Омраза? Емоција? Ти мислиш дека ти лично или ВМРО како колектив или било кој што не ми е од блиски пријатели и фамилија се вредни за емоција?
Дечко збориме реални муабети овде, пари нема, аш. Иде време на ембарго, на изолација, на немање пари, на бркање од работа. Иде време сјебано. Тргни емоциите и патриотизмот и национализмот на страна, почни да размислуваш трезвено иако е касно веќе. Верувам дека имаш фамилија оставено во МК, па барем за нивна љубав почни да размислуваш како што треба. Дали ќе се викала Македонија или ФИРОМ или у загради прегради незнам веќе што, нив лебот на маса нема да им зависи од тоа.
Не бе бате Владе, се ќе одеше како подмачкано да не украдоа овие миљарди државни пари. Да не не задужеа за истите по разни белосветски лихвари кои ќе си дојдат по своето за брзо време. На Грујо никад нема да му биде заборавено што по 10 години успеа да воскресне мртва умрена партија како СДС. Немаше потреба од националистичка политика која му е неприродна на Грујо, туку во неговите говори импровизира император и војвода. Не му личи. Шмирглан е у Белград и Германија каде што го спремаа како да задужи држава, земе провизија за тоа, и остане на власт. За жал не му кажаа дека кад тад секој криминал испливува на површина, а во најчест случај се случува кога ќе се заебеш сам во својата игра.
А можеше да биде мнооогу поинаку, за што впрочем и го гласавме на почетокот.