Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.296
Поени од реакции
8.762
^

Не е само тоа намалување, катастрофа е и во енергетскиот сектор во последните 10-тина години

Ситуацијата со производството на електрична енергија во Македонија се движи во лош правец, односно од година во година производството значително паѓа. Во 2006-та произведени биле 6.510 GWh, во 2013-та бројките се веќе значително намалени, произведени биле 5.113 GWh, а во 2016-та- само 4.300. За годинава пак, предвидувањата се дека ќе завршиме само со 3.600 GWh произведена електрична енергија, што не било никогаш, односно е рекордно ниско нивно на производство на АД ЕЛЕМ.
Пред изборите, на ТВ 24 Мицковски тврдеше дека и не само што сме успеале со нашето производство да ги покриеме нашите потреби, туку и сме успеале да продадеме вишок на Албанија. Ова е емисијата, ако немаш попаметна работа слушни што кажува...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.242
Поени од реакции
16.384
^

Не е само тоа намалување, катастрофа е и во енергетскиот сектор во последните 10-тина години

Ситуацијата со производството на електрична енергија во Македонија се движи во лош правец, односно од година во година производството значително паѓа. Во 2006-та произведени биле 6.510 GWh, во 2013-та бројките се веќе значително намалени, произведени биле 5.113 GWh, а во 2016-та- само 4.300. За годинава пак, предвидувањата се дека ќе завршиме само со 3.600 GWh произведена електрична енергија, што не било никогаш, односно е рекордно ниско нивно на производство на АД ЕЛЕМ.
уште ќе се намалува..
прво РЕХК е скап мегаватот,друго загадува... будалаштина е да работи РЕХК кога на пазар има поефтина увозна струја... РЕХК треба повремено да се пушта за да биде во кондиција и спремност ако НЕМА струја на пазар...
Што повеќе работи РЕХК тоа повеќе ќе се полни џебо на трансмет и ангушев и други
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Во 2007 увезени се 15000 тони во класа млеко и павлака. Во 2013 увезени се 20000 тони од истите класи. Увозот на храна е со геометриска прогресија, паралелно со зголемување на субвенциите. Што би рекле, и за овие производи плаќаме двапати.
Во 2007 имало 19% повеќе работници до 44 години, а 6% помалку над 44. За овие 6 години, намален е и бројот на работници вкупно за 6%. Што значи дел заминале, останале старите.
Дал поминал Ирма, дал не опустошил јапански цунами...
^

Не е само тоа намалување, катастрофа е и во енергетскиот сектор во последните 10-тина години

Ситуацијата со производството на електрична енергија во Македонија се движи во лош правец, односно од година во година производството значително паѓа. Во 2006-та произведени биле 6.510 GWh, во 2013-та бројките се веќе значително намалени, произведени биле 5.113 GWh, а во 2016-та- само 4.300. За годинава пак, предвидувањата се дека ќе завршиме само со 3.600 GWh произведена електрична енергија, што не било никогаш, односно е рекордно ниско нивно на производство на АД ЕЛЕМ.
450000 идиоти liked this...тоа е хоророт.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Нека обезбедат прво фер цени,

А не катастрофа година и ти откупуваат винариите 13 денари грозје со одличен квалитет додека на пример во Црна Гора истото е најмалку пола евро
Цветков се обиде да донесе систем некој на неделни цени ама од тоа не испадна ништо, не знам зошто. Во однос на фер цени, такво нешто одредува само пазарот. Не постои поим фер цени. Кога албанците имаат празник, доматите одат по 50-60 денари. Тоа фер ли е? Периодот од 2007 не го земав случајно за репер. Не заради партиите туку ради субвенциите. Кога гледаш не ја бидува, не ги фрлај парите бадијала. Пренамени ги во друго.
Еве цени на пченица. Ниска е во Македонија?
нови системи за наводнување,
кој да обезбеди? Дали знаеш дека од 2012-2013 може да се аплицира за систем капка по капка од УСАИД? Оние кои береле 4-6 тони пченка, сега собираат по над 15 тони од хектар. Имаше повици и за аплицирање за системи за наводнување па апели да се платат водарини и други давачки. Да не се навраќаме колку проекти им беа овозможени, доколку плаќаат за нив. Па за жени земјоделци, па за млади земјоделци...па мангупите пријавуваа по 2-3 апликации од семејство па дур им текна тоа да го проверат и променат...
добра инфраструктура во руралните средини после нека укинуваат
тоа требало да ги казнуваат градоначалниците, главно на избори ама од досега што гледам со по 2-3 мандати, тие беа наградувани за инфраструктурата.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Што повеќе работи РЕХК тоа повеќе ќе се полни џебо на трансмет и ангушев и други
Обратно е Димче, на Анѓушев и цо им одговара поголем увоз, нивни се фирмите што увезуваат (ЕДС на пример).
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мора да биде осуден?Значи ништо ни од криминалот на Груевци зошто никој не е осуден така?
Против заев се води постапка врз основ на сецната снимка.
Друго нема ништо. Ја нема оригиналната комплетна снимка, нема парите дадени за поткуп. Судот ќе цени врз основ на тие докази.
Кај груевски и минатата власт постојат комплетни снимки, врз основ на тие снимки се направени увиди во документи и е констатирано дека навистина се сторени кривични дела. Се совпаѓаат и снимки и документи. И тие докази ќе ги цени суд.[DOUBLEPOST=1505656488][/DOUBLEPOST]
Глупост до глупост !!
прво 2004 Груевски немал никакви ингеренции од позиција на власт а а не бил ниту сопственик. Ден Дончев требаше да одговара за манипулациите, а еве сеге награден е од нарачателите со директорска фотеља во Фондот....
И да е така обвинителството требало да отвори предмет и да повика сведоци и да направи увид во документи.
Исстото се случува и со нелегалните снимки на странски служби. 5 години секој дебн се објавувани, кажувани на ТВ на радио во весници... јавен обвинител ниу еднаш на кажа “дај да видиме за што станува збор“
Самиот факт дека веќе се во бекство највисоките владини функционери и припадници на партијата на власт кажува дека се случувале криминали од колосални димензии, но сега оставени без подршка и логистика на обвинителство и судови почнуваат да се одвиваат праведни правни процеси во сега слободна демократска Македонија[DOUBLEPOST=1505656601][/DOUBLEPOST]
Možam samo da ti ponudam koga sakaš da vidiš na l.m. kako izgleda kontrola na teren na zemjodelec...GPS ...satelitski sliki....skici....
Samo eden primer(lično bev prisuten)...godinata koga Slepčenskiot manastir ja proslavuvaše 1000 godisninata...ja zagubi subvencijata za sve(mnogu kravi čuvaat pokraj drugoto)...poradi samo edna od nivite što imaše poluizginata lucerka.
Inspektorot(moj prv bratučed i prisuten bev na kontrolata) im progleda niz prsti...supervizijata ja pronajde spornata niva..niv im gi zedoa subvenciite..a nego drakonski go kaznija...
ете само ти посочи еден пример каде се вршеле или се обиделе да се направат манипулации со сбвенции врени неколку милиони евра, а такви примери во Македонија имаше иљадници за овие 10 години, така да од 100.000 примери, по милион евра во просек тоа се сто милијарди евра
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
На електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи Радмила Шекеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952,00денари, односно околу 80.000 евра, изјави Милош Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.
За оваа набавка збориш или некоја друга :giggle:

http://plusinfo.mk/vest/126253/i-nabavkata-na-morskite-plodovi-ja-potpishal-jolevski

Она што ВМРО-ДПМНЕ го нарекува набавка на морски плодови е набавка потпишана во јануари 2017 од Јолевски и во најголем дел опфаќа набавка на риба.
 
M

MD_

Гостин
Цветков се обиде да донесе систем некој на неделни цени ама од тоа не испадна ништо, не знам зошто. Во однос на фер цени, такво нешто одредува само пазарот. Не постои поим фер цени. Кога албанците имаат празник, доматите одат по 50-60 денари. Тоа фер ли е? Периодот од 2007 не го земав случајно за репер. Не заради партиите туку ради субвенциите. Кога гледаш не ја бидува, не ги фрлај парите бадијала. Пренамени ги во друго.
Ете Цветков кој беше многу критикуван заслужено си замина, сега нели овие се поспособни нека го реализираат тоа. Фер цени и те како може да се одреди, само тоа највеќе ќе удри на другарчињата и спонзорите на Заев сегашни сопственици на познати винарии кај нас.

И не е баш бадијала, ете нека ги укинат субвенциите па ќе видиш земјоделските производи за колку % ќе скокнат за брзо време..
Да не мислиш дека Србите ќе ти продаваат по 10 денари пченица откако ќе ја снема истата во Македонските ниви ? Нека ги укинат субвенциите па ќе видиш како ќе треба да купуваш земјоделски производи по европски цени со македонски плати, ама па што ќе ни се домати и краставици еве новата влада ни овозможи да увезуваме смрзнато месо со сомнителен квалитет без царина на штета на домашните производители кои ионака врзуваат крај со крај.

кој да обезбеди? Дали знаеш дека од 2012-2013 може да се аплицира за систем капка по капка од УСАИД? Оние кои береле 4-6 тони пченка, сега собираат по над 15 тони од хектар. Имаше повици и за аплицирање за системи за наводнување па апели да се платат водарини и други давачки. Да не се навраќаме колку проекти им беа овозможени, доколку плаќаат за нив. Големи критики за субвенциите има низ светов не само овде.
Па државата да обезбеди не јас. И за тој систем капка по капка треба вода да се донесе од некаде, не е ова копни бунар најди вода туку така или пак уште полошо водата за пиење да се користи во земјоделски цели. Кога земјоделците плаќаат даноци како и сите други, кога трошат еден куп пари за механизација/ѓубрива/препарати/нафта е во ред - а кога државата треба да им врати дел во вид на системи/инфраструктура тогаш никаде ја нема
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Абе што туку тресите зелени, најголем дел од вас немаат допирна точка како функционира земјоделието во државава, правите муабети рекла-казала.
Проблематиката конкретно во земјоделието е поопсежна и субвенционирањето е само еден сегмент.
Факт е дека треба промени во законите за субвенционирање во земјоделието но изјавата на Заев не држи вода и не го решава проблемот туку го продлабочува.
Вистина е дека субвенциите во глобала кај нас служат повеќе како социјална мерка и како метод за поткуп пред избори, ширење популизам и манипулирање со земјоделците, тоа е факт.
Меѓутоа најпрво треба да се реши проблемот со откупот на повеќето земјоделски култури. Говориме за пазарна економија но тоа незначи дека државата не треба да интервенира во откупот и да ги заштити земјоделците од манипулации со цените. Државата нека издејствува фер цени врз откупувачите, да биде медијатор помеѓу земјоделците и трговците. Во суштина кај голем број земјоделски култури тоа е и најголем проблем, пласманот и цената.
Кај нас воопшто не постои преработувачка индустрија за земјоделски производи која ќе врши откуп на истите и со тоа ќе се постигне додадена вредност на производот. Ќе се пакува и ќе се извезува надвор.
Колку преработувачки центри кај нас постојат за овошје и зеленчук?
Некаде прочитав дека Грујо пред некоја година му продал пченица на мелничарите по пониска цена од државните резерви па кога дошло време за откуп мелничарите немале интерес да ја откупат пченицата на земјоделците. Општ познат факт е и увозот на поефтина пченица од Србија.
Доколку се овозможи сигурен пласман и цена тогаш субвенциите воопшто и нема да бидат потребни.
Разликата од реалната откупна цена која треба да се исплати и цената по која откупувачите ги купуваат змјоделските производи ја надополнува државата преку субвенции.
Всушност државата им мачка очи на земјоделците со нивните тешко заработени пари и ги прикажува како помош. Јас воопшто не се сомневам дека тоа е и договор меѓу државата и откупувачите.

Друга работа е и доделувањето на земјоделско земјиште и механизација. Какви само малверзации се прават тука.
Некои преку ноќ се претворија во газди и земјоделци а дотогаш немале никаква допирна точка со земјоделието. Зедоа цели парцели со најплодно земјиште под концесија, поклон од државата и истото го даваат под кирија на сироти земјоделци на кои земјоделието му е единствена егзистенција и не можеле да го поткупат службеникот во агенцијата за земјоделие и да добијат дел од земјиштето.
Некои преку фондовите за развој и подршка на земјоделието финансирани преку фондовите на ЕУ зедоја по пет трактори, целокупна земјоделска механизација со поврат на средства во некои случаеви и до 90%. Вистинските земјоделци не добија ништо.

Во сточарството, конкретно во делот на одгледување на овци субвенциите се единствениот профит кој на крајот од годината го остваруваат сточарите. Пласманот и цената на јагнешкото ее катастрофа, дури и да не постои. Пласман на млекото нема па во најголем дел сточарите од него прават сирење и го продаваат на приватни купувачи.
Слична е состојбата и во говедарството. Сточната храна е скапа па единственото нешто што го прават исплатливо сточарството се субвенциите. Без нив оваа гранка кај нас комплетно ќе колабира. Заклучок, потребен е сигурен пласман и разумни цени за откуп.

Во делот кај субвенционирањето на тутунот. Општо познато е дека тутунопроизводството кај нас е една од најдоходовните гранки но истовремено и една од најтешките култури за одгледување.
Предност тука е што откупот е горе долу обезбеден. Кај нас постојат неколку откупни центри, Прилепскот тутунски комбинат, Битолски Сокотаб, Кавадарци - Алијанса и.т.н. Сите овие центри се со доминантен странски капитал, освен прилепскиот каде откупот сеуште го врши државата. До неодамна беше а можеби сеуште е и голем загубар. Дел беше откупен од Филип Морис во партнерство со државата, мислам делот за производство на цигари. Нејсе, факт е дека најголемиот девизен прилив државата во делот на земјоделието го остварува преку тутунопроизводството, некаде преку 100 милиони долари годишно.
Тутунопроизводството е култура која како и сите други во голема мера зависи од временските услови. Некои години носат поголем квалитет и поголем принос и обратно. И тоа е вон моќта на земјоделците.
Заев изјави дека нема да се исплаќаат субвенции кај оние производители кои ќе остварат помал род од предходната година. Па зарем секој земјоделец не се моли на Господ секоја година за поголем принос? Што е виновен земјоделецот доколку на иста површина или поголема површина засаден род од Х причини ( најчесто временски непогоди ) не го постигне родот од предходната година а направил повеќе вложувања, изорал и засеал поголема површина?
Конкретно во тутунопроизводството годинава приносите ќе бидат помали заради големата суша во текот на летото.
Најголем проблем при откупот на тутунот е цената во класите. Постои огромна разлика помеѓу цената за прва класа откупен тутун и пониските класи, посебно трета, четврта класа. Цената за прва класа откупен тутун е 280 денари, за втора класа е 195, трета 142, четврта 60 денари за откупен килограм тутун. За пониските класи воопшто и да не разговараме.
Доколку цените од пониските класи за понеквалитетниот тутун се зголемат и се приближат малку до повисоките во тој случај нема да има воопшто ни потреба од тие 1 евро за килограм субвенции.
Субвенционирањето во тутунопроизводството за 1 евро по килограм откупен тутун направи огромни дисторзии бидејќи во производството се вклучија и некои моќници кои поврзани со власта и откупивачите направија голем бизнис иако никогаш не се појавиле на нива.
Тие зедоја огромни површини земјоделско земјиште кое државата им го додели за џабе. Со субвенциите кои државата му ги исплаќа на крајот тие ги исплаќаат аргатите, обичните работници кои ден и ноќ берат тутун на нивните плантажи додека тие си го ладат со други бизниси настрана. На крајот од годината парите од предадената количина откупен тутун му остануваат бакшиш. Тие не се секираат за квалитетот тука за количината. Колку повеќе предаден тутун толку повеќе исплатени субвенции. За цената не се секираат многу бидејќи редовно ги подмитуваат проценителите на тутун за да му дадат една класа повисоко од заслужената.
И за крај погодете кој го плаќа цехот од ваквата зделка? Обичниот ситен земјоделец кој ја прехранува фамилијата од парите за предаден тутун. Него ќе му дадат една класа пониско за да компензира со класата која му ја дале при откупот на локалниот моќник. Доколку него му дале прва класа на сиромавиот ќе му дадат 3 класа и кога на крај ќе се сумира просекот е 2 класа или околу 190 денари. Тоа е истата просечна цена за откупен тутун која ја слушате секоја година на телевизија и викате: "Пу бе да ти ебам то тутунарите се рушија од пари земање, затоа ќе купуваат станови и куќи по Скопјево". Меѓутоа најголемиот дел земјоделци едвај сврзуваат крај со крај заради ваквите практики и заради оние поврзани со власта кои им го земаат лебот нив и на нивните деца од уста.

Кога Заев ќе се погрижи за сите овие работи и многу повеќе, кои го тиштат македонското земјоделие со години, тогаш ќе разговараме за модерно земјоделие. Дотогаш субвенциите кај нас едниствено ќе служат за манипулирање со гласови пред избори и како социјална мерка а не како мерка за зголемување и унапредување на производството.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.242
Поени од реакции
16.384
[QUOTE="Let 3, post: 8180164, member: Македонија имаше иљадници за овие 10 години, така да од 100.000 примери, по милион евра во просек тоа се сто милијарди евра[/QUOTE]
за какви евра блебеташ ???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom