Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

S

Sheldon Cooper

Гостин
Не зафркавај. Порано тепаа учителите, па децата мораа да учат повеќе. Вака нивото на едукација се намалува а со тоа и интелигенцијата на децата.
Наредно е да за министер за образование стават некој кој со врски завршил и четврто одделение,...
Очигледно не си запознаен како функционираат системот и образованието денес. Тие неправди страшно ме нервираат, не дека имам нешто против оние не-Скопјани и тие се македонци како што кажа, со македонско државјанство ама па имаат и тие факултети во нивниот град бре! Дојдовме во ситуација самите Скопјани да учиме во други градови затоа што нѐ истиснуваат на Скопските факултети. Имам многу пријатели што учат во Штип затоа што не ги примиле на Медицинскиот факултет во Скопје!
--- надополнето: Jun 2, 2011 9:14 PM ---
Имаш право да студираш,исто ко и ја.. Ако студираш во државна квота,дел од партиципацијата и ја ти ја плаќам,од парите со кои плаќам данок..и немаш право да ми кажеш дека ја несмеам да студирам од друг град,во твојот или на дедо ти град наречен Скопје.. Да имаше факултет во мојот град,можеби таму ќе се запишев,ама нема..,па после лоши ви биле и дисперзираните студии,ништо не ви чини
Зборувам за оние луѓе кои имаат факултети во својот град пријателе (Битола, Штип, Тетово..), за оние кои немаат факултет не викам ништо...
 
T

Tetro

Гостин
Очигледно не си запознаен како функционираат системот и образованието денес. Тие неправди страшно ме нервираат, не дека имам нешто против оние не-Скопјани и тие се македонци како што кажа, со македонско државјанство ама па имаат и тие факултети во нивниот град бре! Дојдовме во ситуација самите Скопјани да учиме во други градови затоа што нѐ истиснуваат на Скопските факултети. Имам многу пријатели што учат во Штип затоа што не ги примиле на Медицинскиот факултет во Скопје!
Те разбирам сега што сакаше да кажеш. Арно ама, има дисперзирани нели студии во другите градови. Е сега, во секој град има факултет, ама има само еден факултет-една насока на студирање. Во еден град ги нема сите факултети... мора да одите да студирате во друг град. Некој решил да студира во Скопје, па нека студира, а ти ако си послаб ученик од него, никој не ти е крив. :D
 
ај важи, ќе видиме кој е послаб ученик кога ќе се бара реално знаење во некоја област и кога тој нема да знае да гукне! (y)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Слободно доаѓајте......можеби не живеам од тоа,али убаво ми го пополнувате џепарацот со тоа што плаќате кирија и убаво ги исполнувате студентските со студентки :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
A кои се тие вистински Скопјани? Што они имаат ли сина крв..добро бре ,аристократија ли сте вие "старите скопјани",Кинези ли ти дошле у Скопје да ти живеат,или Македонци..
Мене не ми пречи никој дојден во Скопје се додека се однесува цивилизирано и културно. Скопје е град на секој Македонец, исто колку што е мое Куманово, Битола, Дојран, Охрид...
Но! Во јавни установи крајно ми пречи зборувањето на дијалект, најчесто со премногу висок тон. Јас имам свој скопски дијалект, но кога сум во некоја установа (факултет, болница, суд) со другите и со персоналот зборувам литературно. Сите во оваа земја учиме од исти книги македонски јазик, и сите знаеме литературно да зборуваме. Најмногу ми пречат асистенти/демонстратори кои зборуваат на својот дијалект. Во приватни разговори не ми пречи, нормално, е ако нешто не разбирам прашувам, лошо е само што ми се лутат божем намерно не сум разбирала. Ме нервира и тоа што сите од внатрешноста велат дека нема чисти скопјани. Јас се гордеам со мојата чиста скопска крв, исто како што некој битолчанец треба да се гордее со неговата битолска.
Погоре кажав, во овој град живееле сите мои предци, низ моите семејни албуми има 10000 слики од Скопје, старо, ново, и јас го сфаќам како наследство, нешто што треба да го одржувам и продолжам, заедно со дијалектот негов. Немојте да се лажете дека нема скопски дијалект, тоа што има луѓе од цела Македонија, не значи дека се ,истребени, старите Скопјани. Не има. Јас како таква ви велам добредојдовте, но почитувајте ги скопјаните и не пробувајте на било каков начин да ги навредите или омаловажите. Не би сакале ние да дојдеме во вашиот град и да ви го правиме истото, да се надвикуваме неартикулирано или да почнеме да се глупираме низ вашиот град. Децата од внатрешноста, кога одат на екскурзија во Скопје, многу често прават глупости низ Центар. Сето тоа придонесува да имаме лоша слика за вас, иако, мене генерализирањето не ми се допаѓа.
--- надополнето: Jun 2, 2011 10:53 PM ---
Дошол некој (со Македонско државјанство) да студира на државен факултет, во истата држава каде што и ти имаш државјанство, ити се осеќаш загрозен од него, бидејќи не си способен да бидеш подобар од него.

Можам само да ти дадам совет, бидејќи ако напишаното и го мислиш, во голема фрка си, другарче. Барај си помош на психијатар.
Тој што дошол, од некое село, каде што татко му е професор по географија, вујко му по историја, чичко му по економија... Тешко дека може да се мери со моето знаење кое сум го стекнала во едно од најстрогите училишта во Македонија, без да имам роднини или познаници, и каде што кога ми била државната матура никој не ми помогнал.
Знам луѓе од секаде, и знам како функционира ,,успехот и знаењето,, во помалите места.
 
Johnnie Walker.

Keep Walking™
Член од
1 јуни 2008
Мислења
173
Поени од реакции
5
koj e od skopje,neka iskoci u skolska godina u sreda,kje mu stane jasno sto e stv opinok i seljak i provincijalec,u vistinskata forma na zborot,da ne ispadne deka samo gi napagame lugeto sto se oddrugite gradovi.ednas iskociv doma u shok bev kakov grad stanal skopje...idat po ulica(site po edno pivo u vecer pijat) a se derat zborat namerno na selski da gi cujat sve so nekoi svetkavi kic kosuli sve zalizani u glavite,mislis ziveeme 70etite...i toa sve ZA INAT go praat ne deka neznaat normaln oda se ponasaat,kako se ponasaat u obicni denovi?ne tolku da gi vidat...u teretana kaj so idev idea od veles mislam,celo vreme zaedno idat 5 6 dusi i namerno se derat se smeat...bogda cuva narod kje reces posle...a za toa za parite za ova za ona...sto znam i jas od 16 god se snaogam sam pa ne se zalam,toa e tie se dnevnicite za site ne samo za provincijala...i fakt e deka segde,ama segde u svetot provincijalata e podceneta ne samo u sk,ama samo u sk se osekjaat navredeni,zaso sakaat so takvo ponasanje i moralen kodeks da bidat glavni kako sto se u nivnite gradovi:)
 
E

elena.

Гостин
Епа истото е братче! на крајот јас ќе го извлечам подебелиот крај... Знаеш дека и матурата им ја решаваат и поминуваат со 100 поена? Свесен си за тоа?
Значи као у Скопје се најстроги професорите отколку од било кој град друг град во Македонија? А каде да одат оние кои сакаат да студираат на некој факултет во Скопје, или Скопје им е најблиску? Како што сум информирана, во Скопје има најголем избор на факултети. Секој има право да студира во Скопје колку и самиот скопјанец.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Значи као у Скопје се најстроги професорите отколку од било кој град друг град во Македонија? А каде да одат оние кои сакаат да студираат на некој факултет во Скопје, или Скопје им е најблиску? Како што сум информирана, во Скопје има најголем избор на факултети. Секој има право да студира во Скопје колку и самиот скопјанец.
Тоа никој не го оспорува, од причина што нема доволно факултети низ Македонија. Затоа ја поддржувам владата на Груевски што отвора дисперзирани студии, и се надевам дека во иднина ќе отвори се повеќе, а не само за да не доаѓаат луѓе од внатрешноста во Скопје, туку зошто се повеќе стануваме република Скопје, а се помалку република Македонија. Зошто и другите градови треба да се развиваат и да се вложува во нив. Зарем еве, некој од Прилеп, повеќе може да го сака Скопје од Прилеп? Само што да речеме, во Скопје има подобри услови за живот.
 
T

Tetro

Гостин
Само што да речеме, во Скопје има подобри услови за живот.
Размисли за недела-две... Жежок асфалт, преполни автобуси на ЈСП, насекаде смрди на контејнери...

Зошто поголемиот дел (оние кои има каде да одат) на лето бегаат кај баба и дедо?
 
E

elena.

Гостин
Тоа никој не го оспорува, од причина што нема доволно факултети низ Македонија. Затоа ја поддржувам владата на Груевски што отвора дисперзирани студии, и се надевам дека во иднина ќе отвори се повеќе, а не само за да не доаѓаат луѓе од внатрешноста во Скопје, туку зошто се повеќе стануваме република Скопје, а се помалку република Македонија. Зошто и другите градови треба да се развиваат и да се вложува во нив. Зарем еве, некој од Прилеп, повеќе може да го сака Скопје од Прилеп? Само што да речеме, во Скопје има подобри услови за живот.
Комплетно се согласувам, но засега, тоа е што е. А и да напоменам дека постои огромна разлика помеѓу факултетите во Скопје и во Штип, да речеме. Квалитетот на образование што се добива во Скопје е далеку подобар. Звучам како очајна провинцијалка, but just saying the truth :ROFLMAO:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Размисли за недела-две... Жежок асфалт, преполни автобуси на ЈСП, насекаде смрди на контејнери...

Зошто поголемиот дел (оние кои има каде да одат) на лето бегаат кај баба и дедо?
Јас немам баба и дедо никаде, освен во Скопје. Сите ми се од Скопје. Мене не ми пречи жешкиот асфалт, и не е вистина дека смрди на контејнери :) Можеби ако доаѓаш од некое пасиште, па не ти мириса на трева, инаку, сега зошто се гради немаме баш некои идеални услови, ама кафе на кеј , не менувам со никакво село...!
--- надополнето: Jun 3, 2011 1:30 AM ---
Комплетно се согласувам, но засега, тоа е што е. А и да напоменам дека постои огромна разлика помеѓу факултетите во Скопје и во Штип, да речеме. Квалитетот на образование што се добива во Скопје е далеку подобар. Звучам како очајна провинцијалка, but just saying the truth :ROFLMAO:
Јас се согласувам со тебе, и мислам дека токму тие, што студираат во Скопје, треба да вложуваат се повеќе труд и да притискаат да добијат што повеќе факултети во внатрешноста, и самите дипломци и постдипломци и доктори од Скопје, да одат да живеат во своите родни градови и да работат во своите родни градови. И јас можам да одам во Белград да студирам, ама сепак ќе сакам да се вратам во Скопје и тука да работам. Јас сум локал патриот, сакам да си го унапредувам градот, нормално и државата. Мислам дека сите треба да бидете локал патриоти, инаку ќе ви изумрат градовите, а не знам која е поентата цела Македонија да се сведува на еден град - Скопје. Очигледни се чувствата на тој што ја отворил темава, и верувам дека речиси секој од внатрешноста така се чувствува, не дека е Скопје толку лошо, колку што му фали ДОМОТ како и на секој нормален човек! Му фали дијалектот, мирисот на градот од каде што доаѓа, сето тоа фали! Па каде и да сум била во светов, еве, најмногу ме воодушевила Љубљана, чисто е, перфектно, се почитуваат закони, луѓето се културни А МЕНЕ ПАК МИ ФАЛИ СКОПЈЕ!
 
M

Moon Child

Гостин
koj e od skopje,neka iskoci u skolska godina u sreda,kje mu stane jasno sto e stv opinok i seljak i provincijalec,u vistinskata forma na zborot,da ne ispadne deka samo gi napagame lugeto sto se oddrugite gradovi.ednas iskociv doma u shok bev kakov grad stanal skopje...idat po ulica(site po edno pivo u vecer pijat) a se derat zborat namerno na selski da gi cujat sve so nekoi svetkavi kic kosuli sve zalizani u glavite,mislis ziveeme 70etite...i toa sve ZA INAT go praat ne deka neznaat normaln oda se ponasaat,kako se ponasaat u obicni denovi?ne tolku da gi vidat...u teretana kaj so idev idea od veles mislam,celo vreme zaedno idat 5 6 dusi i namerno se derat se smeat...bogda cuva narod kje reces posle...a za toa za parite za ova za ona...sto znam i jas od 16 god se snaogam sam pa ne se zalam,toa e tie se dnevnicite za site ne samo za provincijala...i fakt e deka segde,ama segde u svetot provincijalata e podceneta ne samo u sk,ama samo u sk se osekjaat navredeni,zaso sakaat so takvo ponasanje i moralen kodeks da bidat glavni kako sto se u nivnite gradovi:)
Ај научи се да пишуваш и да се изразуваш па потоа навредувај кој каков е.
Во однос на постот над мене. Човече, многу нормално е дека и јас би си седела во мојот град затоа што си го сакам, ама ако гледам дека на друго место имам поголеми шанси за егзистенција многу нормално дека таму ќе си ја барам среќата. Од локал патриотизам не се живее. Поентата цела Македонија да се сведува во еден град, е тоа што цела ебана Македонија е пренасочена кон тој град, зашто се црпи од провинцијата за да се дигне Скопје на некое ниво. А дека мене ќе ми изумре градот не сум јас виновна, оти јас ако го љубам мојот град нема тоа да го направи подобар и побогат за да јас преживеам во него. Еднаш кажав ќе кажам уште еднаш... Не се виновни луѓето што се селат во Скопје барајќи си ја среќата и иднината, виновна е државата и системот затоа што тие дозволиле да биде така.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
И јас можам да одам во Белград да студирам, ама сепак ќе сакам да се вратам во Скопје и тука да работам. Јас сум локал патриот, сакам да си го унапредувам градот, нормално и државата. Мислам дека сите треба да бидете локал патриоти, инаку ќе ви изумрат градовите, а не знам која е поентата цела Македонија да се сведува на еден град - Скопје. Му фали дијалектот, мирисот на градот од каде што доаѓа, сето тоа фали! Па каде и да сум била во светов, еве, најмногу ме воодушевила Љубљана, чисто е, перфектно, се почитуваат закони, луѓето се културни А МЕНЕ ПАК МИ ФАЛИ СКОПЈЕ!
Скопје не се унапредува поради локал патриотизам.
Всушност ниту еден град и село вистински неможе да се развива поради локал патриотизам. Локал Патриотизам е само еден добар шминкер.. Како што е и "развојот" на Скопје.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Како човек што ја започна темата и горе долу ја следам.

Гледам дека сеуште постојат луѓе кои си го гледаат Скопје како свое и никој не смее да го „дира“ и покрај тоа што човекот што доаѓа е од истата земја и од народ. Нели глумиме патриотизам, се чукаме во гради дека не треба да го менуваме името, нацијата и сл., а го тупите за тоа дека ви доаѓале луѓе од „провинција“ и ви го реметеле градот.

Мене јасно ми е дека 80% од форумџиите сеуште не се имаат оформено како карактери (15-19 годишна возраст) и добар дел тука созреваат, ама некои размислувања што се пишуваат на форумот, треба да се стави прст на чело пред да се осуди човек однапред за тоа кој е и што е.

Причината за која ја отпочнав темата е да ја побијам идеата дека само во Скопје се наоѓа спасот во егзистенцијата на младите. Младите од другите градови, треба да ги развијат своите граѓански идеи, претприемачки идеи и во своите градови. Е сега, тука доаѓа државата на сцена. Овозможува отворање на бизниси, мали, средни и големи компании (преку даночни поволности, евтини плацеви, добра инфраструктура и одличен судски систем). Парите остануваат во малите градови, младите остануваат во тие градови бидејќи примањата се повисоки. Логичен процес нели?

А сега илузијата е: Дојди во Скопје, работи за 300 евра, плаќај сметки, ќирија, живеење 150-200 евра...и заработи 100 евра за кафе и една маичка во месецот. Истата таа работа во градот од кај што доаѓаш е платена 200 евра :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

:) Постои еден и единствен проблем околу којшто ние постојано се „буткаме на рака“, а тој проблем ми го предочи еден Битолчанец со многу едноставна реченица. Ми рече, „Ја сакав порано Битола, ама за што би се вратил назад, Скопје живее, Битола е мртва“.

Тоа не е нешто со кое Скопјани се горди, дека другите градови се мртви а Скопје живурка. Скопјани се гневни на „провинцијата“ којашто тврди дека Скопје е лошиот град, но сите проклето остануваат тука и не си одат дома. Во исто маало со мене се, уживаат во бозата на Апче и помеѓу две голтки едниот му објаснува на другиот „баму го ја градо, се се воа селанчишча, јаките грајџани`...“

Скопје си има свој дух, кој во центарот на градот повеќе не се чувствува, но скопската култура во населбите сè уште живее. Маалскиот дух на Скопје колку и да биде Nintendo Wii Популарен, нема да рикне, зашто табла и шопска у двор у Козле ти е непревазиџена ствар. :)

Тие работи провинција никад нема да ги разбере, зашто не е родена и израсната тука, али никој и не ја тера. Едино, ја тераме, да не го дрви, зашто нема потреба. Скопјани немаат проблем со нескопјани, имаат проблем со сељаци.

п.с. „57-ка“, се вика Пееседмица. :) Да се разбереме за некои битни ствари. Добар текст инаку, поштуем. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom