Скопје се гради. Добро ли е тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Да да Lurtz ступчиња за 2 години мандат., т.е. 6 ,втор мандат му е ова.. Вие од Скопје барем имате кај да се жалите, те форуми ова, она , секогаш е Скопје актуелно..А што да правиме ние од другите градови,дива лига е , кој што сака си прави, а никој не се жали, а и нема каде
Знам, претходно спомнав дека Скопје премногу се форсира само не смеев да ја пренасочувам темава. Некаде прочитав дека условите ги тераат младите да бегаат од другите места во Скопје и надвор. Знам дека има големи проблеми и во другите места, штом сивило постои во Скопје, можам да си претставам како е во повеќето други градови. Знаеме и дека се располага со големи средства за овој мегапроект 2014 и јсп, а за возврат ете твое Куманово ја нема таа среќа да добие таков колач од државен буџет. Инаку дива лига е и у општините кои не се толку во мода низ Скопје. За жал, наши транзициски вредности и достигнувања. Цела држава е затка Цитро
 
Пред некој ден имаше репортажа за манастир Лешок... Министерство им одобрило 60.000 денари за реновирање... Може ќе успеат да искречат кога ќе ги оправат ѕидовите...
Каква лажна грижа за културата и историските вредности ми пропагираат?
 
Секогаш е добро да се гради. Во случајов само... проблем е што не се гради, туку се црта. Инспирацијата за градење и планот, идејата за тоа што се гради се комплет промашени. Инспирацијата е профит на моќниците, планот и идејата не постојат.

На Скопје му треба урбанизирање, не му треба улепшавање. Скопје бара нови булевари, нови јавни згради во служба на граѓанинот, нова инфраструктура. ЈСП е супер проект, само е втор чекор во средување на градот.
 
Кога ја отворив темава сигурен бев дека размислувањата ќе се движат во оваа насока.

Јас вака би ги поделил работите -

Позитивни аспект на градењето: конечно парите место да се кредат се инвестираат во нешто добро, со градбите се ангажираат македонските фирми и се помага на многу семејства, се градат нови згради за скоро секое министерство што значително ќе ги намали парите за закупнини и кирии, Скопје добива една поинавка слика итн.

Негативни аспекти на градењето: целата енергија и средства се фокусирани во Скопје (за сметка на помалите градови), непланско работење, фаворизирање на одреден барок стил (што во суштина е ок, ама мене лично не ми се допаѓа) и тн.

Уште многу има за набројување, но во суштина ова е главното.
 
Главното ти е промашено или длабоко во душата посакуваш да е навистина така.
 
Кога ја отворив темава сигурен бев дека размислувањата ќе се движат во оваа насока.

Јас вака би ги поделил работите -

Позитивни аспект на градењето: конечно парите место да се кредат се инвестираат во нешто добро, со градбите се ангажираат македонските фирми и се помага на многу семејства, се градат нови згради за скоро секое министерство што значително ќе ги намали парите за закупнини и кирии, Скопје добива една поинавка слика итн.

Негативни аспекти на градењето: целата енергија и средства се фокусирани во Скопје (за сметка на помалите градови), непланско работење, фаворизирање на одреден барок стил (што во суштина е ок, ама мене лично не ми се допаѓа) и тн.

Уште многу има за набројување, но во суштина ова е главното.

За ова тврдам дека е така!

Aaaaaaaaaaaaaaaaaaaa... ти друже тврдиш дека е така. Ти тврдиш? Грујо, ти ли си? :pos: :pos2:

Реков и на друга тема, кој не гледа како се краде на класичен начин од проектов или е глуп или е паметен да има портокалова книшка. Кое и да е, за резил е. :)
 
И да се перат пари, и да не се перат, коа ќе се изградат по 10 години на сите ќе ни бидат интересни тие градби.
Треба да се гради, имате среќа шо кај вас барем нешто интересно прават. Сеа неквалитетно, неквалитетно, владата нека му ја мисли.
 
Aaaaaaaaaaaaaaaaaaaa... ти друже тврдиш дека е така. Ти тврдиш? Грујо, ти ли си? :pos: :pos2:

Реков и на друга тема, кој не гледа како се краде на класичен начин од проектов или е глуп или е паметен да има портокалова книшка. Кое и да е, за резил е. :)

:(

stduq.jpg
 
Државните институции плаќаат кирија во сопствена држава.Ејјј во своја држава.Ова градење требаше да се случи пред 20-30 г.
п.с.стадионот преубав.Тој претходниот беше...не знам кој збор да го употребам,а да не бидам вулгарен.
 
Ок, тврдам дека не се перат пари, но ок е.

И да се перат, боље да се прават проекти и да се перат пари - одколку да не се работи ништо, а да се перат пари. :)

И јас алудирам на ова како најголема придобивка. Не сме свесни колку многу ќе се заштеди.
 
Јас едвај чекам да се изградат објектите и спомениците и кога ќе се шетам низ град да има што да видам. Посебно му се радувам на споменикот на Александар и фонтаната на која ке стои. Мислам дека ќе биде преубаво :)
 
Ок, тврдам дека не се перат пари, но ок е.

И да се перат, боље да се прават проекти и да се перат пари - одколку да не се работи ништо, а да се перат пари. :)

И јас алудирам на ова како најголема придобивка. Не сме свесни колку многу ќе се заштеди.

Е од вакви како тебе пропаѓаме со години наназад. Од трите подолгото.
Боље да се градат нефункционални објекти и да се краде,од колку само да се краде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв