Може грешам не дркам јас на партиски фаци па да им знам родословие како и да е МАРЈАН ЏОРЧЕВ кој во тоа време беше член а подоцна и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ је прееба скопска млекара ! Е сега најголемиот атрибут ти е што не дркам на партиски фаци и што не знам кој чив син е тоа ли е бе избранику ахххххххххххх со ваква младина неаме гајле
Грујо со рекламиве им го испра на пола Македонија мозокот на НЕУПАТЕНИТЕ.
--- надополнето ---
Со реконструкција на фасадата на објектот над ресторанот Пелистер, денеска стартуваше проектот на Град Скопје за реконструкцијата на фасадите во централното градско подрачје.
Проектот за реконструкција на фасадите на објектите во центарот на градот ќе се реализира фазно, а сите фасади ќе бидат изработени во барокен стил.
Во првата фаза ќе се реконструира фасадата на објектот на улицата „11 Октомври“ над ресторанот Пелистер и еден дел од фасадата на објектот на улицата „Маршал Тито“, дел од страничната фасада на објектот кој е во продолжение со објектот Пелистер.
Во тек е изработка на Идеен и Основен проект за фасадата на делот од објектот на потегот од Пелистер до објектот на Пелагонија и објектот над кафетеријата Тренд. По изготвување на проектите ќе започне постапка за избор на изведувач.
За зградата на Пелагонија која влегува во последната фаза од проектот во тек е распишан конкурс за избор на Идејно решение.
Површината на фасадата која ќе се реконструира над ресторанот Пелистер е 1.100 метри квадратни и ќе чини над 14, 5 милиони денари, а рокот за реконструирање на оваа фаза е 90 дена.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски најави дека објектите ќе добијат класичен изглед во стил на барок.
„Со ова централното градско подрачје ќе добие нов лик, еден класичен лик, еден лик на старо Скопје, што ќе значи нов имиџ на градот Скопје“ - рече градоначалникот Коце Трајановски.
Градот Скопје и општина Центар најавуваат и реконструкција на фасадите на објектите на булеварот Илинденска.