Samurai Jack
Penspinner
- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 3.659
- Поени од реакции
- 8.660
Абе ако ти се слави слави си ти, што прашуваш што се замараш, не веруам дека тоа е лоша идеја.
Да, сето ова што го кажа е в ред, ама зошто родителите слават по кафани, а децата пијат толку многу алкохол? Кај нас малку поинаку се сфаќаат работите. Навистина, 8 години поминати со некого, и тоа во период кога се` уште се гради карактер, е многу долг и важен период, но прославата на крај мислам дека ги маргинализира сите впечатоци, добри или лоши спомени, оти сета лакрдија на крај трае некои 3-4 саати. Децава сега идат да се испијанат и со куп кондоми у нив.
Родителите не се радуваат зашо децата им слават полуматура, туку зашо нивните деца се радуваат што ќе слават полуматура. Не сум видела до сега родител да собере 60 души у кафана затоа што детето му слави полуматура, може само најблиските дома да дојдат на мезе. Нема страшно во тоа. Овие се убави работи за децата, нека ги слават. На крај краева, тоа и се - деца. Воспитувањето нема врска со славење или неславење на полуматура. Јас кога ќе бидам родител баш ќе ми биде симпатично кога ќе го видам син ми или ќерка ми весели и возбудени, затоа што знам дека имаат способност да се радуваат. А муабетот со алкохол и кондоми што го спомна зависи од воспитувањето на децата. Не сите полуматуранти пијат алкохол и одат у темни улички за да имаат секс. Секакви деца има.Да, сето ова што го кажа е в ред, ама зошто родителите слават по кафани, а децата пијат толку многу алкохол? Кај нас малку поинаку се сфаќаат работите. Навистина, 8 години поминати со некого, и тоа во период кога се` уште се гради карактер, е многу долг и важен период, но прославата на крај мислам дека ги маргинализира сите впечатоци, добри или лоши спомени, оти сета лакрдија на крај трае некои 3-4 саати. Децава сега идат да се испијанат и со куп кондоми у нив.
Не велам дека луѓето не треба да се радуваат на успесите кои ги постигнуваат нивните деца, велам дека родителите треба да се насочат повеќе кон едукатвиниот дел, наместо кон прославата за полуматура.