S
silmarillion
Гостин
Муабетот е ВМРОвски и е најсмешен на цел свет затоа се спрдачам со тоа.Кај ќе речиш, таму бев. Ти кај беше ? И каква врска има тоа со муабетот?
Оставија за момент политиката, овој муабет нема никаква врска со политика. На сите повеќе или помалце ни е јасно зошто Заев не ја објави конкретно оваа бомба ако воопшто ја имал и неговите постапки воопшто не ме изненадуваат барем околу тоа. И политичкиот дел завршува тука. Но зошто вие молчите и преќутно го одобрувате тоа наместо да инсистирате таа да излези на виделина каква и да била таа. Не се работи тука за некој тендер или кој што јадел во кафана па ајде нема везе. Работата беше барем според најавите многу поголема од тоа и во секој случај надпартиска. Верувам и ден денес си стојам на тоа дека не постои Македонец што да му се даде шанса нема на лице место да му пресуди на тој или тие кои се одговорни за тоа ма какви и да им биле мотивите па кој сака нека биди. Било ВМРОвец или СДСМовец , неутрален или било каков. Едноставно нема оправдување за такво нешто. Остај ние тука на форумот што си играме политика и што најчесто тепаме време и одвреме не време си ги мериме. Сериозно дали цената за необјавување на таа бомба ја плативме со тоа да Заев добие мнозинство во парламентот и да формира влада. Толку вредеја животите на децата? Една помочана коалиција. И тебе и на другите ви е ок тоа? Срамота.
Јас таа бомба сакав да ја објави прва, имаш можност пребарај по клучни зборови со мојот јузер, не е тешко. Она што ја би те прашал е, од кога на тебе снимките на Заев ти станааа релевантни, вистинити, и по кои можат да се превземат некакви дејствија? Зашто не беше вака грлат уште у сам почеток на објава на снимките? Зашто не упати јавен повик со тагнување на Serpico кој патем е Бетмен, на сите тие нивни протести јавно на микрофон да побара веднаш пуштање на снимката за Смилковско која ќе биде прифатена како автентична и вистинита?
Заев е калкулант сега пошто му ја даде Грујо шансата да калкулира со тоа што глумеше болен мајмун дека биле точни, полуточни и неточни разговори и дека биле лепени сечени монтирани снимани у комбе. Епа сеа, прво ќе се соберете у штаб ќе договорите стратегија па после ќе дејствувате. Ама знаеш, после 10 години максимално ебење се што оди на две нозе и кога ќе ти напраат кастрација одеднаш незнаеш кај тераш.
Животите на децата знаеш колку вредеа? Колку една частовка у Воденица за 500 еура ете толку вредеа. За тоа што точно се случило таму ќе се дознае кад тад, дали од Заев дали од некој трет. Дали стварно децава биле на гости у Ѓорче претходно, дали стварно е со нарачка за да се скријат некакви срања што ги правел некој трет а децава наводно снимиле со телефон. Ќе видиме што ќе се издеси. Ама нека не те гаѓаат вакви претпоставки, пошто вие 10 години на база на претпоставки шљифувани од Миленко и компанија зацрнивте фамилии и фамилии и одселивте многу наши блиски пошто тоа ви беше душевна храна. Сеа ќе ќутите и ќе пушите малце.