Вака сега во тестов што си го постирал Пежо има иста вкупна оценка како Априлија, што незначи дека е на исто рамниште со неа вистински ( не го прочитав цел текстот, ама сфатив зашто е Дрби-то прво... и зашто не земале на тести и Аерокс ... ке го прочитам ибаво цел кога ке имам повеќе време )... Како што кажав новиве Пежоа имаат машини од Пијаџо ( 125 и 300 кубика , за 50-ки не сум сигурен ) но не е се само во машината ... Понатака вибрациите од ланецот на рејсинг Дерби-то не се толку големи т.е. не се ништо на што неможеш да се навикнеш и не се ништо што ке те вади од кожа од нервоза, мене не ми пречеа кога пробував едно, а ти пробај па ке одлучиш самиот ... Следно разликата помеѓу опен и рејсинг верзиите е поставеноста на моторот... Кај опен верзијата моторот е поставен како кај секој друг скутер, класично назад пред задното тркало и преносот е класичен со варијатор на радилица и ламела на задна осовина ... Рамот е ист, дизајнот е 90% ист ... Кај рејсинг верзијата моторот е поставен ценрално на рамот како кај големите мотори, па поради таа причина се јавува потреба завршниот пренос до задното тркало да биде решен додатно, во овој случај со ланец, мада можеле да го решат и со каиш, не би било проблем ... Но поставеноста на моторот доста влијае на управувањето. Тука веќе се добива повеќе мотоциклистичко управување, тежиштето е доста пониско и дозволува доста поагресивни маневри... Затоа и оние што го тестирале викаат дека имал најдобро држење низ кривини од сите други модели ... За издржливост што се однесува на машината најбитна работа е користење на квалитетно уљњ, сервисирање на редовни интервали и фактот дека е Пијаџо - немаш гајле ... Потрошувачката можно е да му е поголема од другиве, мада ниеден 2Т скутер не е далеку од 5 литри во град ... И на крај што се однесува на китовите за конверзија во 80 и 100 кубика мој совет ти е немој... Тјунирај пренос, електроника и слично, ама машина не чепкај и не растурај ...
Комплетно се согласувам за одржувањето.Секоја една машина бара редовен сервис без разлика на годините и марката.
Друго,и јас мислам дека не би требало да има којзнае какви вибрации од ланецот.Сепак и Дерби е марка не е заебанција па да си дозволат таков луксуз.Јас пред 17 години купив нов Томос АПН 6 со пренос на ланец и не се осеќаа никакви вибрации( која сила ќе прави вибрации)
Денес се јавував на двајца кои имаат огласи на Реклама 5.И двата огласи се за Дерби ГП1 Рејсинг 2008 год,првиот 1150 евра,вториот 1400 евра.На моите прашања ''
Дали има тјунинг, колку троши,максимална брзина,дали е скапо одржувањето на моторот,дали се осеќаат вибрации од ланецот и тешко ли се одржува истиот?''одговорија вака:
Првиот:Мислам дека рече само ламела и федери malossi другото е фабричко,неувезен,ако културно возиш 4,5 до 5 литри на 100км во град,втор газда купен од МК,макс.80 км на час,скапо како и за априлија,аерокс.Мислел дека му вибрира скутерот од предната гума и ја заменил,но вибрациите биле од ланецот и се осеќаат.Истиот треба редовно да се одржува,затегнува и прска со спреј.
Вториот:Се е фабричко на него,неувезен купен нов од салон,средно возење 3 литри на 100 км(имал поминато 7000 км)!?!?,скапо одржување како и за другите добри скутери,макс.90-100 км на час,не знае точно он полека го возел и од ланцеот речиси ништо не се осеќало и само му прскал спреј и тоа е тоа.Ми вели дојди пробај па ќе видиш што ти велам.
Е сега што е точно од тоа незнам,речиси целосно спротивни одговори
Ме интересира дали негде во МК може да се најде Опен верзија,можеби е подобар избор од рејсинг?Ми се чини дека нигде не сум видел некој да вози,а по огласи најдов само еден кој не ми се свиѓа.