Скопје, за мене е...

Член од
11 февруари 2006
Мислења
1.744
Поени од реакции
0
Скопје . . .
Едноставно . . . . Владо Јаневски - Ова Наше Скопје .......... и се е јасно
 

pinky**

..all over again..
Член од
16 декември 2005
Мислења
383
Поени од реакции
4
Skopje e grad Zakon be!!Ne bi sakala da ziveam vo nego zs Vo strumica mi e dobro za ziveenje ali sepak ne za dzabe Skopje e glaven grad na r Makedonija!!Se ke najdes tama so ke posakas!Super e Skopje :)
 
B

babsy

Гостин
скопје е мојот град...нормално овде се чувствувам како да сум дома...многу сум носталгична и емотивна по природа...приврзана силно првенствено за моето маало па потоа за целиот град..секој сокак од овој град знае да ми врати прекрасни спомени и за момент да го помести времето..
прошетките низ градскиот парк во пролет...собиралките во истиот лето навечер, калдрмата на старата чаршија и мирисот на гирици
кале, зоолошката која ми стана традиција од дете па до денес, седенките на кеј после бегање од часови, журките на водно ет најт....мхмхмх

испуштив многу но у следна прилика...
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
dosaden grad,bez luge...toa e za mene skopje.ama sepak mnogu go sakam poso ako idam u druga drzava ke go baram...edinstveno so mi smeta e gubreto,mnogu gubre ima
 

G e G o-junior

Killing Loneliness
Член од
30 јануари 2007
Мислења
305
Поени од реакции
4
Скопје за мене е голем град спрема Струга. Но не ми е убаво во Скопје поубаво ми е во Струга.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Скопје за мене е...
Трчање како луда по 9-ката,приватна,шкриплива,спора.Задишано посматрање на се што ми е во видно поле од замаглениот и неисчистен прозор.
Невидената гужва во сообраќајот,и пцуењето на испотениот шофер.полчасовното возење до Југодрво,и уште толку до Рамстор.

Нервозата што може да ја предизвика мастика залепена на штиклата на патот накај улица Македонија.
Свежото ветре што ми ја ежи кожата додека оговарам со другарките во еден од кафичите покрај кеј.

Комарците што летно време не ме остават на мира и пајаците во парк.
Јадење огромен сладолед од Малага на плоштад,со неминовното одбивање на „оригинал” парфеми од нападниот продавач.

Одбегнувањето на бабата со цвеќињата која никогаш не пропушта да ме „трефне”.

Бескрајно талкање по бутиците во ГТЦ,и враќањето дома со триста ќеси во раце.

Стотиците часови поминати во зјапање на небото легната на тревата на Кале заедно со дедо ми.

Искачувањето по Водно и радоста кога со тешки маки ќе стигнам до врвот.

Ценкањето на Бит Пазар и буткањето во луѓе,извиците кои доаѓаат од позади тезга.

Илинденска при крај на школската година.Со прекрасните расцветани дрва од страните чии цветови се ронат на тротоарот и ми ја предизвикуваат проклетата алергија.

Заебанциите што паѓаат во Луна парк со саканиот.


Скопје е сето тоа за мене.Тоа е во моите вени,тече низ мојата крв,навлегува во сите мои сетила и ме прави најгорда на свет што сум родена во ваков прекрасен град,на кој и да му најдат милион маани,за мене ќе остане место од моите соништа.

Скопје,ти си дел од мене!
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Скопје, град со невидлив Берлински Ѕид, убави авотбуси кои смрдат на зелка, цигари, ракија и што уште не. Плоштад исполнет со пуфли и пуфловци лигавејќи едно кафе 115саати, и стари баби шо коментираат за све и свашта т.е. нервираат. У секое маало пред зграда седење до рани саати чекање бурек рано посабајле, попладне на клупата пред зграда играње табла и шах пиејќи пиво. 23ка летно време да не се качиш зашто се симињаш чорба а таксито е изгор скапо, но кој како си ја наредил...Водно ј*бална отворена 24часа за убав живот. Скопје не е Београд, Скопје е Скопје и никој нема да ми го земе СКОПЈЕ Е МОЈ ГРАД
 

јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
Скопје = не сигурен град за живеење
Скопје = главен град = што значи секакви има во градот
Скопје = голем град
не би сакал да живејам во Скопје.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
точкест напиша:
Скопје, град со невидлив Берлински Ѕид, убави авотбуси кои смрдат на зелка, цигари, ракија и што уште не. Плоштад исполнет со пуфли и пуфловци лигавејќи едно кафе 115саати, и стари баби шо коментираат за све и свашта т.е. нервираат. У секое маало пред зграда седење до рани саати чекање бурек рано посабајле, попладне на клупата пред зграда играње табла и шах пиејќи пиво. 23ка летно време да не се качиш зашто се симињаш чорба а таксито е изгор скапо, но кој како си ја наредил...Водно ј*бална отворена 24часа за убав живот. Скопје не е Београд, Скопје е Скопје и никој нема да ми го земе СКОПЈЕ Е МОЈ ГРАД
не ги заборавај бабичките по клупи што све знаат - кој кај кого на гости отишол, зошто, кога си заминал :pos2:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
јахутерминал напиша:
Скопје = не сигурен град за живеење
Скопје = главен град = што значи секакви има во градот
Скопје = голем град
не би сакал да живејам во Скопје.
Секогаш е добро да го прочиташ првиот пост на темата.:)

Тогаш би ја посветил на сите оние кои се чувствуваат Скопјани со голема буква. Ако не спаѓате во таа категорија ве молам не пишувајте.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Скопје за мене е најубавиот град на светот...улиците со дупки, секаде по некое празно шише кока-кола или ќеса од чипс, непријатна миризба и по некој тежок сељак можеби се работи кои ги забележуваат сите оние кои не го почувствувале духот на Скопје...но јас живеам за шетањето во парк со другарките, кафето во „Мон Ами„ и трач муабетот кој никогаш не пресушува...Вардар можеби е мала валкана река, но за мене е волшебна река, посебно кога сме сите депресивни па шеткаме по кејот и оставаме сите проблеми да ги однесе подалеку од нас, барем некои петнаесетина минути додека уживаме во ѕвезденото небо и жуборењето на водата...Таксистите кои секој пат успеваат да ме насмеат со некоја од нивните мрднати приказни или нервозата поради шоферите што не знаат да возат или возат ко будали...секојдневната еуфорија во рамстор и гтц, метежот по улиците, саемите на книга, катастрофалната храна во „Жито Лукс„ и уште полошата програма на Мтв1...натрепаврите на Кометал и моето омилено чекање на Велигден пред Соборна, премногу луѓе, прекрасна атмосфера од горењето на свеќите, мирисот на скарата кој ги мами оние што постат, чукањето на камбаните, чукањето со јајца и одењето дома среќен и задоволен...пиењето на дрвен, седењето кај Фрос у дуќан со Емка и Маринка, бескрајните глупирања и смеења во нашето Орце...Копнежот кога се враќам од некаде и едвај чекам да ги здогледам добро познатите згради и куќи...Скопје е мојот град, дел од мене, дел од тоа што сум. На неговите улици е запишано моето минато, од неговиот воздух ја дишам мојата сегашност и се надевам мојата иднина...А во моето срце е неговото име, сега и засекогаш!
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
јахутерминал напиша:
А кој рече дека не живеам во Скопје?
Ама очигледно не се чувствуваш скопјанец и не си горд на твојот град. А темава барем јас колку што разбрав е за скопјани во душа.:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Го обожавам Скопје.Точно можеби не е најчистиот и најубавиот град, ама 2-3 дена да не сум во Скoпје и почнува да ми фали.Има некоја посебна магија овој град...Тука ми сите спомени - и добри и лоши
Играњето жмурка во маало и сите останати игри што постојат, седење на кафе на кеј или во останатите кафичи, смеењето, дружењето...
Скопје е мој град и јас мнооогу си го сакам Скопје!
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
...Градот кај што се родив, пораснав, и што сигурно ќе ми недостига кога би го напуштила.

Ме врзуваат спомени за овој град... Не само спомени, цел еден живот.:)

Колку и да е нечист, и голем, и хаотичен, и бучен... Го сакам овој град. zakon:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom