Благица ИВАНОВА
Предвремен конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој на демократски начин ќе биде сменето нејзиното привремено раководството, е едно од барањата на граѓаните за кое размислувам, порача вчера Љубе Бошкоски.
Во говорот, тој неколкупати, актуелниот лидер Никола Груевски и неговите блиски соработници ги нарече привремено раководство и посочи дека ниту една политичка управа не е вечна.
- Раководството на мојата матична партија најмалку од се го почитува статутот на партијата. Немам намера да формирам политичка партија, за што Груевски се распрашуваше и се грижеше уште во времето додека бев во затворот во Хаг. Можам слободно да кажам дека со кандидатот Иванов, кој е дел од левицата можат заедно да си формираат нова партија со сосема друга политичка провениенција. Јас не отстапувам од ВМРО-ДПМНЕ - изјави Бошкоски.
Тој навести дека нема да ги повикува граѓаните да гласаат за ниту еден од претседателските кандидати, затоа што тие веќе се одлучиле за него.
- Нема да тргувам со гласовите на луѓето, но ниту повикувам на бојкот. Над 200.000 гласови кои ги добив, не му припаѓаат на Иванов, кој има политички погледи блиски до СДСМ и кој има одличен комунистички бекграунд. Немам намера да го поддржам Иванов, кој во деведесеттите години на минатиот век, кога ние се боревме за самостојна Македонија, повикуваше од Белград да останеме во границите на Југославија - вели Бошкоски.
Според него, од кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски го одвлекува различната идеолошка припадност.
Бошкоски најави дека ќе ја тужи телевизија Сител поради тоа што го злоупотребувале неговото име и, како што вели, со монтирани изјави од неговите адвокати сакала да прикаже дека Бошкоски работи на штета на Јохан Тарчуловски
VIDETEGO LUDAKOV STO NAMERA IMAL, PA OVOJ EPTEM ZABEGAL OTKOGA SE VRATI OD HAG, IZGLEDA TAMU GO NAPUMPALE SO DROGA I NEZNAE STO ZBORUVA KOPILEVO






