Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Катастрофа е целиот театар уште кога го пуштија имаше проблеми, па немаше струја, вода курци - палци.

Инаку има добра технологија (сценска) ама џабе е кога ќе се сјебе цела ради овие гипс картони.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
https://off.net.mk/bookbox/navistina-golem-spomenik-veshtachki-napravena-planina-na-koja-se-zasadeni-11000

Навистина голем споменик
ВЕШТАЧКИ НАПРАВЕНА ПЛАНИНА НА КОЈА СЕ ЗАСАДЕНИ 11.000 ДРВЈА
Во 1982, унгарско-американската уметница Агнес Денеш одлучила да конструира цела планина и да ја пошуми. По една деценија лобирање, замислата фатила корен. Во 1992 година, финската влада соопштила дека ќе го спонзорира проектот „Планина од дрвја“, 38-метарски рид конструиран врз поранешен ископ за чакал. Денес контурите на шумата се веќе видливи.

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не сери, добро е за селфија....порано на шо личеше, комуњарска паланка...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
https://off.net.mk/bookbox/navistina-golem-spomenik-veshtachki-napravena-planina-na-koja-se-zasadeni-11000

Навистина голем споменик
ВЕШТАЧКИ НАПРАВЕНА ПЛАНИНА НА КОЈА СЕ ЗАСАДЕНИ 11.000 ДРВЈА
Во 1982, унгарско-американската уметница Агнес Денеш одлучила да конструира цела планина и да ја пошуми. По една деценија лобирање, замислата фатила корен. Во 1992 година, финската влада соопштила дека ќе го спонзорира проектот „Планина од дрвја“, 38-метарски рид конструиран врз поранешен ископ за чакал. Денес контурите на шумата се веќе видливи.

...јас сум скептична за вакви проекти, оти и колку да е напредна и во технологија и свеста на финското население со почит кон природата т.е. да речам еколошка свест сепак индустријата си го прави своето и неизбежно и тие би требало да имаат проблем со отпадот, нема шанса да бидат иземени и фабриките во градот Ylojarvi, Finland



...слично имаше на едно место засадено борови дрвја кои „се фатија“ и беше прекрасно еколошко идејно изведено рид со зеленило, да наеднаш истите почнале да се сушат и остана само ниска трева, (значи директен сведок) кога се заинтересирав што се случило со тој интересен проект, еден граѓанин дискретно жално кажа, дека сето тоа било параван и дека во внатрешноста на тој рид било собрано целиот шут и отпадни материјали од блиската фабрика, преку ноќ фрлено со багер плодно земјиште одозгора и посадено атрактивно преку ден борови дрвца за восхитување на тамошното население, прашање на ден кога тоа ќе излезе во јавност...



инаку, не велам дека тоа така и за овој проект, кој всушност преставува уметнички перформанс и еколошки подарок на уметниците од цел свет, но секогаш постои мала резерва дека е можна таква работа, инаку финците често пати имаат метода проекти „на покривање на нештата“ да не се гледаат онака како што се, едноставно каменоломот го разубавија, но сепак си останува намената на ерозија на земјата со експлотација на каменот ...


... но како и да е далеку е ова од зборот „споменици“ !
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... јас мислам дека целосно треба да се изруши цела градба, па ќе немаме мрчење од тип вакво такво да се гледа негативната страна, наместо позитивната страна, па си имаме драмски театар, ни ни треба друг....


ете за ваков народ супер градба ...



богами и овде протече,а нема гипс картон или има? :toe:



што е тоа лукзус и вештачки сјај ?



споредбено стариот драмски театар...
а тој што гради и гарантира нека се повика на одговорност - тој што е одговорен за појава на вакво оштетување, но луѓе мои, не се криви објектите, оставете ги нив да заличи Скопје на нешто, а не на паланка !
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Интересно како работи ова влада исто како нивните претходници сите случувања у 03:00 како сечењето на дрвата кај бристол (y)

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ефтина струја бркаат бе, нема везе.

Инаку спомеников бил тргнат дека е дивоградба...јеботе...
"споменици" што ти брцаат прст у око, суштински, ги тргаш со банални причини.
Уште одма дпне најавил дека штом се врати на власт, све ќе врати на "свое место" и така милиони ќе идат у кредити за дислокации место за клиники, школи, градинки....ебен дмне-сдсовски канцер.

И уше ќе читам као немале муда сдс орли да рушат, а у времето на тие шо јадат трици, истите орли никнаа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom