Слободната воља и религиите!

Член од
22 јуни 2021
Мислења
97
Поени од реакции
211
Немам јас примитивен страв, едноставно е, имам почит кон Бога.
Во ред е, немам влезено во тоа царство на разумот, незнам каде се наоѓа :toe:
Ај биди трпелив, одвои малку време и обиди се да ми објасниш, за царството и слободната воља.;)
Јас немам почит кон Бог, затоа што Бог не постои, некако ми е глупо да имам почит кон непостоечки ентитети.

Инаку, многу е тенка границата помеѓу почитта и стравот, со твојот ментален склоп многу бргу можеш да регресираш од почит кон страв, доволно е да ти се случи нешто лошо во животот што не знаеш да си го објасниш.

Царството на разумот е насекаде околу тебе, само треба да почнеш да мислиш.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.147
Поени од реакции
10.151

Да не беше стравот, немаше да постојат религиите, да немаше човек страв од казна, животов на планетава ќе беше пекол...да не постоеа безножниците, сите ќе живеевме како во рајот.
Мислам јас душо, мислам колку убавини постојат на оваа планета, колку царства на рајски градини...и разумот ми вели дека се е ова Божјо дело, кое на жалост го уништуваат тие што не веруваат во него.
Туку што е со вољата, не ми објасни добро!?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Ја промаши темата, не видов никаде контекст каде се посочува поврзаноста на религијата и слободната волја. Не зборуваме за поединци, нивниот живот, одлуки и слично, туку за конкретна религија и како таа е поставена во однос на слободната волја.
како не ја промашил темата
Автоматски споено мислење:

Каква врска има ова со проблемот на слободната воља? Ве учат бе барем малку нешто паметно во тие попските училишта? Зошто трескаш глупости неповрзани со темава?

Еве да пробам да ти објаснам каде лежи проблемот, на начин соодветен на твоето интелектуално ниво. Се шеташ по улица и чуствуваш глад. Гледаш сендвичара и помислуваш да влезеш. И сега во моментов почнуваш да размислуваш за Бог и слободната воља. Си велиш вака: Бидејќи Бог е семоќен тој е над времето и просторот. Атрибутот семоќен е on/off, односно некој ентитет е или семоќен или не е. Не постои семоќност до одреден степен, тоа е contradictio in adjecto, исто како што не постои малку трудна жена. Е сега, бидејќи е над просторот и времето, за него не постои темпоралната (темпорална = временска, во случај на богословија да не го знаете зборот) ограниченост, односно за него минатото, сегашноста и иднината се еден ист момент. Бог ЗНАЕ каков ќе биде твојот избор пред сендвичарата, дали ќе влезеш или не, затоа што за него тоа веќе се случило. И сега ти си велиш, ќе го заебам Бог, и ќе го заебам Божјиот план во кој се е запишано. Бидејќи таму пишува дека јас нема да влезам, јас за сега за инает ќе влезам. И влегуваш во сендвичарата и спискуваш еден хамбургер. Арно ама пак не си го заебал Бог, затоа што во Божјиот план всушност пишувало дека ти ќе си помисиш тоа што си го помисли, и потоа пишувала дека ќе влезеш и ќе изедеш хамбургер. Не можеш да го измамиш она што е веќе запишано и случено. Како и да се свртиш газот секогаш ќе ти биде назад.

Не знам како не можете да го го согледате парадоксот на постоење на семоќен ентитет кој е надвор од просторот и времео, и постоење на негова креација која има слободна воља. Тие две работи логички се исклучуваат, и ниту едно житите на ниту еден монах кое ќе го постираш, нити еден безвезен збор кој ќе го употребиш не може да ја надмине котрадикторноста.
глупости
 
Член од
22 јуни 2021
Мислења
97
Поени од реакции
211
Да не беше стравот, немаше да постојат религиите, да немаше човек страв од казна, животов на планетава ќе беше пекол...да не постоеа безножниците, сите ќе живеевме како во рајот.
Мислам јас душо, мислам колку убавини постојат на оваа планета, колку царства на рајски градини...и разумот ми вели дека се е ова Божјо дело, кое на жалост го уништуваат тие што не веруваат во него.
Туку што е со вољата, не ми објасни добро!?
Види вака, 200 степени е надвор, да застанам сега да ти обајснувам дека убавината на овој свет не е никаков доказ за постоењето на Бог, навистина немам намера. Тоа се преџвакани концепти во филозофијата на религијата, преџвакани и исплукани. Никој разумен не мисли дека затоа што некој има субјективно искуство на убаво тоа е некаков доказ дека постои Бог.

Инаку, ако тебе ти треба страв од казна за да бидеш морална, тоа многу зборува за твоите морални квалитети.

На 1.10, за религиите и моралноста.
 
Член од
22 јуни 2021
Мислења
97
Поени од реакции
211
А тебе што ти треба што си морален!???
Не ми треба страв од казна за да бидам морален. Од Сократ наваму човештвото се труди да изгради моралност базирана на разумот. Умно = добро.

Не се замарај ти со вакви работи, баш ти е по мерка плиткото суеверие во кое живееш и кое го нарекуваш религија.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ја промаши темата, не видов никаде контекст каде се посочува поврзаноста на религијата и слободната волја. Не зборуваме за поединци, нивниот живот, одлуки и слично, туку за конкретна религија и како таа е поставена во однос на слободната волја.

Пред неколку години имам посветено внимание на Православието од типот читање,истражување,особено за монашкиот живот и слободно можам да кажам:По демонско,по црно,по илузионо нешто од оваа религија не постои.
Да се заробиш,да си го уништиш животот на ваков начин едноставно не е во ред.
Буквално самиот себе се саботираш.
Ваквите религии се за слабите луѓе.Луѓе на кои им е потребна надеж.
Луѓе кои не можат самите да се борат со предизвиците во животот,кои гледаат црно-бело на работите,па оттука тие интерпретации добро-зло,Господ-Сатаната,ангели-демони.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
;)
Каква врска има ова со проблемот на слободната воља? Ве учат бе барем малку нешто паметно во тие попските училишта? Зошто трескаш глупости неповрзани со темава?

Еве да пробам да ти објаснам каде лежи проблемот, на начин соодветен на твоето интелектуално ниво. Се шеташ по улица и чуствуваш глад. Гледаш сендвичара и помислуваш да влезеш. И сега во моментов почнуваш да размислуваш за Бог и слободната воља. Си велиш вака: Бидејќи Бог е семоќен тој е над времето и просторот. Атрибутот семоќен е on/off, односно некој ентитет е или семоќен или не е. Не постои семоќност до одреден степен, тоа е contradictio in adjecto, исто како што не постои малку трудна жена. Е сега, бидејќи е над просторот и времето, за него не постои темпоралната (темпорална = временска, во случај на богословија да не го знаете зборот) ограниченост, односно за него минатото, сегашноста и иднината се еден ист момент. Бог ЗНАЕ каков ќе биде твојот избор пред сендвичарата, дали ќе влезеш или не, затоа што за него тоа веќе се случило. И сега ти си велиш, ќе го заебам Бог, и ќе го заебам Божјиот план во кој се е запишано. Бидејќи таму пишува дека јас нема да влезам, јас за сега за инает ќе влезам. И влегуваш во сендвичарата и спискуваш еден хамбургер. Арно ама пак не си го заебал Бог, затоа што во Божјиот план всушност пишувало дека ти ќе си помисиш тоа што си го помисли, и потоа пишувала дека ќе влезеш и ќе изедеш хамбургер. Не можеш да го измамиш она што е веќе запишано и случено. Како и да се свртиш газот секогаш ќе ти биде назад.

Не знам како не можете да го го согледате парадоксот на постоење на семоќен ентитет кој е надвор од просторот и времео, и постоење на негова креација која има слободна воља. Тие две работи логички се исклучуваат, и ниту едно житите на ниту еден монах кое ќе го постираш, нити еден безвезен збор кој ќе го употребиш не може да ја надмине котрадикторноста.
Господ со сезнајноста не те испрограмирал да јадеш или не јадеш џанк фуд твој избор е. Тука нема предестинација, едноставно Бог те нервира, ти смета..., можеш и да не Го перцепираш, мислиш, есапиш ..., твој избор за живот твоја волја, иако за мене тоа не е живот, туку пекол, безбитие, Телема...;)
 
Член од
22 јуни 2021
Мислења
97
Поени од реакции
211
;)
Господ со сезнајноста не те испрограмирал да јадеш или не јадеш џанк фуд твој избор е. Тука нема предестинација, едноставно Бог те нервира, ти смета..., можеш и да не Го перцепираш, мислиш, есапиш ..., твој избор за живот твоја волја, иако за мене тоа не е живот, туку пекол, безбитие, Телема...;)
Ти ама баш ништо не разбра од тоа што напишав?
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650

Не знам што беше толку тешко да го разбереш Mostly cloudy.:toe:
Те имам читано назад на темава,а и на други тема,ми делуваш како интелигентен човек.

Овоа е многу честа појава кај Христијаните.
Можат да те растурат шах,математика,па дури и философија,ама кога ќе им го чепнеш Бог,они тотално го губат разумот.
Не е возможно до толку да се правите слепи.

Концептот за Христијанскиот Бог и слободната волја едноставно не оди.Премногу е контрадикторно.

П.С. Не сум Ипсисимус.Не го обвинувај напразно.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Не знам што беше толку тешко да го разбереш Mostly cloudy.:toe:
Те имам читано назад на темава,а и на други тема,ми делуваш како интелигентен човек.

Овоа е многу честа појава кај Христијаните.
Можат да те растурат шах,математика,па дури и философија,ама кога ќе им го чепнеш Бог,они тотално го губат разумот.
Не е возможно до толку да се правите слепи.

Концептот за Христијанскиот Бог и слободната волја едноставно не оди.Премногу е контрадикторно.

П.С. Не сум Ипсисимус.Не го обвинувај напразно.
...паметниот дискутира со интелегентниот и сака да му покаже колку знае и колку е во право:)
...зошто едноставно неможе да биде дека и двајцата се во право,и дека секој треба да ја почитува туѓата вистина?
...интересен е кај човекот нагонот да се качува во височини по туѓи глави
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Ајде ти пиле почни да пишуваш од каде ти се цитатите, ако можеш...
Можам пиле...ама подобро ти е да си останеш со писанијата/цитатите од твојата философија пошто не сакам да ти ставам препреки на патот кој го газиш како единствен и вистинит и убеден дека му го гледаш крајот...
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
...паметниот дискутира со интелегентниот и сака да му покаже колку знае и колку е во право:)
...зошто едноставно неможе да биде дека и двајцата се во право,и дека секој треба да ја почитува туѓата вистина?
...интересен е кај човекот нагонот да се качува во височини по туѓи глави
Во овој случај не важи овоа што го пишуваш.
Христијаните тврдат дека нивниот Бог е еден и единствен.И важи за сите.
Они се мешаат во туѓата вистина.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ти ама баш ништо не разбра од тоа што напишав?
Божјата сезнајност не ја укинува човечката волја напротив ја ослободува перихоретично, синергично, взаемно содествуваќи со Божјата воља и на тој начин човекот се обожува за што и говори претходно конвертираната хиндуистка во своето исповедување за православието.

По крајна линија глупаво е ,неразумно да одбиеш соработка со сезнајно битие

.Во секојдневното практично човечко живеење за Господ се' е познато и се' знае сеопфатно но тоа не значи дека Му е по Негова воља како на пример ако јадеш џанк фуд ,Хитлеровиот фашизам и тн., Што само по себе е доказ дека имаме слобода да правиме што сакаме, но очигледно сама по себе човечката воља без консултација ,соработка со Божјата воља може да доведе до катастрофи како што имаме познати искуства во историјата и секојдневниот живот.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Можам пиле...ама подобро ти е да си останеш со писанијата/цитатите од твојата философија пошто не сакам да ти ставам препреки на патот кој го газиш како единствен и вистинит и убеден дека му го гледаш крајот...
Не сум само во прашање јас, туку и другите што го посетуваат форумот. Цитати кога се поставуваат, се става автор и книга... тоа е и цитатот, извадок од книга, мисла од автор и се објаснува истата...
Во иднина на твоите цитати додавај книга и автор (кога веќе кажа дека можеш), веќе два пати те опоменав... за да може да се анализираат цитатите подлабоко (и дали се вистински цитати или се од бот создадени :) )

@liberij луѓето одбиваат соработка со христијански и исламски концепт на божественост која го уредува животот на сите... зошто мора христијански, а не муслимански? Зошто хиндуизмот нема ништо со сезнајниот бог кој го знаат под друго име и куп аспекти, туку мора твојот ... и тоа е така бидејќи самите религии не даваат слобода, се противат на другите учења, ги оцрнуваат, сатанизираат, обезвреднуваат...
Премногу правила од кои следуваат казни... исто и сезнаен е богот, што и да правиш исходот не се менува нели?
Или се менува?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom