Пандемијава и присилнава вакцинација некако ги снема после 24 февруари 2022 - не дека магично завршија, туку повеќе не се интересни за секојдневните медиумски и политички крвопијци, сега силеџијата Русија и нејзината жртва девицата Украина се интересни.
https://off.net.mk/net-roulette/onaka/da-ne-zaboravime-deka-do-pred-10-dena-imashe-i-korona
Да не заборавиме дека до пред 10 дена имаше и корона
3 март 2022 - 08:27
https://off.net.mk/net-roulette/onaka/zoshto-nobelova-za-putin
Зошто Нобелова за Путин?
4 март 2022 - 09:56
Во меѓувреме, родната татковина на Адолф Хитлер ја суспендираше задолжителната вакцинација, која ја спроведуваше по пат на уцени и закани за парични казни кои можат да се заменат и со затворски казни за тие кои нема да се вакцинираат. Сега велат вакцинацијата не била толку потребна земајќи ги во предвид последиците од јужноафриканската омикрон варијанта.
Covid: Austria suspends compulsory vaccination mandate
На другата страна на Атлантскиот Океан, веста на вчерашниот ден е - огромно изненадување исто колку и остатоците од ланскиот снег - дека Фајзер, еден од најголемите фармацевтски профитери од пандемијата и присилната вакцинација, уште кога побарал дозвола за одобрување на неговата вакцина против Ковид 19 во 2020 година, одлично знаел за дури 158.000 (СТО ПЕДЕСЕТ И ОСУМ ИЛЈАДИ) несакани реакции на нивната вакцина, и побарале ваквите податоци да останат тајни и недостапни за американската и светската јавност во временски период од 75 (СЕДУМДЕСЕТ И ПЕТ) години.
Единствен проблем во обидот за прикривање на вакците несакани последици на нивниот биохемиски производ е во тоа што федерален судија од сојузната американска држава Тексас и` нареди на федералната Администрација за храна и лекови на САД да ги објави документите кои Фајзер ги поднесол при барањето за одобрување на нивната вакцина за Ковид 19.
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/fajzer-znaele-za-158000-nesakani-reakcii-na-vakcinata
Фајзер знаелe за 158.000 несакани реакции на вакцината?
10 март 2022 - 20:57
Несаканите ефекти од вакцината на Фајзер во голема мера се благи и краткотрајни. Но, новите документи кои наводно биле добиени откако лекари, професори и новинари се повикале на Законот за слобода на информации до Агенцијата за храна и лекови (ФДА) отвораат шокантно откритие, пишува
Експрес.
Федерален судија од Тексас ѝ нареди на Агенцијата да ги направи достапни податоците кои ги имала при лиценцирање на вакцината на Фајзер против ковид.
Кога Фајзер аплицирале за одобрување на вакцината од ФДА, тие биле свесни за речиси 158.000 несакани реакции на вакцината.
Притоа, барале и овие документи да останат запечатени 75 години, пишува британскиот медиум.
Таблоидот (на линкот погоре) наведува и листа од 40-тина несакани дејства и медицински состојби предизвикани од вакцината. Тврдат, целосната листа содржи 1,246 медицински состојби, дека биле регистрирани 25.000 пореметувања на нервниот систем, 17.000 пореметувања на ткива, мускули и коски како и 14.0000 гастроинтестинални пореметувања.
Инаку, овој фармацевтски гигант ја има платено најголемата отштета во областа на здравствената заштита: изброија 2,3 милијарди долари само во еден случај.
Повеќе за тоа види во:
Гревовите на Фајзер.
*********
Патем, и кај нас постои закон за достапност на информации, но како и други закони, и тој е често мртво слово на хартија. Погледнете како македонското Министерството за здравство и министерот Беким Сали деновиве (8 март 2022 година), ноншалантно НЕ одговориле на серија прашања за пандемијата, поставени со повикување на истиот закон.