Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Не знаев дека во законот така било. А Кина, Русија и В Британија не треба ли дадат, како членки во ОН со право на вето?[DOUBLEPOST=1493544500][/DOUBLEPOST]
Ова го потврдува странското мешање и наметнување сценарио на насилен начин. Односно, се прави насилство врз волјата македонскиот народ во неговата држава.
Одлично.

Нормално е кога си неспособен како поединец да погледнеш подалеку од сендвичот некој друг да ти ја води државата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
@Ireal Da de, kechap e koristen.
веднаш го избришаа кечапот и направија тв интервјуа...
. голема работа површинско раскрвавување.. .јас кога имав на времето сообраќајка, бев раскрварен од страничното стакло и цајканот запиша јас да одам во болница, ама не отидов... а го изостави совозачот од другото возило, со кое имавме директен судар, кој имаше тешки внатрешни повреди ( целта на цајканот беше да го заштити возачот на 3-то возило кое беше виновно за сударот)
.. така површинаската крв ништо не значи...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Одлично.

Нормално е кога си неспособен како поединец да погледнеш подалеку од сендвичот некој друг да ти ја води државата.
Смешно е да констатираш легитимност според странски извори. Тоа се констатира според законите на соидветната држава. Ова треба да го знае секој со капацитет и дигнитет на сопствената личност.[DOUBLEPOST=1493545502][/DOUBLEPOST]Треба сериозно да се анализира кому му прават штета, а кому поени плус тепањето на пратеници. Можеби има и други позадини. Велам, можеби, не тврдам ништо.
 
A

apidrone

Гостин
Смешно е да констатираш легитимност според странски извори. Тоа се констатира според законите на соидветната држава. Ова треба да го знае секој со капацитет и дигнитет на сопствената личност.
Законите на соодветната држава (во конкретниов случај Македонија) се урнисани од истите луѓе што сега се тн. легалисти. Истите што цвикаат дека изборот на спикерот е нелегитимен, донесоа буџет за 2013та година на не нелегитимен, туку на криминален начин, со брутално исфрлување на новинарите и пратениците од опозицијата. Значи ако веќе си вовел некаква пракса, ќе мораш да ја почитуваш кога друг ќе го направи истото.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Смешно е да констатираш легитимност според странски извори. Тоа се констатира според законите на соидветната држава. Ова треба да го знае секој со капацитет и дигнитет на сопствената личност.
Чекај бе Уставник, сега ќе ти објаснам. Македонија од осамостојувањето до денес не успеа да избере некорумпирана власт. Ниту една. Сите беа арамии здивени од власта. И тука не зборувам за ситна корупција во стилот премиерот лапна некое хотелче, туку за корупција во која кликата на власт, односно луѓето од најтесното раководство стануваа во 4 години мандат најбогати луѓе во Македонија. Аздисани. Корупцијата постои во секое општество, до одреден степен. Некаде, како во Швајцарија, е сведена на шише виски. Најуспешни општества се оние со најмал степен на корупција.

И пази сега уставник, народот во Македонија со бомбите доби шанса да се пресмета со корупцијата. Наеднаш ја видовме владеачката гарнитура во цела нивна беда. Напучени, со турнати гаќи. И наместо да ги сотреме тие ви дадоа по некој сендвич и вие почнавте да релативизирате, сите се исти, и другите пак ќе крадат, и слични срања.

И сега ти нешто ломотиш за Уставот, како била прекршена процедурата, во држава во која СИТЕ СЛУШНАВМЕ како законите и Уставот служат за мајтпап. Сега странци ќе одлучуваат што е уставно кај нас. Нормално, ние се покажавме неспособни сами да го правиме тоа. Имавме историска шанса да станеме државотворен народ, одбравме сендвич.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
Mora da si ironicen so postov.
Го блокираа веднаш видео клипот, ама испаднаа и слики како грубиот, ( идниот министер на МВР во реформската влада на кокорајко) се поздравува со насилниците ..
.. а ајде да видиме слика кој и како го тепал зијадин ????
Ако навистина претрпел сериозни повреди треба да дознаеме од кој, важно веднаш се откри кој и ја суредувал фризурата на шугар бејби......[DOUBLEPOST=1493546193][/DOUBLEPOST]
Законите на соодветната држава (во конкретниов случај Македонија) се урнисани од истите луѓе што сега се тн. легалисти. Истите што цвикаат дека изборот на спикерот е нелегитимен, донесоа буџет за 2013та година на не нелегитимен, туку на криминален начин, со брутално исфрлување на новинарите и пратениците од опозицијата. Значи ако веќе си вовел некаква пракса, ќе мораш да ја почитуваш кога друг ќе го направи истото.
разликата е во тоа што ЕУ го осуди исфрлувањето на пратениците, а кој всушност физички го спречуваа собранискиот спикер да го отпочне гласањето за буџетот...
..овдека ЕУ молчи за спречувањето на пратениците кој не добиле збор да дискутираат, посебно што е парадоксално не се дозволи да има предлагање на повеќе кандидати што е демократско право и пракса....
 
Разликата е во тоа што спикерот ги спречи опозиционерите кои не добиле збор да дискутираат со тоа што нареди да ги исфрлат.
Овдека спикерот им дозволува на сопартијците до бескрај да си реплицираат самите на себе со напишани реплики на пусулче. Што не кандидираа спикер ако имаа намера такво нешто да направат?
 
G

Goldie

Гостин
Го блокираа веднаш видео клипот, ама испаднаа и слики како грубиот, ( идниот министер на МВР во реформската влада на кокорајко) се поздравува со насилниците ..
.. а ајде да видиме слика кој и како го тепал зијадин ????
Ако навистина претрпел сериозни повреди треба да дознаеме од кој, важно веднаш се откри кој и ја суредувал фризурата на шугар бејби......
Груби е во крилото на ДУИ што е про ДПМНЕ-овско настроено, така да не е ни чудно што истиот не ни пробаа да го нападнат.
Сигурно такви интрукции им имаат дадено да не го чепкаат нивниот..
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
http://www.libertas.mk/video-dodeka-zaev-i-ostanatite-gi-mavaat-i-gagaat-artan-grubi-slobodno-si-pominuva/

Го имаш до тебе човекот кој вадеше лисици на Кале, јавно на тв викаше дека Учк владеела со Македонија, и ти му се тргаш да помине. Најпатриотскиот чин во целата работа. Ама добро тие сакале Македонци да тепаат, во ред, надвор пред вратата имаш десетина кои изгласаа амнестија, ама нив не смее да се тепаат. Па како да се тепаат кога еден од нив додека Талат дава заклетва збори на телефон, а после кога има народ во собраниската сала тој прави муабет со некој од патриотите.
Лажен патриотизам на дело.
Шо ви реков, како не се нафати некој на кладба. :Pos:

Еххх бе ќосина едни, па после на фб ќе ја редите онаа од Делчев, за изродот македонски.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Груби е крилото на ДУИ што е про ДПМНЕ-овско настроено, така да не е ни чудно што истиот не ни пробаа да го нападнат.
Сигурно такви интрукции им имаат дадено да не го чепкаат нивниот..
Целата платформа е дело на Аљи и протендерското крило околу него. Тоа после настаните од четвртокот стана совршено јасно. Аљи не сака да коалицира со Заев, но е притиснат од надвор, а и од сопственото гласачко цело. Најидиотски во целата ситуација изиграа БЕСА и Села, кои се покажаа како тотални политички аматери со седнувањето на маса со Ањи и платформата. ДУИ беше на граница да прсне и да се распадне, тие ги вратија во живот. Глупаци.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
Груби е крилото на ДУИ што е про ДПМНЕ-овско настроено, така да не е ни чудно што истиот не ни пробаа да го нападнат.
Сигурно такви интрукции им имаат дадено да не го чепкаат нивниот..
груби е проЕУ ( холандски) настроен..., а и близок со брдото, јас мислам дека тој е дел од мозокот кој го смисли циркусот ; дпмне ја подржуваше простата маса , ама тие со качулките се дел на посебно сценарио...
..Не ми е јасно само зошто пратениците од дпмне не направија како нивните колеги од сдсн на 24. декември ?? ..тогаш што, Мисовски ќе одеше на скали да организира гласање ??
Патем, ако не бил Али и Тачи и тие од Беса, колку гласа воопшто добил Талат ??
 
V

viktora

Гостин
веднаш го избришаа кечапот и направија тв интервјуа...
. голема работа површинско раскрвавување.. .јас кога имав на времето сообраќајка, бев раскрварен од страничното стакло и цајканот запиша јас да одам во болница, ама не отидов... а го изостави совозачот од другото возило, со кое имавме директен судар, кој имаше тешки внатрешни повреди ( целта на цајканот беше да го заштити возачот на 3-то возило кое беше виновно за сударот)
.. така површинаската крв ништо не значи...
На Телма за време на интервјуто се жали дека добил потрес на мозок.Па да имал потрес би бил во болница а не да сере во Телма.
 
S

silmarillion

Гостин
груби е проЕУ ( холандски) настроен..., а и близок со брдото, јас мислам дека тој е дел од мозокот кој го смисли циркусот ; дпмне ја подржуваше простата маса , ама тие со качулките се дел на посебно сценарио...
..Не ми е јасно само зошто пратениците од дпмне не направија како нивните колеги од сдсн на 24. декември ?? ..тогаш што, Мисовски ќе одеше на скали да организира гласање ??
Патем, ако не бил Али и Тачи и тие од Беса, колку гласа воопшто добил Талат ??
Крвава сообраќјка, шината нога у Вурвуру...колку животи имаш ти човече???
 
G

Goldie

Гостин
Целата платформа е дело на Аљи и протендерското крило околу него. Тоа после настаните од четвртокот стана совршено јасно. Аљи не сака да коалицире со Заев, но е притиснат од надвор, а и од сопственото гласачко цело. Најидиотски во целата ситуација изиграа БЕСА и Села, кои се покажаа како тотални политички аматери со седнувањето на маса со Ањи и платформата. ДУИ беше на граница да прсне и да се распадне, тие ги вратија во живот. Глупаци.
За првиот дел потполно се согласувам, ама за седнувањето на Беса и Села на маса со Ахмети мислам и дека немаа премногу опции. Ако одбиеа да седнат веднаш ќе беа окарактеризирани како предавници по сите медиуми кај Албанците и ДУИ ќе испаднеше бранител на Албанските интереси, вака барем се на некоја иста позиција како што беа и пред изборите. Секогаш може да му вадат низ нос на Али што беше 10 години на власт со ДПМНЕ и дека треба да ги исчисти и сопствените редови од криминалците

Јас верувам дека Беса пред се ќе му земе уште некој пратеник на Дуи на наредни избори..

груби е проЕУ ( холандски) настроен..., а и близок со брдото, јас мислам дека тој е дел од мозокот кој го смисли циркусот ; дпмне ја подржуваше простата маса , ама тие со качулките се дел на посебно сценарио...
..Не ми е јасно само зошто пратениците од дпмне не направија како нивните колеги од сдсн на 24. декември ?? ..тогаш што, Мисовски ќе одеше на скали да организира гласање ??
Патем, ако не бил Али и Тачи и тие од Беса, колку гласа воопшто добил Талат ??
Груби, Али и сл беа блиски до ДПМНЕ и имаа најголема корист од таа власт затоа тешко оди раскинувањето сега..

Сдсм 49 пратеници + 9 од Дуи (без Али) ти се 58 + 3 од Села ете ти ги потребните 61 што не е јасно ?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Законите на соодветната држава (во конкретниов случај Македонија) се урнисани од истите луѓе што сега се тн. легалисти. Истите што цвикаат дека изборот на спикерот е нелегитимен, донесоа буџет за 2013та година на не нелегитимен, туку на криминален начин, со брутално исфрлување на новинарите и пратениците од опозицијата. Значи ако веќе си вовел некаква пракса, ќе мораш да ја почитуваш кога друг ќе го направи истото.
Значи, ја потврдуваш нелегалноста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom