Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.775
Поени од реакции
7.564
Да не ги вртам истите работи, комплетно се согласувам со она што го напиша noodle. И Таруно, и Мац се во право за се' што напишаа.
Ќе додадам само дека 22 години живеам во Скопје, сум сретнала секакви луѓе, се дружам само со оние со кои ми одговара да се дружам.
Да, има умислени, самопрогласени фраери кои излегуваат на одредени места и си имаат свои вредности кои јас не ги почитувам. Едноставно ги одминувам луѓето кои не ми одговараат, Скопје е доволно широко и има доволно места и луѓе за секој да си најде свое "место под сонцето".
Не можам да сфатам зошто го претставувате градов како да е некој Њујорк или којзнае колку огромен град, и како начинот на живот да е толку брз и натрупан што не би имале време да излезете макар и еднаш неделно на седенка во Лезет (го спомнав Лезет бидејќи го има во првиот пост) или да прошетате некаде. Ако не ви одговара да чекате на врата и да не ве пуштаат батките, како што ни мене не ми одговара, одете на друго место. Јас го правам тоа, а од центар на градот сум, born and raised, "хард кор" скопјанка. Едноставно, ги прескокнувам местата кои ми се напорни и готово. Не кенкам наоколу дека се лоши чичковците на врата што не ме пуштаат, не плачам дека нема места за излегување, затоа што има.
Да, Скопје е релативно голем град во однос на другите градови во Македонија, но не е неподносливо голем. За 40тина минути се стига од крај до крај на градот. Сивило, бетони, ова-она, се наоѓате во поголем град кој најмногу се развивал и градел кога било битно да има функционални згради, а не се гледало толку на естетиката (лош потег, ама што е - тука е), што очекувате? Градски парк е на 10 минути од центар, прошетајте. Не го претставувајте Скопје како град од книга на Толстој, не е до толку депресивно тука :smir:
Она за "градските фаци" и за неприфатеноста на "провинцијалците" сами си го наметнувате. Прашајте било кој нормален скопјанец (не зборувам за уфилманите скопски педерчиња, извин'те ме што псујем), воопшто нема да му биде важно од каде сте, туку дали може да направи муабет со вас.
Тоа што се луѓето во Скопје отуѓени не се должи на големината на градот или некој начин на живот кој градот сам по себе би го наметнал, туку се должи на тоа што луѓето немаат пари за дружење, како што кажа Таруно.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120

Ова е основа за добра дебата.
Факт е дека за луѓето судиме субјективно и од лично искуство. Пример: ако некој скопјанец ни згрешил нешто, одма добиваме лоша слика за него, но индиректно и за градот од кој потекнува. Неколку случајни такви искуства создаваат стереотипизирана слика за целото Скопје и за сите скопјани. Факт е дека во секој град, дали е мал или голем, со одредена доза на сомневање (некогаш и дискриминација) се гледа кон „дојденците“, како некои кои ќе ни го земат лебот, работата, статусот и слично.
Јас ја лоцирам вината делумно и кај нас самите, но и кај нашите политичари, нашите функционери кои изминативе 20 години не успеаа вистински да ја децентрализираат државата, да создадат ефикасни регионални центри и со тоа да овозможат рамномерен развој на сите градови, општини, села. За да не биде половина Македонија во Скопје и за да не се чувствуваат и „дојденците“ и „старите скопјани“ неугодно, нужно е да се вложи во „конкурентските“ градови кои ќе му парираат на Скопје и кои ќе го олабават и опуштат од метежот и од огромниот прилив на луѓе, а воедно ќе придонесат и за запирање на трендот на „умтрвување“ на другите градови и „демографската рецесија“.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Мене ми се допадна текстот. За жал, има многу вистина во ова-разочарување кога реалноста ги гази очекувањата, барем јас така те видов. И уште еднаш за жал, со ваков менталитет на жителството, ниедно место во оваа наша земја, со главниот град заедно, не ветува ништо подобро!
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Скопје поискулирани се луѓето, овде Битола пу пу пу ....
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.718
И во пештера е добро, ако се прилагодиш.
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Едно мое парче, напишано во декември 2009 година.

До пред некој месец ко млад мајмун се ложев на животот во Скопје. Џанам то шо имат собрание и поголем стадион од Охрид го прајт градот нешо посебно. После три месеци живот во Скопје, јас им се восхитувам на скопјани. Не на убајната, или скраја било на паметот, туку на нервите и издржливоста да не си свирнет куршум во слепоочница и очи да си ископет од агонија.

Со рет да почниме: Пешачки премин - точна дефиниција не знам, нагалено „зебри“ ги викаме, служет за пешакот да преминит на другата страна на улицата (зошто пилето ја премина улицата е исто битно прашање, ако пројавит некој желба ќе му објаснам). Станот ми е на некои си 200 метра од факултет. Сепак, наместо да тргнам пет минути пред предавање и да стигнам навреме, морам да тргнам двајс минути порано, за да можам да поминам преку Партизанска. Па добро бе пизда ли ви лепа материна, требит да се собериме миљон души за да застанит некој и да поминиме? Фала му на Господ златен досеа не ме собрал некој па да се соберите сите на чејнца. Да не должам многу, и така до сега ви е досадно и пола се откажавте од читање - сообраќајот во „метрополата“ е ужас. Всушност, возачите во Скопје се добри и совесни колку шо е Америка демократска земја. Do the math.

Фторо: Се појќе ми фалет времињата ко можев да прам муабет на мој дијалект без некој да ме гледат ко да сум полжав без куќичка. Скопјани се многу покварен народ во суштина, да се разбериме. Денес некој се имаше посрано во лифтон. Јас и цимеривме не сме, а цела зграда скопјани е освен нас. Ваљда Џими не дојде од Охрид со Куртета заедно да се посерет кај нас во лифтон. Плус, пред некоја вечер некој говеда брдски кршеа флаши и пуштаја звуци ко биоли да терет в планина, во два сатот сабајле. Не дек јас спијав и ми посметаја нешо, ама да им собериш на сите 4-5 души, IQ-то им е помало од број на кондури на третооделенец, второ полугодие, прва смена. Дур сме кај покварен народ, поздрав до тетката на автобуска шо израчуна дека 100 - 25 = 25. Не еднашка, трипати.

Треќо: Охрид покрај езеро пијам кафе за 70, со поглед на најубото зајдисонце и Канео, солза бистро езеро и барем знам за шо плаќам. Идам Скопје, седвам на кеј (таму било убото), кафето девеесче, вода со мраз не ми донесоја, го гледам Вардар, само школки - школка од Југо, после од Стокец, од стара Лада... Убајни. Чизми пливет џоа бељвици, машини за перење и плутајучи гована на секој печес метра. Ебате народот, после Охрид не чинел.

Четврто, шо сакав да кажам... Да не испаднит само лајна дек јадам, да кажам нешо и за искључоците. Во просек на секој сто „нормални“ скопјани и скопски работи, имат и по некоја светла точка. На пример една неименувана колешка од факултет, скопјанка, шо ми прајт муабет од прв ден, иако имам голем нос, зборвам на охридски дијалект и не одам на шема места. Плус, New Age ми се бендисвит ко место, и Espresso исто. Јес да ко Jazz Inn охридски немат во светов, ама добри се овие.

Текстот е тотално субјективен и скопјемразачки, па мојте слободно да му се нафрлите на авторот. Не дек ќе ми смените нешто во животот...
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.333
Не може некој што вчера дошол во Скопје да ми плука по градот во кој сум се родил и сум израснал и ми е во срце и душа ,и све затоа што си има коплекси од различни причини ,можда не му даваат женските таму ,или можеби има мало куре ,или едно маде.... нешто има рекла циганката....
Стави наместо Скопје, Охрид и ќе сфатиш по која основа се расправаме со сите шо плукет на лето по него.

Животот во Скопје е заебан, малку време живеам во него, ама не сум привикнат, нит е почнат да ми се допаѓат на некој начин. За натака ќе видиме.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.506
Абе нели научивте до сеа, не е до градот до народот е. ;)
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
"Earl Grey со млеко" шо го напраи ти Скопје бе Лондон:pos2:...да се вратиме на темата...очекувањата и воопшто целата филозофија да не речам гаењето илузии кај сите што доѓаат во Скопје од другите градови "злато да бараат" мислејќи дека е поинаков споредувајќи го со другите помали градови од старт се погрешни.....освен тоа што Скопје има гратски автобус и скапо такси друго ништо не го прави различен од Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Струмица....убаво кажа GORAZD во постот погоре-"Јас каде се пронаоѓам ти нема шанси таму да се најдеш ,исто како ни јас во твојот град,јас не вреѓам ,ама би можел да ти одговорам со една контра тема за твојот град и и стотиците дебилни работи кои ги имам јас таму видено ,ама каде води тоа ...
Многу попаметно е да најдеш начин да ги запознаеш вистинските вредности на Скопје него да ни објаснуваш за тоа како гледаш низ твоите наочари" Убавината и предноста што ја дава градот е во тоа што ти можеш сам да избираш каде и во која целина ќе се вколпиш...муабетот со 300 евра плата не ти држи вода ама баш ич, верувај и на Скопјаните им е тешко да преживеат со таква плата, ти не треба да се огледуваш на тие што возат коли од 30 000+, па параилии такви има во секој град......и сам треба да бидеш свесен дека колку повеќе народ толку поголема борба за живот, ти од старт тргнуваш со идејата дека овдека тече мед и млеко, напротив ако сам не си го најдеш местото под сонцето никаде нема да ти чини, а колку поголема конкуренција толку е и потешко....ова ти го кажувам од искуство затоа што моите дошле тука пред 15 год(значи јас сум тука од 7год Прилепчанец инаку) и имааме видено и сито и решето, дури сега можам да ти кажам дека водиме некаков стабилен живот овдека дури по 15 год.

--- надополнето ---

Едно мое парче, напишано во декември 2009 година.

До пред некој месец ко млад мајмун се ложев на животот во Скопје. Џанам то шо имат собрание и поголем стадион од Охрид го прајт градот нешо посебно. После три месеци живот во Скопје, јас им се восхитувам на скопјани. Не на убајната, или скраја било на паметот, туку на нервите и издржливоста да не си свирнет куршум во слепоочница и очи да си ископет од агонија.

Со рет да почниме: Пешачки премин - точна дефиниција не знам, нагалено „зебри“ ги викаме, служет за пешакот да преминит на другата страна на улицата (зошто пилето ја премина улицата е исто битно прашање, ако пројавит некој желба ќе му објаснам). Станот ми е на некои си 200 метра од факултет. Сепак, наместо да тргнам пет минути пред предавање и да стигнам навреме, морам да тргнам двајс минути порано, за да можам да поминам преку Партизанска. Па добро бе пизда ли ви лепа материна, требит да се собериме миљон души за да застанит некој и да поминиме? Фала му на Господ златен досеа не ме собрал некој па да се соберите сите на чејнца. Да не должам многу, и така до сега ви е досадно и пола се откажавте од читање - сообраќајот во „метрополата“ е ужас. Всушност, возачите во Скопје се добри и совесни колку шо е Америка демократска земја. Do the math.

Фторо: Се појќе ми фалет времињата ко можев да прам муабет на мој дијалект без некој да ме гледат ко да сум полжав без куќичка. Скопјани се многу покварен народ во суштина, да се разбериме. Денес некој се имаше посрано во лифтон. Јас и цимеривме не сме, а цела зграда скопјани е освен нас. Ваљда Џими не дојде од Охрид со Куртета заедно да се посерет кај нас во лифтон. Плус, пред некоја вечер некој говеда брдски кршеа флаши и пуштаја звуци ко биоли да терет в планина, во два сатот сабајле. Не дек јас спијав и ми посметаја нешо, ама да им собериш на сите 4-5 души, IQ-то им е помало од број на кондури на третооделенец, второ полугодие, прва смена. Дур сме кај покварен народ, поздрав до тетката на автобуска шо израчуна дека 100 - 25 = 25. Не еднашка, трипати.

Треќо: Охрид покрај езеро пијам кафе за 70, со поглед на најубото зајдисонце и Канео, солза бистро езеро и барем знам за шо плаќам. Идам Скопје, седвам на кеј (таму било убото), кафето девеесче, вода со мраз не ми донесоја, го гледам Вардар, само школки - школка од Југо, после од Стокец, од стара Лада... Убајни. Чизми пливет џоа бељвици, машини за перење и плутајучи гована на секој печес метра. Ебате народот, после Охрид не чинел.

Четврто, шо сакав да кажам... Да не испаднит само лајна дек јадам, да кажам нешо и за искључоците. Во просек на секој сто „нормални“ скопјани и скопски работи, имат и по некоја светла точка. На пример една неименувана колешка од факултет, скопјанка, шо ми прајт муабет од прв ден, иако имам голем нос, зборвам на охридски дијалект и не одам на шема места. Плус, New Age ми се бендисвит ко место, и Espresso исто. Јес да ко Jazz Inn охридски немат во светов, ама добри се овие.

Текстот е тотално субјективен и скопјемразачки, па мојте слободно да му се нафрлите на авторот. Не дек ќе ми смените нешто во животот...
Прво:ТакситиНЕ Охрид поубаво да не возат!!! во животот никој не застанал кај Охридска банка да ме пушти да поминам улица

Второ:На улица никој не ти брани да зборуваш како сакаш....освен нели на јавни места кај што треба да се однесуваш цивилизирано и да зборуваш што можеш политературно(тоа важи и за Скопјаните)

Трето: "Таму било најубо" абе исти сте ко Мариовците коа им кажал Итар Пејо фрлајте се во маглата.... демек волна е па соберете колку што можете....Мене на пример најубаво во Охрид денски кафе да се напијам ми е во "Carpe Diem" никој не ми посочил "абе оди таму најубо е"
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.654
Поени од реакции
17.316
Сегде имаме гнасен народ ,во Скопје,Охрид,Велес,Дебар,Подмочани небитно...Требит прилагоѓавање.
Живеам во Охрид.Глупо ми е ко ќе слушнам муабет од типот Ќе одам во Скопје ,ќе се селам,немат овде работа...Можда дома не си побарал доволно.Можда и немат.А таму ОК,можда ќе најш,ама трошоците се тие процентуално.Одредени луѓе мислат дека Скопје е Њу Јорк и се е супер,ама реалноста ни е друга.Проблемот е во политиката и максимална можна централизација на институции.
Почвам од образование па натака...Ако имаш добри факултети и болници и работа ,не знам кој ѓаол ќе ги натерат луѓево во Скопје ,го читавме погоре примерот на Љубљана.
И пак ќе повторам сегде имаме клошари, сељаци , фин народ итн. во секое место.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.072
Поени од реакции
3.840
Треќо: Охрид покрај езеро пијам кафе за 70, со поглед на најубото зајдисонце и Канео, солза бистро езеро и барем знам за шо плаќам. Идам Скопје, седвам на кеј (таму било убото), кафето девеесче, вода со мраз не ми донесоја, го гледам Вардар, само школки - школка од Југо, после од Стокец, од стара Лада... Убајни. Чизми пливет џоа бељвици, машини за перење и плутајучи гована на секој печес метра. Ебате народот, после Охрид не чинел.
Сеа ко ќе седниш на кафе на плоштадон во Скопје ќе глеаш околу тебе барокни зданија,па слободно мојш да се осеќаш ко да си во 17 век. :)
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
180
Темава сама по себе е дело на искмплексираност и малограѓанство ,немам намера да вреѓам ама.....
.
Беше прашање на време кога некој ке го каже овоа.Од каде искомплексираност и малограѓанство.Човекот само пишува дека не е тоа што очекувал и дека е многу потешко одошто мислел и ги опишува маните кој се факти кој ги има секаде ама еве решил за Скопје да пишува.И после зашто пишувал ,ете зашто ........ке се пожали некој или едноставно ке си даде мислење за градот и животот во него...и одма се декларира тоа како комплекс или малограѓанство.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
431

Тоа што он не очекувал а се со што се сретнал во Скопје е негово лично разочарување а не факт дека градот не чини...
За тоа дека маните и позитивните страни на Скопје може да ги постави некој кој не е роден во градот и се спори со тие кои целиот живот го поминале во истиот е чисто лечење на комплекс на пониска вредност.
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
180
Тоа што он не очекувал а се со што се сретнал во Скопје е негово лично разочарување а не факт дека градот не чини...
За тоа дека маните и позитивните страни на Скопје може да ги постави некој кој не е роден во градот и се спори со тие кои целиот живот го поминале во истиот е чисто лечење на комплекс на пониска вредност.
Ок,овака можеме до утре дали е ок или не..секој има различно видување но јас никаде не прочитав дека тој нагласи оти градот не чини само си ги напиша личните видувања и разочарувања кој по дифолт на тој шо чита наметнуват мислење дека тој пишува против градот или сака да го претстави како септичка јама.Но за некое "чудо" ти прв почна со стереотипи и селекција за нешто што никој не го кажал но се крие некаде мегу редови.Каде е комплекост или потоно кај кој е??!!!!!!!!...........Ете тоа е мое видување прозилезено од долгогодишен комплекс и малогараѓанство ..
 
Ти можеш не до утре него цел живот вака....тоа е твој проблем.
За мене лично сите градови во Македонија припаѓаат на секој македонец со правото да живее каде кој сака .
За твое разочарување јас кога би можел да бирам не би го одбрал Скопје иако сум од скопска фамилија.
Луѓето кои живеат во градот ја сочинуваат во најголем дел сликата на еден град,во случајот на Скопје кога плукаш ,плукаш на целиот народ .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom