- Член од
- 12 јули 2011
- Мислења
- 872
- Поени од реакции
- 427
Здраво,
Би сакал да ве замолам за совет околу купување на скутер од 50cc. Карактеристиките кои сакам да ги има се мала потрошувачка и да не биди премногу слабо со цена до 1.500 е. По можност да биде 4 тактно бидеќи разбрав дека тие биле нешто поекономични.
Е сега реши се - сакаш мала потрошувачка или да не биде слабо ? Кај 50-ките овие 2 не идат заедно. Дај кажи ти колкав си, т.е колку си висок и колку си тежок. И сакаш ново или половно до 1500 евра ? 4 тактно има знатно помала потрошувачка на гориво за разлика од 2 тактно, исто така масло има само во машината и во преносот кое е за подмачкување, значи не троши мешавина, па и тука трошокот ти е помал... Кимко Агилити како што ти кажаа не ти е лошо, ке ти врши работа за низ град, самото е многу лесно, а иде докај 50 км на час, а поквалитетно е од било кое кинеско скутерче до тие пари, а и поевтино е од 1500 евра... Имаш исто и некои модели од овие Generic што се, исто околу таа цена, со исти карактеристики...