Ако лично за тебе некои други времиња биле полоши од овие денешниве, не значи дека општо тие времиња се полоши, односно дека за сите било тоа така.
Таман работа дека за сите било така. Такво нешто не постои никаде во нити една држава во светот. И во средниот век на некој им било сосем добро и си живееле поприлично лагоден живот. Соодносот е битен . На колку им било убаво спрема овие другите. Ама нема везе,џабе го тупиме. Ако одиме по логика на настаните јас ке излезам за неколку години и ке си гласам, ти најверојатно ке излезиш многу порано на протести со цел да го изразиш твоето демократско право незадоволен од изборот што си го направил пред некој месец или така нешто со цел да смениш нешто. За се има првпат , па и СДСМ да прифати предвремни избори оти народот така сакал.
Македонците од петни жили да бараат и посакуваат Албанец да ни биди втор човек по важност во државата, до толку да се спремни и да загинат поради тоа. Небитно дали тоа бил Талат или било кој друг рандом Албанец. Што ке биди следно? На следните претседателски избори да бираме помеѓу Али и Села ( пример онака )пошто македонските партии нив ги кандидирале како најсоодветен избор
Одлучувал победникот, во минатото, кога информациите ти биле сервирани од прв, на трет, на петти човек, преку братучеди, до внуци и разно разни муабет. Сега, одлучува здравиот разум.
Грешка си Пеја за ова. Историјата ја пишува победникот. Одсекогаш било така и како што можеш да видиш низ светот и денес не е ништо променето. Едните се добрите, другите ке ги покрие црната земја. Толку. Е можи по 20-30 или повеќе години ке излези друг муабет па постхумно некој ке биди рехабилитиран и прогласен за херој. Како Џемаил Хасани на пример
.
И веќе кога сме кај тоа , ете според тебе кој се кој во нашиот случај. Кој се предавниците а кој се патриотите? Не мислам на Груевски, Заев или некој со име и презиме да ми кажиш. Онака општо.
И за мене, чисто ти давам пример како си нагаѓаме и си пуштаме шпекулации во темава.
Така де рековме. Само на повеќето слабо им оди нагаѓањето, за шпекулирањето ич да не правиме ни муабет.
Што велиш ти вака по твое, сега засега како ми оди мене. Погодив нешто или само тропам зелени?