Слободната воља и религиите!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
@Dopamine, по се изгледа мора светите книги да се толкуваат надвор од религиите кои се пак базираат токму на тие свети книги. :)
И јас сум за тоа - секој сам да си ги толкува работите, да дејствува според тоа разбирање и да види до каде ќе оди... така ќе си надвор од православието, надвор од католицизмот, од исламот... некоја твоја форма на обожување на божественото, свои ритуали, буквално обид за откривање и дејсвување по своја волја :)

Така е со „Книгата на Законот“. Ја толкуваш за себе си, практично применуваш - и voila :) Никој не го интересира ти што си разбрал ако тоа нема реално практична примена. По плодовите ќе ги познаете, знаеш тоа...

Инаку со толкување на старите учења по свое, се раѓаат и секти и распад на старите религии... не треба да се спречува тоа.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
....сите мудрости,философии,религии и поучни оставштини на човештвото имаат една и само една цел: Да му дадат на човекот една позитивна насока во животот и да го направат подобар човек од она што бил претходно. :)
...а не да го натераат слепо да ги следи и да ништи се она што не е со исто убедување
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Се е во ред со ова, но дали има слободна волја според философиите и поучните оставштини од старите религии и зошто?
Со примерите што ги имаме низ годините, не гледам дека некој е подобар заради религиите во светот, освен што покажува со прст кон другите и ги осудува.
Дури и авторитети од старите религии го прават тоа...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...ако ја немало не би останале длабоко вкоренети во човештвото
...само слободната воља има можност да ги перципира работите од "птичја перспектива"
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
...ако ја немало не би останале длабоко вкоренети во човештвото
...само слободната воља има можност да ги перципира работите од "птичја перспектива"
Не си запознаен со историјата на религиите по се изгледа и како се одржувале, кои учења исчезнувале и оделе во „илегала“, во тајност и зошто (а тоа нема врска со волјата) ... и дали има слободна волја ако има сезнајни богови, преставени во светите книги.

Ми се допаѓа романтизмот што го имаш... но, тоа не оди така едноставно со религиите и волјата.
Освен како што зборував наназад, не се повикаме на езотериските учења каде што даваат некакво објаснување за волјата, божественоста и кармата...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...повеќе е реализам
...според мене,се она што не можам да го имплементирам во моето битие и да се создаде синергија,е неупотребливо и буквално го одфрлам од себе
...мудроста,философијата,религиите и се останато се кај мене"шведска маса",а јас сум тој што одлучува што ќе проба и што ќе имплементира за редовен оброк во животот :)
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Zboruvaj si za sebe.

Во одредена мера е во право. Јас би го преформулирал сето тоа и би кажал дека поголем дел од луѓето се такви, би додал и дека поголем дел се злобни и завидливи . Секако дека не се сите такви, постојат и одредени исклучоци. Ама се согласувам дека луѓето заедно со општеството одат во погрешна насока.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
За оние кои сакаат да зборуваат за слободата и слободната волја во Христијанството изразена преку монаштвото еве накратко да се запознаат со истото за да можат да разберат што критикуваат, осудуваат..., преку кажувањето на искусниот монах архимандрит Георгиј Капсанис

Kоја е улогата на Православното Монаштво во долговековната историја на Црквата? Ако зборот "улога" го подразбираме под вообичаеното поимање, тогаш би можеле да кажеме дека улогата на монахот е да нема улога. Што улога имаше првиот од монасите, преподобниот отец наш Антониј Велики? Неговата улога не беше општествено признаена и вреднувана. Каква улога може да има еден човек што ги остава своите роднини, живее во пустината, во 2 гробиштата, ги трпи страшните напади на злотворните духови, пости, постојано бдее, бега од светот и трча кон Бога, стреми кон презирањето како што другите стремат кон честа, стреми кон нестекнувањето како што другите стремат кон многустекнувањето, стреми кон немањето слава како што другите стремат кон славата, стреми кон подражавањето на Христа не како на прославен Господ, туку како на страдален слуга?

Природно е дека светот не може да ја препознае улогата кај лудите и јуродивите заради Христа. Може ли некогаш јуродивоста заради Христа да биде призната и препознаена од страна на општеството? Секој монах станува луд за светот, пред да го презре светот и да стане монах. Човек треба да стане луд заради Христа за да го смета за невредно она што светот го има за вредно и да го смета како вредност она што светот го смета за невредно.

За световните луѓе вредности се славата, парите, признанието, сексот, себеоправдувањето, сопствената воља. За монасите вредности се немањето слава, сиромаштвото, туѓинувањето, девственоста, послушноста, отсекувањето на вољата. При решението на некоја душа, а особено на млад човек или млада девојка, да влезе во монашкото живеење световните луѓе, а посебно роднините (кога немаат ум Христов) претрпуваат шок, се лутат, пцујат, се закануваат. Одлуката за монашки живот ја сметаат за лудост и смрт. А од аспектот од кој ги гледаат работите, имаат право. Човекот треба да полуди за логиката на светот, пред да стане монах. Никој разумен според светот не може да стане монах.

Влегувањето во манастир е навистина доброволна смрт, затоа што како може да воскресне за Бога ако не умре за светот? Според зборовите Господови, треба да ја загуби својата душа, за да ја спаси. Така световните луѓе се ужаснуваат, затоа што го гледаат монахот како влегува во манастир за да умре. Го гледаат манастирот како гроб. Меѓутоа доколку би имале вера, тогаш би го гледале и другиот аспект на реалноста, т.е. дека манастирот е животворен гроб, како што е Христовиот гроб. Монахот умира за да живее. Гробот станува лулка на живот. Умрениот монах е и воскреснат што всушност е вистинската слобода. Светот што ја гледа само смртта на монахот, а не неговото воскресение, природно е да не препознае некаква општествена улога во Монаштвото. Каква улога би имале умрените? Меѓутоа за верниците умрените и воскреснати монаси имаат една најзначајна улога: да бидат сведоци на Смртта и Воскресението Христови. Да ја исполнат Господовата заповед: "да Ми бидете сведоци до краиштата на земјата".

Секако, секој Христијанин е повикан да биде сведок на Распнатиот и Воскреснатиот Христос. Но монахот кој сака да умре не само во однос на гревот, како што секој Христијанин треба да сака, туку и во однос на законските и дозволени животни радости, како што е бракот, за да го живее во апсолутен степен соединувањето со распнатиот и воскреснатиот Христос, со неговото целокупно посветување станува еден силен сведок Христов. Облеката на монахот укажува на неговата мисија, на неговата улога да се кае и да плаче во текот на животот за себе и за целиот свет, да ги споделува Крстот и Страдањето Христови. Свештената Схима на Великосхимникот ги има извезено символите на Господовото Страдање. Меѓутоа Христовиот Крст, кој монахот го избира како начин на живот, за него станува живот, воскресение и слобода, ослободен од ропството на распадот, болеста, гревот, ѓаволот и смртта.

Неговиот плач е радоснотворен и неговата тага е радосна тага. Крсновоскресното сведоштво на монасите во однос на светот е нивното одрекување. Свештеното тихување (исихија) е, според свети Гриориј Богослов, обоготворително. Трезвеноумните свети отци ни го предаваат начинот на кој свештените исихасти во манастирите или во тихувалиштата го примаат опитот на нивното соединување со Бога во Христа. Тој опит, за кој толку динамично богословствуваше светиот Григориј Палама, стана опит на целата Црква. Црква која е лишена од членови (пастири и народ) од опит на лично општење со Бога, отпаѓа во идеологија, морализам, социјална човекоцентрична установа. Хоризонталната димензија не ја изразува тајната на Црквата, доколку не се дополни од вертикалната димензија, од она што денес, по западно влијание, го нарекуваме духовност, но светоотечки би требало да го наречеме опит и општење со Бога. Ако луѓето не го најдат тој опит во Црквата за да го задоволат спасителниот копнеж на нивната од Бога создадена душа, тогаш прибегнуваат кон матните води на религиите, парарелигиите и ересите кои ветуваат надлогични и натприродни опити.

Од тие матни води полека полека луѓето се трујат и смртно заболуваат. Секако, улогата на монаштвото да ја храни Црквата со искуства на општење со Бога не е социјално призната. Несоздадената Светлина не ја гледаме сите. Меѓутоа тие што ја гледаат не утешуваат. Свети Симеон Нов Богослов, свети Григориј Палама и целиот хор на исихастите, блаженоупокоениот Старец Софрониј Сахаров, за да се ограничам само на тие што богословствувале од личен опит за тоа. Тие се врвот. Но врвот не може да постои без основата, која е Православното Монаштво. Монасите имајќи го опитот на Живиот и Вистински Христос биле и се особено чувствителни при секој обид за искривување на верата. Секако, учители на верата се Епископите и пастирите во светот. Монасите се истакнуваат како исповедници на верата, секогаш кога верата е во опасност. Господ ги повикува сите верници да ја исповедаат верата: "Секој кој ќе Ме исповеда пред луѓето, и Јас ќе го исповедам него пред Мојот Отец Небесен" (Мат. 4 10, 32). Заветот на големите пустински отци кон монасите најпрво ги содржи чувањето и исповедањето на Православната вера. Црковната Историја ни предава многу начини на кои монасите ја пројавиле својата грижа за неповреденоста на Православната Вера.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ја промаши темата, не видов никаде контекст каде се посочува поврзаноста на религијата и слободната волја. Не зборуваме за поединци, нивниот живот, одлуки и слично, туку за конкретна религија и како таа е поставена во однос на слободната волја.
 
Член од
22 јуни 2021
Мислења
97
Поени од реакции
211

Каква врска има ова со проблемот на слободната воља? Ве учат бе барем малку нешто паметно во тие попските училишта? Зошто трескаш глупости неповрзани со темава?

Еве да пробам да ти објаснам каде лежи проблемот, на начин соодветен на твоето интелектуално ниво. Се шеташ по улица и чуствуваш глад. Гледаш сендвичара и помислуваш да влезеш. И сега во моментов почнуваш да размислуваш за Бог и слободната воља. Си велиш вака: Бидејќи Бог е семоќен тој е над времето и просторот. Атрибутот семоќен е on/off, односно некој ентитет е или семоќен или не е. Не постои семоќност до одреден степен, тоа е contradictio in adjecto, исто како што не постои малку трудна жена. Е сега, бидејќи е над просторот и времето, за него не постои темпоралната (темпорална = временска, во случај на богословија да не го знаете зборот) ограниченост, односно за него минатото, сегашноста и иднината се еден ист момент. Бог ЗНАЕ каков ќе биде твојот избор пред сендвичарата, дали ќе влезеш или не, затоа што за него тоа веќе се случило. И сега ти си велиш, ќе го заебам Бог, и ќе го заебам Божјиот план во кој се е запишано. Бидејќи таму пишува дека јас нема да влезам, јас за сега за инает ќе влезам. И влегуваш во сендвичарата и спискуваш еден хамбургер. Арно ама пак не си го заебал Бог, затоа што во Божјиот план всушност пишувало дека ти ќе си помисиш тоа што си го помисли, и потоа пишувала дека ќе влезеш и ќе изедеш хамбургер. Не можеш да го измамиш она што е веќе запишано и случено. Како и да се свртиш газот секогаш ќе ти биде назад.

Не знам како не можете да го го согледате парадоксот на постоење на семоќен ентитет кој е надвор од просторот и времео, и постоење на негова креација која има слободна воља. Тие две работи логички се исклучуваат, и ниту едно житите на ниту еден монах кое ќе го постираш, нити еден безвезен збор кој ќе го употребиш не може да ја надмине котрадикторноста.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155

Ништо не разбрав, каде е тука слободната воља!?
Како можеш да пишеш толку простачки(изразов од Хепта), да го зае**ш, зае*ал Бога?

Страшно:facepalm:
 
Знам дека не разбра. Ти воопшто, како и повеќето, не разбираш што е проблемот на постоење на семоќен Бог и негова креација која би имала слободна воља. Инаку, не знам штое толку страшно да напишеш си го заебал Бог, тоа е во смисла си го зафркнал. Ако Бог постои не верувам дека е толку ситничар да се фаќа за нечиј израз. Тоа ти имаш примитивен страв да го навредиш Бог, затоа што сеуште немаш духовно влезено во царството на разумот.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
Тоа ти имаш примитивен страв да го навредиш Бог, затоа што сеуште немаш духовно влезено во царството на разумот.
Немам јас примитивен страв, едноставно е, имам почит кон Бога.
Во ред е, немам влезено во тоа царство на разумот, незнам каде се наоѓа :toe:
Ај биди трпелив, одвои малку време и обиди се да ми објасниш, за царството и слободната воља.;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom