сеа ќе почнат да се тресат и пењават и да кукаат за амнестии кај иванов кога видоа стариов колку го јадеше.
Можеби нема врска со директен реваншизам туку има врска со предрвремено потчинување на новата власт. Го призна делото затоа што немаше опција, фатен на дело, камера го снима како ја кубе. Приказната дека „ја вадел од гужва и ја заштитил“ е срање, сите го знаеме тоа. Можеби затоа што како што пиша ти, овој прв го изеде па смешна е казната а сите чекаме подебели казни за поголеми кривнични и прекршочни дела. Времето ќе покаже што ќе се случи во иднина.

Осуден е за насилство за што е предвидена казна од 3-10 години затвор и плус го призна делото. Тој практично доби казна само малку построга од минималната.

И не е само насилството во прашање. Извршија упад во законодавниот дом кој е центарот на државата, самиот симбол на државност. Не знам што очекуваа да добијат како награда.

Ќе биде циркус после изборите кога ќе почнат да фрчат кривични за органзаторите на упадот плус и на соработниците во Собранието. Ако овој гревот доби четири години затвор, баш ме интересира како ќе поминат Бетмен, Дамески и Мукоски.
Казната е за тоа што ја тегнеше за коса, не за упад во Собрание. Ќе видиме како ќе поминат другите кои што хараа ама имам познаник што доби условна а имаше статус на фејсбук како станал новиот СОБРАНИК, со слики, со бранење држава и јадење говна за после тоа да пише статус како случајно се нашол пред собрание, вратите биле отворени и МИСЛЕЛ дека е отворен ден, секој што сака може да влезе и да разговара со пратениците.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Нема хорхе да ги амнестира, за што да ги амнестира, за 10 дела ? Еве ќе амнестира еден, пример овој југ, утре нова кривична ќе лапа, нема за 100 прекршени закони хорхе посебно да дели амнестии, колку и да е глуп, до тој степен не е глуп да се бламира.
Пуштени се низ вода овие, требале на време да мислат а сеа јебига, ќорката не им бега, тоа што си посеале тоа и ќе жнеат, сами се криви што направиле дил со ѓаволот.
Па ти сериозен си? Може да си го промениме името во Република Лакрдија. Секако нема да опстанеме какви што сме. И тоа бргу ќе биде.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Aко одиш по оваа логика, испаѓа дека и загаденоста после чистењево на депонијата е иста, односно не било до депонијата.

Не знам веќе кој освен македонските SJW верува на приказната дека Тетово било загадувано од Југохром.

Лани Југохром не работеше, кога времето беше облачно и магловито, загаденоста пак беше преку милион. Еве го иде ноември, ќе дојде маглата, ќе видиме како ќе биде загаденоста. Ниту префрлањето на депонијата нема да ги намали многу ПМ честичките, или ќе ги намали само во градот, пошто сеа ѓубрето го фрлаат у диви депонии низ селата, ко кучињата порано.
.
Јас кажувам како беше во Тетово, не ми прави паралели со депонијата. Југохром беше најголемиот загадувач што се потврди по затворањето.

Кажав и претходно со Југохром во период ноември-јануари загаденоста секоја ноќ стигаше до 800-900 пм10 честички, лани без Југохром во истиот период максимум беше 300 пм10 честички.

Имаш податоци низ интернет барај си и види си ги. Не зборувај шаблонски.

Југохром нема шанси да се отвори без филтри, а никој не е против тоа да работат со филтри.
Тргнете си ја од глава приказната дека се попречува поради етнички причини.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Казната е за тоа што ја тегнеше за коса, не за упад во Собрание.
Не постои дело тегнење за коса, осуден е за дело насилство. Тоа што направил упад во Собранието и нападнал пратеник му се отежнувачки околности иако не е осуден за тоа. Јас имам двајца правници во семејството, татко ми беше обвинител, брат ми работи во суд. Тој ми кажуваше за еден случај скоро во Битола кога еден дечко претепа еден пијан кој му ја задеваше сопругата во кафич, и тоа пред него. Прво му го формулираааа делото како насилство и доби 5 години затвор, потоа се жалеше па му го преформулираа делото.

Муабетот ми е дека делото насилство во македонскиот правосуден систем е многу тешко дело, и се казнува со големи казни.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
СЈО е формирано со Закон кој е гласан од сите пратеници во собранието а во кое најголем број пратеници имаше ДПМНЕ. Без гласот на пратениците на ДПМНЕ таков закон неможеше да се донеси. Зошто сега квичат? Ако беа мажишта немаше да го гласаат законот и чиста сметка.
Јас не сум пратеник од ВМРО ДПМНЕ и тоа што го пишувам нема врска со тоа кој гласал. Секој закон е изгласан затоа што добил потребно мнозинство на валидна седница (сем изборот на Таљат ;) ). Пратениците не се стручњаци, па можат да донесат закон кој не е согласно уставот и слично. Затоа постои Уставен Суд, за да проверува, по потреба, по нечија иницијатива...
Значи, не е битно кој и дали гласал. Ако се согласат 4-те партии и да изгласаат закон каде што пратениците ќе имаат право да убиваат по сопствена проценка, ќе се сложиме ли сите? Секако, карикирам...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom