Слобода и протест против фашистичките ковид мерки. Стоп за присилна вакцинација и дискриминација

Дали треба да има рестрикции само кон невакцинираните граѓани?

  • Да

  • Не

  • Немам мислење


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.614
Поени од реакции
11.799
Мало подосвежување на темава, некако славата на Украина донесе со себеси еден вид на воено-политичко-профитерска пандемија, па оваа претходнава биохемиско-политичко-профитерска пандемија некако падна во сенка.

https://off.net.mk/net-roulette/onaka/najvakciniranata-portugalija-sega-ima-najmnogu-kovid

Највакцинираната Португалија сега има најмногу ковид

3 јули 2022 - 13:00



повеќе
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
^ Стевановиќ не се согласува со тебе.

Едно време, причината за ширењето на вирусот, Стевановиќ, ја препиша на неодговорноста на младите, а сега на ниската стапка на имунизација иако добро знае дека вакцината не ја спречува трансмисијата, нити вакцината штити од зараза. Ништо поразлично и не може да се очекува од еден обичен политички амбасадор.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.684
Поени од реакции
8.655
Вирус кој е вештачки направен, и има луѓе кои сметаат дека треба рестрикции само кон невакцинираните, да не зборам што имунитетот со прележување е како да имаш вакцина примено ако не и бољи, а сите имаат прележано и вакцинирани и невакцинирани.
Колку сме бедни како луѓе и да не речам ги заслужуваме сите гомнарии кои ни се случуваат...штета за младата популација, што мора да трпи пекол и оглупување заради неспособни генерации на луѓе.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.027
Поени од реакции
35.523
^ Стевановиќ не се согласува со тебе.

Едно време, причината за ширењето на вирусот, Стевановиќ, ја препиша на неодговорноста на младите, а сега на ниската стапка на имунизација иако добро знае дека вакцината не ја спречува трансмисијата, нити вакцината штити од зараза. Ништо поразлично и не може да се очекува од еден обичен политички амбасадор.
... ја слушнав вчера, на таква позиција со таква одговороност, да каже јавно дека „антиковид вакцината“ е лек, тука веќе нема што да се коментира, жалосно за професијата!!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Во Европа има нов Ковид бран, веќе се препорачува втора бустер доза. :rolleyes:

Чисто компаративно за економските импликации и ефекти, за дел од државите во САД, кои беа долго под цврсти карантини и античовечки рестрикции, и оние кои имаа благи мерки односно оние кои релативно брзо и лесно се ослободија од хипохондријата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Среќа веќе никој не ја чита тоалетната хартија за која пишува Бенџамин. Не ја читаат поради "новинарите" како Бенџамин.

Воедно, самата вакцина е крајно безвредна и бескорисна од аспект на спречување на трансмисијата на вирусот. Не го гледам и сфаќам аспектот на себичност. Дали е себичен оној кој донирал миниони во добротворни цели? Дали е себичен оној кој инспирирал милиони деца?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.253
Поени од реакции
18.072
Редно беше да му ебам гнасата ...

Владата на Макрон го претрпе првиот пораз во парламентот

Француската влада го претрпе првиот пораз во парламентот откако владејачката партија на претседателот Емануел Макрон го загуби мнозинството на изборите минатиот месец. Националното собрание во вторникот вечерта го отфрли предлогот владата да може да бара од патниците да покажат доказ за вакцинација или негативен тест на ковид при влез во Франција.

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.253
Поени од реакции
18.072
Прва тужба на здравствените работници за вакциналните мандати. NorthShore University HealthSystem во Чикаго се спогодил со тужителите, за да избегни судски процес.

Сите што биле избркани од работа затоа што одбиле да се вакцинираат ќе добијат 25.000 долари, а тие што морале да се вакцинираат за да ја задржат работата под 3.000 долари. Тужбата е заради нарушување на религиски слободи, затоа што вакцината е произведна со клетки од абортирани фетуси.

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Прво докторите и медицинскиот персонал, а сега и религиозните институции започнаа да добиваат спорови околу Ковид рестрикциите и изречените глоби и санкции како последица на истите. Правдата некогаш спие, но никогаш не умира.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.614
Поени од реакции
11.799
Како што постои слобода на избор помеѓу задолжителна вакцинација и тотална дискриминација, така постои и слобода на избор помеѓу селективно медиумско известување и тотална цензура.

https://off.net.mk/vesti/razno/pandemija-treto-poluvreme

Пандемија, трето полувреме

22 септември 2022 - 13:23

Јавно-приватно партнерство во цензурата

Добра приказна за тоа како американските власти притискаа социјални платформи да цензурираат содржини и да елиминираат луѓе од нив. За рајата да добие претстава дека постои „научен консензус“ околу карантините, вакцините или маските, беше потребно од радарот на јавноста да ги снема научниците кои мислат поинаку. Чиста работа.




ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Еден топол викенд во октомври 2020 година, тројца неприкосновено кредибилни епидемиолози од Стенфорд, Оксфорд и Харвард, Џајанта Батачарја, Сунетра Гупти и Мартин Кулдорф, на Беркшир собираат уште неколкумина новинари, автори и економисти, критичари на локдаунот и другите државни рестрикции во пандемијата.

Излегуваат со заедничко коминике кое станува познато како „Декларацијата од Грејт Берингтон“.



Декларацијата почнува да циркулира на социјалните мрежи и брзо да собира и други потписи, вклучително и од други угледни научници. Меѓутоа, повеќето мејнстрим медиуми почнуваат да ја осудуваат декларацијата, особено откако фамозниот доктор Ентони Фаучи и Френсис Колинс од Националниот институт за здравје ја отфрлија како „опасна“, оцрнувајќи ги научниците - сите во врвот на нивните области - како „маргинални епидемиолози“.

Следните неколку месеци, тројцата научници се соочија со обвиненија дека се - „антиваксери“. Беа осомничени и дека зад декларацијата стои некаков финансиски интерес. Нападите здушно ги помогнаа формати како Гардијан и Њујорк Тајмс.

ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

Меилови добиени согласно законот за достап на информации откриваат дека написите против тројцата не се плод на стандардно журналистичко истражување, за какво се прикажува новинарството на Гардијан или Тајмс.

Напротив. Тие бил плод на агресивен обид да се моделираат вестите од страна на истите владини функционери чии политики епидемиолозите ги критикуваа. Меил преписките меѓу Фаучи и Колинс откриваат дека двајцата координирано притискале различни медиуми (како Wired и The Nation) за декларацијата да биде симната.



Батачарја, Гупти и Кулдорф набрзо дознаваат дека декларацијата била жестоко цензурирана на социјалните медиуми, да не ја зарази публиката. Кулдорф е најактивен од нив на мрежите и лично ја чувствува цензурата. Тој на Твитер ќе напише:

„ Да се мисли дека СИТЕ треба да се вакциниират е исто толку ненаучно колку и да се мисли дека НИКОЈ не треба да се вакцинира. Ковид вакцините се битни за постари, за луѓе со висок ризик и за оние кои се грижат за нив. На оние кои претходно природно се заразиле не им треба. Ниту на децата. “

Твитер го цензура овој твит. И други твитови за критики на маските и задолжителноста на вакцините му се етикетираат како заведувачки или биваат отфикарени од платформата. Во март 2021, Јутјуб кине видео со тројцата.

ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ



Во предметот „Мисури против Бајден“, Батачарја и Кулдорф сега ја тужат државата дека преку свои агенции и функционери принудувале социјални платформи да ги цензурираат нив и други кои ги критикувале ковид политиките.

Неколку судови го одбија нивниот предмет тврдејќи дека не може да се утврди директна поврзаност меѓу цензурирањето од страна на приватните платформи и владините постапки. Така оцениле иако бројни претставници на администрацијата отворено се имаат заканувано со регулаторни и правни казни ако не елиминираат некои „непријатни“содржини.

За среќа, судот и обвинителството во Мисури носат поинаква проценка па предметот е жив. А во предметот има и докази дека најмалку 11 федерални агенции и околу 80 владини фунционери експлицитно барале компаните да симнуваат постови и да кинат акаунти, не само на тема ковид, туку и за изборите во 2020 година и лаптопот на Хантер Бајден.

Страхувајќи дека може сериозно да се замерат со државата, компаниите кои ги водат платформите стануваат особено кооперативни со властите откако самиот Бајден рече дека овие платформи „убиваат луѓе“, дозволувајќи дезинформации за ковид и вакцините.

ЕКСТРАС:



Алекс Беренсон, поранешен новинар на Њујорк Тајмс, критички настроен кон владините ковид рестрикции, обелодени внатрешни Твитер комуникации кои откриваат дека високи претставници на администрацијата и влијателни членови на Белата куќа го притискале Твитер да го суспендира од платформата. „Имавме едно незгодно прашање од советник во Белата куќа зошто Алекс Беренсон сè уште не е исфрлен од платформата,“ забележува еден вработен во Твитер по состанок со властите.

Два месеца подоцна, кога Фаучи ја девалвира Декларацијата како опасна а Бајден порачува дека платформите „убиваат луѓе“, Алекс Беренсон е исфрлен од Твитер.

* Во јули годинава Беренсон повторно е вратен на Твитер како дел од неговиот судски договор, но тоа не ја менува приказната.

ОДЈАВНА ШПИЦА:



Вмешаноста на властите во цензурирањето одредени перспективи има и секонд-хенд последици: Стравот од реперкусии заради артикулирање одредени ставови води кон авто-цензура и избегнување на контроверзни теми.

Првиот амандман на уставот не значи само заштита на правото слободно да се зборува туку и слобода да се добиваат информации, затоа што, како што еднаш има утврдено Врховниот суд, „правото да се добиваат информации директно произлегува од уставно заштитеното право тие да се праќаат“.

Не џабе основачите на Америка не предвиделе никаков исклучок околу слободата на говор, кој би се однесувал, на пример, на „дезинформации“. Ним им било јасно дека откако еднаш цензура ќе се дозволи, невозможно е да се повлече линија и да отстрани пристрасноста и волјата на оние кои цензурираат.

Тие знаеле дека сонцето/виделината е најдобрата дезинфекција. Дека најдобар лек за лошите гледишта се добрите гледишта, дека лек за лагата е вистината. Замолчувањето луѓе не значи дека проблематичните идеи ќе ги снема. Тоа само ги носи нивните пропагатори во нивни ехо комори каде тие идеи ќе бабрат додека не експлодираат на општо изненадување „од каде па сега тие дошле“.

„ Ако Американците дознаа за Декларацијата од Грејт Барингтон и им беше дадена можност да размислуват за тие идеи, ако на научници како на Батачарја, Гупта и Кулдорф им беше дозволено слободно да зборуваат, можеби пандемијата ќе беше помалку трагична и со помала штета по институциите кои би требало да го штитат јавното здравје “, пишува Џенин Јунес во Таблет.

 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.432
Поени од реакции
4.260
Малце предоцна за тоа. Всушност, и извини ако звучи рацистички, требаше НИЕ да го правиме тоа во 2020.
Претпоставувам немат имунитет од тоа ефитините вакцини....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom