Скопје дефинитивно ќе добие трамвај

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ѓорче ќе претставува проблем дека е по 2 ленти. После од Порта Влае до Центар се по три лени од страна. Центар пак 2 ленти по страна, и од кај Веро пак по 3 ленти.



ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 1

СВРТУВАЛИШТЕ ВО БЛИЗИНА НА МОСТОТ КАЈ САРАЈ – СЕ ДВИЖИ ПО УЛИЦА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – УЛИЦА ДАМЕ ГРУЕВ – УЛИЦА ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ – УЛИЦА 11 ОКТОМВРИ - БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН – ПОКРАЈ КОМПЛЕКС БАНКИ – ПОД ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР - ПО БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ – ДО НОВО ЛИСИЧЕ, УЛИЦА ФЕВРУАРСКИ ПОХОД (КАДЕ ШТО ЌЕ БИДЕ ВТОРОТО ТРАМВАЈСКО ДЕПО)

ПРВАТА ЛИНИЈА СЕ ВРАЌА ПО БУЛЕВАРОТ АСНОМ, СРБИЈА, ЈАНЕ САНДАНСКИ И ПО ТРАСАТА КОЈА Е ГОРЕНАВЕДЕНА ВО ПРАВЕЦ НА НАСЕЛБАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ.

АЛТЕРНАТИВНА ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 1

ОД УЛИЦА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - ПО БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ - ПО БУЛЕВАР ИЛИНДЕН - ПОКРАЈ ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА - ДЕСНО ПО УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ - УЛИЦА ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ – УЛИЦА 11 ОКТОМВРИ - БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН – ПОКРАЈ КОМПЛЕКС БАНКИ – ПОД ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР - ПО БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ – ДО НОВО ЛИСИЧЕ, УЛИЦА ФЕВРУАРСКИ ПОХОД

ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 2

ТРАСАТА НА ЛИНИЈАТА БРОЈ 2 Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ОНАА ПРЕДВИДЕНА СО ГУП КОЈА ОДИ ПО ЈУЖНИОТ БУЛЕВАР, СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗМЕНИ ВО НАСОКА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА ТРАМВАЈСКАТА ТРАСА СО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА, СО ЦЕЛ ДА СЕ НАПРАВИ ЕДЕН КРУЖЕН ПРЕСТЕН ОКОЛУ ГРАДОТ, КОРИСТЕЈЌИ ГИ НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТРАМВАЈ, КОЈ ПОКРАЈ ПО ТРАМВАЈСКА МОЖЕ ДА СЕ ДВИЖИ И ПО ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА. СО ТОА БИ СЕ ДОБИЛА БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА ОКОЛУ ГРАДОТ.

ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 3

СВРТУВАЛИШТЕ ОД НАСЕЛБАТА КИСЕЛА ВОДА, КАЈ ФАБРИКАТА ОХИС - НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ – ПО БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН – БУЛЕВАР КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – ПО УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВ- БУЛЕВАР БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА (ДО БУТЕЛ)

ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 4

СЕ ДВИЖИ ПО БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН - БИТ ПАЗАР-БУЛЕВАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ- ДО НАСЕЛБАТА ЧЕНТО – ОД КАДЕ ПО ИСТАТА ТРАСА СЕ ВРАЌА НАЗАД
Оф мори мајко. .во секој случај, заебана работа, пренатрупан сообраќај.. леле мори мајко.. абе знаеш шо, што сакаат нека прават, ич не ме интересира, ако сакаат и дизниленд нека праат среде Шутка..
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Оф мори мајко. .во секој случај, заебана работа, пренатрупан сообраќај.. леле мори мајко.. абе знаеш шо, што сакаат нека прават, ич не ме интересира, ако сакаат и дизниленд нека праат среде Шутка..
Да не бидам офф-топик многу
Епа наместо да се вложува во инфраструктура и да се среди Скопје, тие го средуваат само еден Центар и го угушија од споменици!
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Да не бидам офф-топик многу
Епа наместо да се вложува во инфраструктура и да се среди Скопје, тие го средуваат само еден Центар и го угушија од споменици!
Тачно брат.. у право си, затоа и велам дека целава работа околу трамвајов ми е некако и смотана. Кај беа до сеа?! Башка ова шо викаш со Центаров на градов, па еве чоек погледни на фоткиве што ги стави, пак трамвајов би поминувал преку центар, мислам, со кој памет бе?! Од една страна Скопје се шири, и тоа неконтролирано се шири, а од друга страна инфраструктурално не го ни чепкаш, него само го линцаш околу центар. не знам брат... стварно не ми е јасно.. Онда за кој курац бе ги купуваа автобусиве?

Ова со трамвајов им е претерано закаснета работа! Ти текнува како се кршеа копја пред да се донесат автобусиве во Скопје, додека беше трифун градоначалник? Мислам која мизерија од расправии беше и тогаш човече, коски ќе си испокршеа и едни и други. И овие шо ги донесоа сеа автобусиве, ако ти текнува, толку нервозно и фанатично дрндаа против трамвај, против сите тие работи па шо знам шо итн итн. Е сеа види мајката им текнало ај и трамвај!??! Мислам, тоа не ми се допаѓа..
И во право си коа викаш, затоа инфраструктурата ни страда, а биди сигурен и да стават трамвај, тоа ќе биде уште по голем хаос. Неам ништо против трамвај, али вака не иде брат..
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Тачно брат.. у право си, затоа и велам дека целава работа околу трамвајов ми е некако и смотана. Кај беа до сеа?! Ова со трамвајов им е претерано закаснета работа! Ти текнува како се кршеа копја пред да се донесат автобусиве во Скопје, додека беше трифун градоначалник? Мислам која мизерија од расправии беше и тогаш човече, коски ќе си испокршеа и едни и други. И овие шо ги донесоа сеа автобусиве, ако ти текнува, толку нервозно и фанатично дрндаа против трамвај, против сите тие работи па шо знам шо итн итн. Е сеа види мајката им текнало ај и трамвај!??! Мислам, тоа не ми се допаѓа..
И во право си коа викаш, затоа инфраструктурата ни страда, а биди сигурен и да стават трамвај, тоа ќе биде уште по голем хаос. Неам ништо против трамвај, али вака не иде брат..
Точно е дека ќе биде хаос, но и Скопје расте, а растат и бројот на автомобилите. За трамвајот додека да се изгради ќе биде општ хаос по Скопјево, а кога би проработело би бил уште поголем, но можеби на почетокот после луѓето ќе се навикнат.
Изградба на метро е скапа инвестиција, а и се гради со години. Белград од кога започнаа па уште не е готово. Втора работа трусно-подрачје сме.
Решение за собраќајот, ако најде некој го частам. :D
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Бреее мајката на гужвививе уште трамвај ни фали.Најдобро е сите да се вратат кој кај е роден па таму да се инвестира во инфраструктура и фабрики.Да ти е*ам Скопјето стана најголемо село
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Бреее мајката на гужвививе уште трамвај ни фали.Најдобро е сите да се вратат кој кај е роден па таму да се инвестира во инфраструктура и фабрики.Да ти е*ам Скопјето стана најголемо село
Ama da ima nekoj virus da se izmisli,da gi vati dosljacive da dobijat silna zelba i
nostalgija za vracanje vo rodniot kraj i po kratko vreme ne samo sto ce go zaboravat Skopjevo nego nema ni so sila da mozes da gi nateras da se vratat.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
„Скопје конечно ќе добие трамвај“ станува досадно како „Paypal конечно доаѓа во Македонија“.

Скопје требаше да добие трамвај пред 15-20 години, не сега. Сега треба да размислуваат за монорејл, не за трамвај.
Ако сакаа да бидат еко-френдли, тогаш можеа да направат автобусите на ЈСП да возат на електрична енергија, исто како во Бугарија...
R.I.P. Трамвај во Скопје, ништо не бидна ни годинава...:pos::LOL:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
побрлавеле дефинитивно
Скопје не е град ниту за трамваи, ниту за метроа
Наместо лудата идеја за трамвај- боље им е да ја разгледаат можноста за повторно ставање во употреба возот кој сообраќал до Ѓорче Петров
донекаде шините постојат, а онаму каде се извадени нека ги решат-
Далеку поинтересно ќе изгледа градот со него отколку наново да се прекопуваат улиците а некаков си трамвај
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ama da ima nekoj virus da se izmisli,da gi vati dosljacive da dobijat silna zelba i
nostalgija za vracanje vo rodniot kraj i po kratko vreme ne samo sto ce go zaboravat Skopjevo nego nema ni so sila da mozes da gi nateras da se vratat.
Не баш Анчо Скопје не е првиот град каде што се случува истото.Со време Скопје ќе почне се повеќе и повеќе да биде мртов град од внатре.

Искрено секој со 2 грама памет би барал начини како да избега од епицентарот на сите "срања " што ќе се случат во иднина.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
побрлавеле дефинитивно
Скопје не е град ниту за трамваи, ниту за метроа
Наместо лудата идеја за трамвај- боље им е да ја разгледаат можноста за повторно ставање во употреба возот кој сообраќал до Ѓорче Петров
донекаде шините постојат, а онаму каде се извадени нека ги решат-
Далеку поинтересно ќе изгледа градот со него отколку наново да се прекопуваат улиците а некаков си трамвај
Мислиш на старата пруга покрај ложионица - нема шанси
Не требаше да се вади,требаше да се користи за гратски превоз.
Ама тоа Јапончето друго замислил,или нашиве така решиле.
Како и да е сепак ја посрале работата,тоа ќе беше најбрз превоз.
Ѓорче-Хром-Влае-Тавталиџе-Капиштец-Центар-Кисела вода-Лисиче.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Мислиш на старата пруга покрај ложионица - нема шанси
Не требаше да се вади,требаше да се користи за гратски превоз.
Ама тоа Јапончето друго замислил,или нашиве така решиле.
Како и да е сепак ја посрале работата,тоа ќе беше најбрз превоз.
Ѓорче-Хром-Влае-Тавталиџе-Капиштец-Центар-Кисела вода-Лисиче.
да на таа пруга мислев
А , зошто нема шанси?! неможе ли да се опраи?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom