За каиш ќе фрлеш 20 евра, ако ти паднала малку максималната брзина може да ти ја врати
Филтер за воздух незнам колку лесно ќе најдеш, но не би требало да те кошта ни тоа повеќе од 1000 денари, зависи каде ќе побараш, тоа може да си го најдеш и половно поради тоа што не менува ништо дали е нов или половен.
Ауспухчето може да ти однесе од 100 евра па до 200, јас лично имам ставено Pollini го платив на 150 евра но одамна беше тоа.
Со сето ова сигурно ќе добиеш подобрување во секоја смисла но не можам да ти кажам колку оти не знам што машина имаш.
Ама како и да е најмалку 10 км/h мора да иде повеќе.
Ако сакаш да не може да ти се најде конкуренција тогаш ставај ги деловиве, но машината обавезно да е барем 75 ccm напраена и плус ќе сменеш цел карбуратор, ќе си купеш спортски (има од италија донесуваат) и ќе ги сменеш куглиците (ролни), потешки ќе ставеш, па после ќе треба само некои ситници да се доштелуваат.
Маана на сето ова ќе е што моторот ќе ти троши повеќе...
Опс заборавив да стаеш и спортски варијатор.
Ние со сета оваа опрема имаме направено Piago Energy од постарите да иде без мака 130 и да не може никој да те стигне...