Ми доаѓа да напишам поема со наслов, Кога сендвичите пиштат, или Плачот на последниот сендвич, или така нешто.
Срце ми се кине.
Т'га за власт
Сончогледов плашт как да си метнех
и во победничка стр'на да си побегнех!
државна цицка пак да си фатам
плата да земам, врата да клатам
да видам ЕЛЕМ, здравство да видам
да видам тендери дали и сега
ќе се местат како и до сега.
Ако пак тамо сендвичи нема,
Ако поткуп никој нејќе да зема
на п'т службени ја ќе се стегнам
и в други стрни ќе си побегнам,
кде договор за екстрадиција нема,
кде мито и корупција се во шема.
Овде је мрачно и страв ме зафаќа
за криминал време е да се плаќа,
Талир, Траекторија и Тревник
не ме пере ни Латас со неговиот дневник,
на ТВ Ленче и Катица се вртат,
в мисли зандани и мене како ме тртат
Не, ја не можам овде да седам
не, ја не можам пораз да гледам
дајте ми крилја ја да си метнам
и на власт да си прелетнам
матни зделки ја да си правам,
на Миле ми текна да му се јавам.
Тамо Сваровски судии правда делат
и судски случаи в фиоки чемреат.
Тамо законите партиски сила
со сета раскош ги заобиколила.
Барокни споменици гледаш се белеат
но по два месеца истите зеленеат.
Плоштад погледнеш или планина
сегде Божева је кичерајина.
В Идризово на зајдисонце на клавир да свирам,
Дурло да пее, ја да умирам.