Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Ете Цветков кој беше многу критикуван заслужено си замина, сега нели овие се поспособни нека го реализираат тоа. Фер цени и те како може да се одреди, само тоа највеќе ќе удри на другарчињата и спонзорите на Заев сегашни сопственици на познати винарии кај нас.
Фер цена не постои на пазар. Постои цена. Ти кажав и примери. А во поглед на трошоците, Македонија била и е нископродуктивна земја.
Друго-споредуваш цена во ЦГ и во Македонија. Хело, во ЦГ на зелен пазар грозјето е 3-5 евра за кг. Во ЦГ површините се 10 пати помали, производството 15-20 пати помало, население трипати помалку. Цената зависи од триста фактори, а ја не знам каква им е состојбата таму за да правам некои детални споредби.
Ама како велат пазарџиите кога ќе им споменеш дека на другана тезга доматот е поефтин, онака ферски ти сечат-ако е поефтино, купи си од таму. Колку ракија и вино се продава околу пазарите и по трафики, ехеее. На црно, без никакви давачки. Ама битно земјоделецот пак ќе се жали
Да не мислиш дека Србите ќе ти продаваат по 10 денари пченица откако ќе ја снема истата во Македонските ниви ?
кај хрватите 1 кг е околу 8.2 денари.
Нека ги укинат субвенциите па ќе видиш како ќе треба да купуваш земјоделски производи по европски цени со македонски плати, ама па што ќе ни се домати и краставици
пффф. На пазар ти продаваат грав од Киргистан, домати од Турција, лук од Кина, краставици од Албанија, јајца од Србија, од џенемити...и ти збориш за домашно производство???
Но што бидна со условите? Дали земјоделците вложија пари во систем капка по капка, системи за наводнување, патишта... или во нешто трето?
Значи едноставно е-ако нема резултати од субвенциите, треба парите да одат во нешто друго. Увозот е се поголем. Чисто подмитување на гласачко тело
 
Последно уредено:
M

MD_

Гостин
Фер цена не постои на пазар. Ти кажав и примери. Цената ја одредува понудата и побарувачката, а не трошоците за истата. А во тој поглед на трошоците, Македонија била и е нископродуктивна земја, со инертно земјоделство.
Друго-споредуваш цена во ЦГ и во Македонија. Хело, во ЦГ на зелен пазар грозјето е 3-5 евра за кг. Во ЦГ површините се 10 пати помали, производството 15-20 пати помало, население трипати помалку. Цената зависи и од извозот, шеќерите, сортите и редпоредум, а ја не знам каква им е состојбата таму за да правам некои детални споредби.
Ама како велат пазарџиите кога ќе им споменеш дека на другана тезга доматот е поефтин, онака ферски ти сечат-ако е поефтино, купи си од таму.
Значи едноставно е-ако нема резултати од субвенциите, треба парите да одат во нешто друго.
Па ако понудата и побарувачката ја диктира цената не треба да важи истото и за платите ?

Што тогаш овие поставуваат минимална плата, ете сега дури и ќе одвојуваат пари од буџетот за да се качи минималната плата. Државата може и мора да реагира за цените на се, поготово во вакви ниско развиени земји како нашата каде што нема голема конкуренција (откупни центри) и некои луѓе го искористуваат тоа - неможе Заев да кажува дека имало голем јаз помеѓу богатите и сиромашните во државата па затоа ќе плаќале богатите поголем данок, а да се прави слеп при очи за ситуацијата во земјоделството каде што на грбот на земјоделците се богатат неколку луѓе (добар дел и негови спонзори за кампањи).

За Црна Гора ти пишував за винско грозје не трпезно, како може таму просечната цена на големо да оди од 30 до 40 денари а тука да не мрда со години од 13 ? Додека давачките да се произведе истото (ѓубрива, препарати, работна сила) секоја година се повеќе и повеќе се зголемуваат

Субвенции има и во многу поразвиени држави но они имаат план и стратегија, овие кај нас немаат поим за такво нешто

Доколку се овозможи сигурен пласман и цена тогаш субвенциите воопшто и нема да бидат потребни.
Разликата од реалната откупна цена која треба да се исплати и цената по која откупувачите ги купуваат змјоделските производи ја надополнува државата преку субвенции.
Всушност државата им мачка очи на земјоделците со нивните тешко заработени пари и ги прикажува како помош. Јас воопшто не се сомневам дека тоа е и договор меѓу државата и откупувачите.
Не ни ја надополнува преку субвенции, чист пример кило вранец во Македонија се откупува за 13 денари
Истиот вранец во Црна Гора оди 30-40 денари значи ценовна разлика најмалку 17 денари

Ако X земјоделец произведе во македонија 50 тона грозје вранец ќе земе 10к евра додека ако е реална цената 30 денари како што е во Црна Гора ќе земе 25к евра.
Значи земјоделец тука зима 15к евра помалце, а државата ќе му даде највеќе 1500-2000е субвенции за таа тонажа
 
Последно уредено од модератор:
V

viktora

Гостин
Против заев се води постапка врз основ на сецната снимка.
Друго нема ништо. Ја нема оригиналната комплетна снимка, нема парите дадени за поткуп. Судот ќе цени врз основ на тие докази.
Кај груевски и минатата власт постојат комплетни снимки, врз основ на тие снимки се направени увиди во документи и е констатирано дека навистина се сторени кривични дела. Се совпаѓаат и снимки и документи. И тие докази ќе ги цени суд.[DOUBLEPOST=1505656488][/DOUBLEPOST]
И да е така обвинителството требало да отвори предмет и да повика сведоци и да направи увид во документи.
Исстото се случува и со нелегалните снимки на странски служби. 5 години секој дебн се објавувани, кажувани на ТВ на радио во весници... јавен обвинител ниу еднаш на кажа “дај да видиме за што станува збор“
Самиот факт дека веќе се во бекство највисоките владини функционери и припадници на партијата на власт кажува дека се случувале криминали од колосални димензии, но сега оставени без подршка и логистика на обвинителство и судови почнуваат да се одвиваат праведни правни процеси во сега слободна демократска Македонија[DOUBLEPOST=1505656601][/DOUBLEPOST]
ете само ти посочи еден пример каде се вршеле или се обиделе да се направат манипулации со сбвенции врени неколку милиони евра, а такви примери во Македонија имаше иљадници за овие 10 години, така да од 100.000 примери, по милион евра во просек тоа се сто милијарди евра
А бе дали е осуден.Не вакви такви снимки.Судот тоа ќе одлучи.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Што треба земјоделците да вложат во системи за наводнување и патишта!? Јас колку што сум информиран и земјоделците се граѓани на оваа држава, плаќаат даноци исто како и сите останати. Не е должност на земјоделецот да вложи во овие работи, должна е државата да ги изгради тие хидросистеми кои патем постојат, некој ги градел во некое друго време и друг систем на уредување но ние денеска како што стојат работите не сме способни ниту да ги одржуваме. Државата ги даде тие хидросистеми во најголем дел во приватни концесии кои му наплаќаат на земјоделците за наводнување на земјоделските површини одреден надомест. Уште да имаше и вода во летните месеци и помалку дефекти во мрежата тоа ќе беше супер ама не е.
Во теорија сите овие работи добро звучат, но ќе ве замолам да го прочитате мојот предходен пост каде со едноставни примери се опишани дел од состојбите со кои земјоделците се соочуваат. Ова се состојби кои се наш проблем, без компарирање со состојби во други држави.
Регистриран земјоделец плаќа данок на добивка до одредена сума. Истиот тој кај нас плаќа пензиско и здравствено осигурување од негов џеб. Тој исто така е избришан и од агенцијата за вработување и се води како вработено лице. Воала! Една од магичните мерки на Грујо за намалување на невработеноста.

Исто некој зборува за одгледување на култури кои се поисплатливи. Живо ме интересира кои се тие култури и како ќе успеете преку ноќ да убедете тврдокорен традиционален земјоделец со трактор фергусон од бивша ЈУ да се рекфалификува за одгледување на некоја друга култура различна од онаа која ја одгледувал тој и неговиот татко и дедо со години наназад.
Горе долу кај нас се познати културите кои успеваат. Во прилепско се вршени истражувања за замена на тутунот со некоја друга култура и утврдено е дека ниту една друга култура нема да даде ист принос, ниту приближно, како тутунот. Прилепската почва и клима се покажале идеални за производството на тутун.
И сега кои се тие култури кои со минимален влог ќе овозможат добар приход и достоинствена егзистенција за едно просечно македонско земјоделско семејство?
Немојте да ми кажете лешници. Навистина тие се доходовна култура меѓутоа за нив треба соодветна површина, пред се многу вода, системи за наводнување капка по капка и доста трпение и пари кои треба да се вложат како за нов бизнис.
Нашиот земјоделец и граѓанин нема храброст да влегува во такви ризици и бизнис потфати кои ќе го натераат да ја напушти неговата комфорт зона.

Затоа сите овие промени бараат доста време, средства и посветеност на државата за едукација на земјоделците и имплементација и тоа на подолг рок.
Во теорија работите звучат убаво но во пракса се малку покомплексни за да се спроведат, особено кога се работи за нашето поднебје.
 
V

viktora

Гостин
За оваа набавка збориш или некоја друга :giggle:

http://plusinfo.mk/vest/126253/i-nabavkata-na-morskite-plodovi-ja-potpishal-jolevski

Она што ВМРО-ДПМНЕ го нарекува набавка на морски плодови е набавка потпишана во јануари 2017 од Јолевски и во најголем дел опфаќа набавка на риба.
А што сакаш Геро да напише?Рада е набавила?[DOUBLEPOST=1505663502][/DOUBLEPOST]
кој е осуден?
Грујо.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Абе што туку тресите зелени, најголем дел од вас немаат допирна точка како функционира земјоделието во државава, правите муабети рекла-казала.
Проблематиката конкретно во земјоделието е поопсежна и субвенционирањето е само еден сегмент.
Факт е дека треба промени во законите за субвенционирање во земјоделието но изјавата на Заев не држи вода и не го решава проблемот туку го продлабочува.
Вистина е дека субвенциите во глобала кај нас служат повеќе како социјална мерка и како метод за поткуп пред избори, ширење популизам и манипулирање со земјоделците, тоа е факт.
Меѓутоа најпрво треба да се реши проблемот со откупот на повеќето земјоделски култури. Говориме за пазарна економија но тоа незначи дека државата не треба да интервенира во откупот и да ги заштити земјоделците од манипулации со цените. Државата нека издејствува фер цени врз откупувачите, да биде медијатор помеѓу земјоделците и трговците. Во суштина кај голем број земјоделски култури тоа е и најголем проблем, пласманот и цената.
Кај нас воопшто не постои преработувачка индустрија за земјоделски производи која ќе врши откуп на истите и со тоа ќе се постигне додадена вредност на производот. Ќе се пакува и ќе се извезува надвор.
Колку преработувачки центри кај нас постојат за овошје и зеленчук?
Некаде прочитав дека Грујо пред некоја година му продал пченица на мелничарите по пониска цена од државните резерви па кога дошло време за откуп мелничарите немале интерес да ја откупат пченицата на земјоделците. Општ познат факт е и увозот на поефтина пченица од Србија.
Доколку се овозможи сигурен пласман и цена тогаш субвенциите воопшто и нема да бидат потребни.
Разликата од реалната откупна цена која треба да се исплати и цената по која откупувачите ги купуваат змјоделските производи ја надополнува државата преку субвенции.
Всушност државата им мачка очи на земјоделците со нивните тешко заработени пари и ги прикажува како помош. Јас воопшто не се сомневам дека тоа е и договор меѓу државата и откупувачите.

Друга работа е и доделувањето на земјоделско земјиште и механизација. Какви само малверзации се прават тука.
Некои преку ноќ се претворија во газди и земјоделци а дотогаш немале никаква допирна точка со земјоделието. Зедоа цели парцели со најплодно земјиште под концесија, поклон од државата и истото го даваат под кирија на сироти земјоделци на кои земјоделието му е единствена егзистенција и не можеле да го поткупат службеникот во агенцијата за земјоделие и да добијат дел од земјиштето.
Некои преку фондовите за развој и подршка на земјоделието финансирани преку фондовите на ЕУ зедоја по пет трактори, целокупна земјоделска механизација со поврат на средства во некои случаеви и до 90%. Вистинските земјоделци не добија ништо.

Во сточарството, конкретно во делот на одгледување на овци субвенциите се единствениот профит кој на крајот од годината го остваруваат сточарите. Пласманот и цената на јагнешкото ее катастрофа, дури и да не постои. Пласман на млекото нема па во најголем дел сточарите од него прават сирење и го продаваат на приватни купувачи.
Слична е состојбата и во говедарството. Сточната храна е скапа па единственото нешто што го прават исплатливо сточарството се субвенциите. Без нив оваа гранка кај нас комплетно ќе колабира. Заклучок, потребен е сигурен пласман и разумни цени за откуп.

Во делот кај субвенционирањето на тутунот. Општо познато е дека тутунопроизводството кај нас е една од најдоходовните гранки но истовремено и една од најтешките култури за одгледување.
Предност тука е што откупот е горе долу обезбеден. Кај нас постојат неколку откупни центри, Прилепскот тутунски комбинат, Битолски Сокотаб, Кавадарци - Алијанса и.т.н. Сите овие центри се со доминантен странски капитал, освен прилепскиот каде откупот сеуште го врши државата. До неодамна беше а можеби сеуште е и голем загубар. Дел беше откупен од Филип Морис во партнерство со државата, мислам делот за производство на цигари. Нејсе, факт е дека најголемиот девизен прилив државата во делот на земјоделието го остварува преку тутунопроизводството, некаде преку 100 милиони долари годишно.
Тутунопроизводството е култура која како и сите други во голема мера зависи од временските услови. Некои години носат поголем квалитет и поголем принос и обратно. И тоа е вон моќта на земјоделците.
Заев изјави дека нема да се исплаќаат субвенции кај оние производители кои ќе остварат помал род од предходната година. Па зарем секој земјоделец не се моли на Господ секоја година за поголем принос? Што е виновен земјоделецот доколку на иста површина или поголема површина засаден род од Х причини ( најчесто временски непогоди ) не го постигне родот од предходната година а направил повеќе вложувања, изорал и засеал поголема површина?
Конкретно во тутунопроизводството годинава приносите ќе бидат помали заради големата суша во текот на летото.
Најголем проблем при откупот на тутунот е цената во класите. Постои огромна разлика помеѓу цената за прва класа откупен тутун и пониските класи, посебно трета, четврта класа. Цената за прва класа откупен тутун е 280 денари, за втора класа е 195, трета 142, четврта 60 денари за откупен килограм тутун. За пониските класи воопшто и да не разговараме.
Доколку цените од пониските класи за понеквалитетниот тутун се зголемат и се приближат малку до повисоките во тој случај нема да има воопшто ни потреба од тие 1 евро за килограм субвенции.
Субвенционирањето во тутунопроизводството за 1 евро по килограм откупен тутун направи огромни дисторзии бидејќи во производството се вклучија и некои моќници кои поврзани со власта и откупивачите направија голем бизнис иако никогаш не се појавиле на нива.
Тие зедоја огромни површини земјоделско земјиште кое државата им го додели за џабе. Со субвенциите кои државата му ги исплаќа на крајот тие ги исплаќаат аргатите, обичните работници кои ден и ноќ берат тутун на нивните плантажи додека тие си го ладат со други бизниси настрана. На крајот од годината парите од предадената количина откупен тутун му остануваат бакшиш. Тие не се секираат за квалитетот тука за количината. Колку повеќе предаден тутун толку повеќе исплатени субвенции. За цената не се секираат многу бидејќи редовно ги подмитуваат проценителите на тутун за да му дадат една класа повисоко од заслужената.
И за крај погодете кој го плаќа цехот од ваквата зделка? Обичниот ситен земјоделец кој ја прехранува фамилијата од парите за предаден тутун. Него ќе му дадат една класа пониско за да компензира со класата која му ја дале при откупот на локалниот моќник. Доколку него му дале прва класа на сиромавиот ќе му дадат 3 класа и кога на крај ќе се сумира просекот е 2 класа или околу 190 денари. Тоа е истата просечна цена за откупен тутун која ја слушате секоја година на телевизија и викате: "Пу бе да ти ебам то тутунарите се рушија од пари земање, затоа ќе купуваат станови и куќи по Скопјево". Меѓутоа најголемиот дел земјоделци едвај сврзуваат крај со крај заради ваквите практики и заради оние поврзани со власта кои им го земаат лебот нив и на нивните деца од уста.

Кога Заев ќе се погрижи за сите овие работи и многу повеќе, кои го тиштат македонското земјоделие со години, тогаш ќе разговараме за модерно земјоделие. Дотогаш субвенциите кај нас едниствено ќе служат за манипулирање со гласови пред избори и како социјална мерка а не како мерка за зголемување и унапредување на производството.
:aplauz::bravobe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Па ако понудата и побарувачката ја диктира цената не треба да важи истото и за платите ?
значи збориш за 2 различни категории. Едната ги плаќа сите даноци, давачки кон државата и добива минимална загарантирана гранковна плата за која не добива субвенции ни денар. Од друга страна збориш за фиктивна цена која ја дујат прекупците и земјоделците и врз која се даваат субвенции по триста основи. Збориш за 2 сосем различни нешта. Домашните произведуваат 3-3.5 тони/ха, Ук произведува 8 тони/ха, просек ЕУ е 5-6 тони/ха пченица. Ја гледаш разликата?
И да те корегирам. Цветков не само ја, ретко кој овде го споменал или го критикувал. А како министерство и агенција, влада и партија, одговорни се и те како.
Не ни ја надополнува преку субвенции, чист пример кило вранец во Македонија се откупува за 13 денари
Истиот вранец во Црна Гора оди 30-40 денари значи ценовна разлика најмалку 17 денари
ама ти ги кажав бројките. Абе од многу фактори зависи, што си се фатил за ЦГ? Дали знаеш колкава им е куповна моќ, колку им е производна цена на чинење на 1 кг, колку имаат извоз, колку побарувачка од винариите, какви шеќерни единици, кои сорти...и уште миљон параметри за ова да го споредуваш. Зошто нашинци идат у ЦГ да работат? Ај малце пошироко размислувај.
Ако X земјоделец произведе во македонија 50 тона грозје вранец ќе земе 10к евра додека ако е реална цената 30 денари како што е во Црна Гора ќе земе 25к евра.
Значи земјоделец тука зима 15к евра помалце, а државата ќе му даде највеќе 1500-2000е субвенции за таа тонажа
вака пишување од ракав најмногу ме мрзи да реплицирам. Дали ја знаеш цената на производство на кг грозје овде и ЦГ? Фармгејт прајс, продакшн прајс? И тие милион параметри кои ти ги посочив? И цигарите горе се продаваат 5-10 евра пакло ама јбг. Го прашал некој таксистот или производителот на шајки колку заработил денес па да му дае субвенции некакви? Или колку е кило шајки или 1 км овде и горе па ај сеа како ќе ни одговара ќе споредуваме. Абе дај со таа ЦГ.
Третпати ти повторувам. Субвенции без резултати треба да се укинат и парите наместо во непродуктивно трошење да се пренасочат на друго место.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
100 милиарди ДемирХисарски Евра
Можеби и не се толку, но тоа гледај го како своја корист пошто во следни децении ќе можеш секогаш да ми префлаш “ГЛЕДАШ ДЕКА НЕ УКРАЛЕ СТОТИЦИ МИЛИЈАРДИ ТУКУ САМО ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА“[DOUBLEPOST=1505666196][/DOUBLEPOST]
Се уште не е иако целата Македонска и светска јавност се увери дека постојат цврсти и несоборливи докази против него во неколку десетини случаеви поврзани со криминалите на власта
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.242
Поени од реакции
16.384


лесно му е на зајко , диме дриверот му го наполни буџетот...уште сите пратеници од сите партии да вратат бар пола од парите за превоз ( што сега се рачунаат на потрошувачка бензин 60л/100км) ќе се опраи донекаде буџетот, нема да се тресеме шугар бејби што набавила лешници и морски плодови:cool:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
лесно му е на зајко , диме дриверот му го наполни буџетот...уште сите пратеници од сите партии да вратат бар пола од парите за превоз ( што сега се рачунаат на потрошувачка бензин 60л/100км) ќе се опраи донекаде буџетот, нема да се тресеме шугар бејби што набавила лешници и морски плодови:cool:
ова каење и враќање на украдени пари нема да значи и дека нема да робијаат за таков криминал
Со ова само признаваат за десетици иљади злоупотреби на државни пари
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Што треба земјоделците да вложат во системи за наводнување и патишта!? .
не знам што си прочитал. За инфраструктурата е виновен градоначалникот, каква и да е, кој и да е. Ако го наградувате со 3-4 мандати узастопце, тоа е ваш избор/проблем. За системите за наводнување, долга е. А бтв, сигурно знаеш за системот капка по капка од УСАИД од пред 4-5 години? Клечовце, Лопате, Пелагонија...
Исто некој зборува за одгледување на култури кои се поисплатливи. Живо ме интересира кои се тие култури и како ќе успеете преку ноќ да убедете тврдокорен традиционален земјоделец со трактор фергусон од бивша ЈУ да се рекфалификува за одгледување на некоја друга култура различна од онаа која ја одгледувал тој и неговиот татко и дедо со години наназад.
а што јас пишувам, прстите пена ми фатија. Дека производството е нископродуктивно и инертно. Епа не може чевлар Амо со алат и модели од лански век, без маркетинг и се по список да заработи повеќе од една Штипска фабрика за чевли со сите салтанати.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom