liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Знаев дека не си Телемит по слободна волја, ами по сила на особина...Очигледно ти си тој што има проблем со рассудување овде... Како може да не се пресудни особините а да е пресудна слободната волја?! Ти поставив конкретни прашања - Зошто ти не си педофил? Клептоман? Пироман? Немаш слободна волја? Или не се нивните особини тоа што ги прави педофили, клептомани, пиромани итн, итн, туку слободната волја?
Како може да се брукате и со сила глупи да се правите, стварно не ве разбирам...
Автоматски споено мислење:
Многу се возбудуваш, ништо лошо не ти реков, само вистината, а таа ослободува...Месијанската црква (христијанската) нема знаење, барем не во смисла наследено знаење... со благослов. Тоа и ти го знаеш, но верувањето ти е едно, а историјата се повикуваш само кога ти одговара, другото го бркаме во илегала, да биде нелегално, сатанизирано... стандард процедура. Но гностицизмот далеку од очите на христијанската црква која стана држава, наместо да стане планета, се одржа одлично во тајна...
На тоа се накалеми од страна на христијанските мислители идеи дека штом се тајни, кријат нешто - значи зло!
Да имаше било какво реално наследено знаење, ќе имаше врска со божественото и после 666 години, ќе го обединеа светот во едно! Затоа и имаме распад и раѓање на куп секти кои денес, вкупниот импулс им е нула... што нели, е ок
Имате историја, реков бидејќи светот мораше да се описмени за да не се врати назад и се да оди од почеток.
И Телема, што значи волја нуди искуство, љубов, живот, светлина и слобода, по своја волја, - да дејствуваш и секогаш Agape, секогаш на клунот стои Тахути, а на крмата Ра-Хоор Само така нема да запаѓа човек во проблеми и да мисли дека неговото дејствување од прва и како намислил е „божествената волја“.
Не велиме ние на никој дека тоа што е е погрешно... секој има свој пат и тој мора да се изоди со сите искушенија...
Самофален дух? Ова како светите отци и нивните „пофални“ зборови за гностиците од кои не успеаа да земат ништо и им се лути до гроб?
Како „Contra Celsus", човекот кој што дава опис на новата секта која се погрешно работи и нерационално во однос на божественото и човештвото?
Ова за твоите предци зборуваш, во кои се крстиш дека добро ти објасниле за духот на човекот? Ако напаѓаш другиот бидејќи има тајни за тебе, не треба да пишуваш измислици и да ги клеветиш лажно за да твоето биде подобро! Треба да се запраша зошто постојат тајните и учењата и што бараат истите: догма или надминување!
НЕ знам кој се чука во гради како ти си врвот на духовното, ти си вистината, Исус и ништо друго, христијанство или казна!
Сите се зло и сатанизам, само вие не сте...
Ох усто самофална - држи ми крстот, имам луѓе за распнување, е ваков ми е твојто муабет тука. И кога тоа некој го применува за да видите како е и што сте правеле наназад низ годините, се крева врева - се зборувало против христијанството, таа голема вистина која ете некој не разбира бидејќи е злобен
Имаш слободна волја - но Христос и неговата невеста, бидјеќи „тој е патот и никој друг“, тешко дека ја имаш во пракса, освен ако не го убедиш вернико и себе си дека тоа што го правиш така отците и Христос сака и е правилно... нели?
Ти навистина не разбираш што зборувам?
Човекот нема потреба од спасител! Нема што да се спасува... сеуште со еврејските учења? Па не е само тоа на Земјата...
Човекот е бесмртен, лика прилика на боговите!
НЕ постои дел од човекот што не е од боговите - и за ова да го разбереш треба да пишувам книги и пак нема да ме разбереш бидејќи не може да гледаш надвор од кутијата во која си поставен, по твоја волја...
Човекот од смртта не може да се ослободи се додека не се ослободи од раѓањето, а за тоа треба соединување со божесвеното тука и сега, без верувања, туку со работа и практичност.
Не знаеш како?
Здравје, според источните философии, ќе дојдеш пак, како кокиче и можеби тоа ќе биде големата иницијација за тебе... денес си христијанин и сите се зло според тебе, изгубени, без волја итн итн...
Мораш да ја играш таа улога... можеш да бидеш нешто друго? НЕ!
Исто и другите.
Престани да ги сатанизирате туѓите учења и пракси, посебно ако се насочени кон тоа човекот да биде подобар денес!
Тоа што имате проблем и вашата религија што не нуди слободна волја, има казни, се знае кој како ќе дејствува-бидејќи Христос се знае и вчера и денес и утре, тој веќе знае дека ти пак ќе дојдеш со навреди да ми кажеш како сум што знам, луд, збунет итн итн... и нема да те казни, бидејќи твојата волја е негова, да се шири зборот на Христос.
Можеби ќе изгубите некој верник, голема работа - не сте за парите и златото и храмовите, за богот сте тука.
П.С. Благодарам за честитките... ништо посебно не е модератор, само повеќе внимавање некој да не сфати погрешно ако оди офтопик и мора да се брише или казнува, да не мисли дека ете модераторот го мрази и тоа само затоа бидејќи имаме различни философии на живеење и размислување.
Тоа е напорно искрено
Уште еднаш, со среќа нека ти е
Последно уредено: