Темата ја затварам.
Темата е целосно исцрпена, и не гледам веќе можности за здрава дискусија. Веќе подолго време се сведува на офтопик, навреди и меѓупартиски препукувања.
Да резимираме:
Заев е убедливо најквалитетен градоначалник на Струмица. Направи најмногу во градот (а и селата, кој шетал ќе види)
Не само „разубавувањето“, туку и „невидливата“ однадвор инфраструктура. Затоа и ги доби симпатиите на струмичани.
Прашањето, кое е предмет на оваа тема, ќе остане непознаница за сите. За едната страна ќе биде неосуден криминалец, а за другата ангел и маченик, репресиран од власта. Аболицијата е таква...и со неа заврши се.
Кои ќе бидат последиците од неа, времето ќе покаже. Тогаш ќе дискутираме. Дали е игра на Претседателот или нешто друго, ќе се види.