Случај ЗАЕВ - генерална дискусија

  • Креатор на темата drle
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Постапката на Претседателот за аболиција, е во согласност со уставот и законите, гледано од правен аспект...и точка.
Друга работа се политичките консеквенци, позитивни или негативни, кои ќе ги сноси Црвенковски како последица на неговата одлука.
Всупност, и аболицијата треба да има макар формално-правно образложение. Во случајот, образложението на Претседателот е /парафразирано/ за стабилизирање на парламентарната демократија во Македонија со цел убрзување на процесите кои ќе ни донесат позитивно мислење во извештајот на ЕУ за Македонија.

Прилично европски потег на Претседателот Црвенковски кој покажува дека сме спремни за секакви позитивни оцени.

Инаку, според моето толкување, АБОЛИЦИЈАТА се применува врз ЛИЦА а не врз случаи. Со примена на аболицијата, прекинува гонењето на лицето кое е аболицирано, дури и да постои основано сомневање (читај:доказ) за сторено кривично дело. Значи, доколку Зоран Заев беше клучниот играч за спасување на Македонија, македонската парламентарна демократија и спречување на тоталитаризмот (колку моќно ова звучи, а? :) ) и доколку Зоран Заев е аболициран - НЕМА причина ова да важи и за другите лица, бидејќи АБОЛИЦИЈАТА не го брише делото од архивата, него ја брише личноста на ЗЗ од делото.

Мејкс сенс?

едит:
Другите обвинети не се лица од државен интерес па немаше ни право прецеднико да ги помилува. Во законот стои дека са помилува ЛИЦЕ а на кривичен предмет. :nenene:
А така.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ај сега ако си фер, протумачи ми го ова. Закон за аболиција непостои, постои закон за помилување. По член 11 од тој закон БЦ можи да помилува некој ако има повисок државен интерес (пр. како шо викате да се врати опозицијата во парламент ако биде ослободен зз). Другите обвинети не се лица од државен интерес па немаше ни право прецеднико да ги помилува. Во законот стои дека са помилува ЛИЦЕ а на кривичен предмет. :nenene:
Друже....како што напишав.
За се друго постои Уставен Суд, и ако некој мисли дека Претседателот со неговата одлука го загрозил уставот и законите, треба да побара објаснување и толкување од институцијата чија работа се токму ваквите спорови.
А ние тука може да си бараме дупчиња во законот до утре сабајле.:helou:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Еве која е реалноста:

Заев станува градоначалник на Струмица и гледа во центарот едно место кое е идеално за инвестирање,доколку успее да состави документација за градба.Си наоѓа инвеститори,добро нафатирани од предходните “можности“ во државава,си наоѓа прилично добар архитект(не како Канческа-Милевска која од архитектура нема три чисти ама го споеба Скопје со непристојни предлози) и постапката започнува.Се штелуваат тендери како и во секоја општина,се узурпира по 100-200тина квадрати земјиште на оние кој не сакаат да им го продадат на инвеститорите по толку ниски цени,и градбата започнува.
Инвеститорите даваат 4-5 милиони евра,и одкако е изграден Глобал ги продаваат дуќаните и си инкасираат 12 милиони евра од “сиромашните“ Струмичани кој ги гледаме секоја година како кукаат затоа што не можеле да преживеат од макотрпната работа со земјоделски производи.На дел од ДПМНЕовците им се снеарнува од вртоглавата цифра која ја заработиле инвеститорите па почнуваат да бараат влакно во јајцето,ама убавината на грандиозниот објект им ги поматува плановите,па така сопствениците кој купиле дуќани од страв да не ги изгубат ја мобилизираат цела Струмица и Бранко добива дополнителен мотив да го аболицира Заев.ДПМНЕ попуши овојпат токму поради ненавремена интервенција која покрај тоа беше и лошо испланирана од некадарните “експерти“ на Гвујо или пак тоа беше договор помеѓу старите пријатели Бранко и Никола кој си овозможуваа врвни функции манипулирајќи со членството на двете најголеми Македонски партии.Се сеќава ли некој дали Бранко ќе беше председател доколку Гвујо со “слепците“ не му обезбедеше излезност од 51%,ако се знаеше дека нема право да се кандидира по втор пат?:toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Всупност, и аболицијата треба да има макар формално-правно образложение. Во случајот, образложението на Претседателот е /парафразирано/ за стабилизирање на парламентарната демократија во Македонија со цел убрзување на процесите кои ќе ни донесат позитивно мислење во извештајот на ЕУ за Македонија.

Прилично европски потег на Претседателот Црвенковски кој покажува дека сме спремни за секакви позитивни оцени.

Инаку, според моето толкување, АБОЛИЦИЈАТА се применува врз ЛИЦА а не врз случаи. Со примена на аболицијата, прекинува гонењето на лицето кое е аболицирано, дури и да постои основано сомневање (читај:доказ) за сторено кривично дело. Значи, доколку Зоран Заев беше клучниот играч за спасување на Македонија, македонската парламентарна демократија и спречување на тоталитаризмот (колку моќно ова звучи, а? :) ) и доколку Зоран Заев е аболициран - НЕМА причина ова да важи и за другите лица, бидејќи АБОЛИЦИЈАТА не го брише делото од архивата, него ја брише личноста на ЗЗ од делото.

Мејкс сенс?
Јес мејк сенс, коа си праиме муабет колку е правилно или не е правилна таа одлука.
Но.
Правно гледано, со аболицијата се прекинува делото за кое се сомничи аболираниот, а со тоа по автоматизам аболиција ги следува и другите засегнати со истиот случај.
Правно во иднина за истото дело не смее да се покрене судски процес.
Правно, и лицето кое е опфатено со таа аболиција, во иднина не може самоиницијативно да поднесе барање за повторување на процесот.

Значи тхе енд со процесот и делото.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Јес мејк сенс, коа си праиме муабет колку е правилно или не е правилна таа одлука.
Но.
Правно гледано, со аболицијата се прекинува делото за кое се сомничи аболираниот, а со тоа по автоматизам аболиција ги следува и другите засегнати со истиот случај.
Правно во иднина за истото дело не смее да се покрене судски процес.
Правно, и лицето кое е опфатено со таа аболиција, во иднина не може самоиницијативно да поднесе барање за повторување на процесот.

Значи тхе енд со процесот и делото.
Со аболиција се ослободува од гонење ЛИЦЕ.
Ќе се натегаме сеа? :) Струмикс, ти си дипломиран правник, башка струмичанец. Дај еден ум :smir:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Со аболиција се ослободува од гонење ЛИЦЕ.
Ќе се натегаме сеа? :) Струмикс, ти си дипломиран правник, башка струмичанец. Дај еден ум :smir:
Со помилување се ослободува лице.
А со аболиција може да се прекине процес кој се води за неколку лица, се разбира во врска со истото дело.

Но ете да дадеме постручен шмек на муабетот, и да го почекаме Струмикс.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со помилување се ослободува лице.
А со аболиција може да се прекине процес кој се води за неколку лица.

Но ете да дадеме постручен шмек на муабетот, и да го почекаме Струмикс.
Плус Бранко е познат под поимот “лицето“ впрочем затоа им го спушти токму на оние кој најмногу го употребуваа истиот поим.:smir:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Со помилување се ослободува лице.
А со аболиција може да се прекине процес кој се води за неколку лица, се разбира во врска со истото дело.

Но ете да дадеме постручен шмек на муабетот, и да го почекаме Струмикс.
Ајде, а во меѓувреме само една теза од мене која ќе чекам да ја потврди или негира Струмикс, дали е во склад со позитивните законски норми :)

Значи, со помилување се ослободува осудено лице, додека со аболиција се ослободува од одговорност лицето додека предметот е сеуште во постапка.

Ако има некој правник-он-лајн, бујрум нека не просветли какви се зачини се ставаат во манџата наречена Зоран Заев последниве десеттина дена.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ova e del od dogovorot Gvujo - B.C. od 2004 godina.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Груевски: Црвенковски ќе го поразиме на избори, а не со импичмент

Премиерот Никола Груевски ја отфрли можноста за импичмент за претседателот Бранко Црвенковски поради помилувањето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, ја пренесуваат медиумите изјавата дадена денеска во Охрид.

- Ние сакаме да го поразиме Црвенковски на избори, а не на таков начин. Дури и доколку тој не излезе на изборите, тоа исто така ќе значи пораз за него - изјави Груевски.

Груевски од Охрид, сепак, побара Црвенковски да објасни кои му биле „вистинските мотиви“ за аболиција на Заев бидејќи, според него, не држи објаснувањето дека тоа го направил заради враќање на опозицијата во парламентот кога, како што рече, е очигледно дека тој всушност, самиот во сенка раководи со опозицијата.

- Со одлуката за аболиција, Црвенковски и нанесе голем удар на борбата против криминалот и корупцијата, поради што сериозно ќе мора да се преиспита, како таа во иднина ќе се спроведува - рече Груевски.

Тој нагласи дека аболицирањето на Заев е прв таков случај во Европа.
- Власта има поведено постапки против повеќемина многу блиски личности на ВМРО-ДПМНЕ, но никој од нас не побара аболиција за тие личности. Некој од нив отворено се ставија на моја страна во времето на расколот во 2004 година, но кога се поведоа кривични постапки, јас не се ставив во нивна заштита - рече Груевски.


Зрел потег.
г. Груевски слободно нека продолжи со ова темпо, игнорирај сите провокации, ние ќе ги казниме најдобро.
Браво уште еднаш.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Со помилување се ослободува лице.
А со аболиција може да се прекине процес кој се води за неколку лица, се разбира во врска со истото дело.

Но ете да дадеме постручен шмек на муабетот, и да го почекаме Струмикс.
Со аболиција се помилува лице кое се сомничи или е одговорно за извшено кривично дело.... со истата аболиција се прекинува случајот доколку претходно не е завршен и за истиот случај никогаш и никој не смее повторно да поведе постпака...
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ова беше најглупо нешто можеше да го направи нашов "претседател".
Зоран Заев е крив за ова или за она, не е само Трговскиот "Глобал" во прашање има и други мучки правено тој ама тоа ти е, криминалец со криминалец си помагаат...Со аболицијата БЦ докажа дека ЗЗ и "соработниците" се виновни...Ако не беа виновни ќе најдоа докази и ќе ги пуштеа, а вака сега со аболиција не е ни важно дали се криви или не, факт е дека за случајот никогаш повеке нема да има истрага и никој нема да биде обвинет и осуден за случајот "ГЛОБАЛ"...:toe::toe::toe: Ми се лоши од вакви свињи ко БЦ и ЗЗ.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Правно гледано, со аболицијата се прекинува делото за кое се сомничи аболираниот, а со тоа по автоматизам аболиција ги следува и другите засегнати со истиот случај.
Правно во иднина за истото дело не смее да се покрене судски процес.
Правно, и лицето кое е опфатено со таа аболиција, во иднина не може самоиницијативно да поднесе барање за повторување на процесот.

Значи тхе енд со процесот и делото.
Значи, отсега сите пријатели на БЦ можат да си изградат по 1,2,3,4.... трговски центри, да местат тендери итн итн, па ако се открие нешто матно, никому ништо, БЦ ќе среди се.

А милиончињата кои заминале по туѓи џебови ? За нив кој ќе одговара !?!?!? Прашувам чисто од правен аспект.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да да ... според тебе Бранко не беше во Даблин туку се криеше со Грујо па заковаа заедно договор и завера против Македонија :tapp:
Dogovorot e ja tebe vojvodo (Premierstvuvanje) ti mene serdare (Pretsedatel)!

VolJ!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom