Скопје-Аеродром Софија

Член од
10 март 2015
Мислења
16
Поени од реакции
0
Ок, така и си мислев (инаку на сајтот вели дека работи до 12 часот што е пак премногу кнап) Едно последно прашање, дали на автобуската има менувачница која работи толку доцна? Или да му платам на таксистот во евра - 10 евра е фер цена?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ок, така и си мислев (инаку на сајтот вели дека работи до 12 часот што е пак премногу кнап) Едно последно прашање, дали на автобуската има менувачница која работи толку доцна? Или да му платам на таксистот во евра - 10 евра е фер цена?
Има менувачница која ти разменува по премногу лош курс наместо 1.95 ти ги разменуваат на 1.4 или 1.3. Јас би ти препорачал да купиш левови од кај нас има во повеќето менувачници. Или пак да имаш картичка со тебе и од банкомат можиш да извадиш левови.
За разлика од кај нас повеќето таксисти не примаат евра. Или ако одиш на тој ризик треба да се договориш со таксистот пред тргнување.
 
Член од
20 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
5
Денес, 02 април, 2015 беа пуштени новите 4 метростаници до летиштето. Растоението от летиштето до центарот се зема за 18 минути, Еве ги: http://kab-so.com/archives/5220
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ок, така и си мислев (инаку на сајтот вели дека работи до 12 часот што е пак премногу кнап) Едно последно прашање, дали на автобуската има менувачница која работи толку доцна? Или да му платам на таксистот во евра - 10 евра е фер цена?
Во Бугариja тежко се плакja директно во евра. Многу,многу редко некоj ке ти прими евра.
Можат да ти откажат во евро, се зависи от тасиджиjaта.Како цело е доволно 10 евра, даже е малце повеке. Има менувачница на автобуска,но не ти ja препорачувам. Курсот не е добар. Види во Скопje дали можеш да си купиш левове. 1 евро = 1.95583 лева.[DOUBLEPOST=1428262414][/DOUBLEPOST]
ФМИ, можеш тоа на мапа да ми го покажеш (Google maps де :) ) Каде се тие станици и каде се купува карта и уште поважно, кое време работат тие линии? Патник погоре предложи превоз со автобус СК-Софија и тој пристига таму околу 24ч вечерта на 2ри. Има ли линија тогаш или мора со такси?
Ја најдов страната на метро, http://www.metrosofia.com/images/sofia-metro-lines-map-2015-april.png Јас би требало да се качам во метро на станицата обележана како Авто Гара а Сердика е ова каде се вкрстуваат линиите, така?
FliX годе доле ти е кажал. Во твоите часови нема како да фатиш метрото.
Иначе точно тази мапа е точната во моментот


От автобуска мора да се фати метрото за центара до станица Сердика II, тамо не се излегува отгора,а си има врзка специална за да се качиш на Сердика I, оттамо може да се фати метрото до аjродрома.
От автобуска до Сердика II е 5-10 мин. , от Сердика I до аjродрома ти е некаде 20-25 мин.

Карти като цело имаш неколко варианти. Ако сакаш да се прошеташ из Софиja за 1 ден препорачувам карта за целиот транспорт (метро, трамваj, автобус и тролеj) - цена 4 лева. (2 евра)
Ако сакаш карта за едно возене - 1 лев (0.5 евра), овде треба да внимаваш, заштото картите за метрото не важат во другите видови транспорт.
Това е билет за метрото

Билет за метрото можеш да си купиш во сека станица на метрото има шалтер,а и има автомати директно от него.

Тоа са карти за едно патуване за другиот вид транспорт

Билети можеш да си купиш почти на секо место каде продават вестници или има специални мали шалтери на градскиот транспорт.
Многу битно, ако куферот ти е голем, мора да купиш карта и за него.
 
Последно уредено:
Член од
10 март 2015
Мислења
16
Поени од реакции
0
Па еве бев во Софија и да го споделам искуството.
Прво земав повратна карта во Македонија Сообр. неколку дена пред да тргнам
Се купува во канцеларијата на Автобуската станица Скопје и чини 1800 мкд и треба после да се докупи карта за влез на перон од 50мкд. Автобусот тргаше во 17.30 од Скопје и во мој случај возеше Калеа (фирма од Бугарија)
На граница МК-БГ се здробив од чекање (мислам дека беше околу 1.30 саата чекање, немаше некога гужва)
Пристигање на Софијска станица во 23.50ч Во тоа време нема Метро така да морав да земам такси. Таксистот не го вклучи таксиметарот така да на крај се натегав со него колку да платам. Сакаше 50 лева па му дадов 30, ај со здравје. Друг пат ке им барам сметкопотврда ко демек за фирма така да ке мора со таксиметар да вози или да ми издаде сметкопотврда во канцеларијата на такси фирмата на Автогара во софија така да нема мрдање. Или е во ред цената или не идам со такси друг пат.

На аеродром стигнав за кратко време помалку од пол саат. Летот ми беше сабајле така да и тука се здробив од чмаење.

На вракање беше полесно. Авионот ми слета на терминал 1 но метрото е само од терминал 2. Има шатл минибус кој постојано врти од кец на двојка и обратно секои пол саат или така нешто така тука нема премногу чекање. Ако е до брзање има таксисти (види погоре) или автобуска одма на излезот од терминалот. Мислам дека беше бр 82 али не се качив на него.

Јас отидов со шатл до Т2 и таму отидов на метростаницата која е во аголот (не може да се промаши, со голема буква М е знакот)
Одма на почеток има автомат за карти, картата чини 1 лев и прима хартиени пари и кованици и врака кусур. Ако не ги чита парите има и шалтер. Јас користев автомат.
Се зима метрото и после 7-8 станици се симиња на Сердика (тетката на звучникот кажува која станица е на ред и каде сте во моментот постојано, гледај да не заспиеш само) Тука се симиња од едно метро и се премиња на друга станица (не на другата пруга што е одма до тебе што замалку направив, шо ке прајш ми се спиеше) Значи по скалите таму ваму и после идеш на десната пруга али секако прашајте која страна е за накај Лавов Мост и Железничка станица, мање више прашај било кој сите се љубезни. После две станици се симиња на станица Жел. гара и после гледај ги знаците на ѕидовите за да знаеш на која страна да тргнеш за да искочиш на Автобуската. Во Софија двете автобуски и Железничката се одма една до друга така да треба да си талент да ги утнеш. Тука седнав во кафе на автобуската џапнав некое пиво и сендвич (сендвичот ко сендвич не е којзнае што, личеше на кроасан со мортадела) колку да не ме јаде киселина. За да се качам на автобус мора да ја чекирам картата за автобус и тоа се прави во канцеларија на Калеа на стариот дел на автобуска. Чини 3 лева колку платив или 100 МКД што и да имате. Ова можда и не треба да се плати што го знам, некој кој бил со МкС може да каже. Автобусот се чека на перон 41 во новиот дел на автобуската преку улица и пристигна минибус на Мак Сообракај. Пикање на торбите позади во бункерот и чмаење то Скопје. На граница стандардно замарање и царинско чепкање. Се трга во 17.30ч по бугарско време а се пристига во СК негде околу 21ч по македонско.
Значи сето ова ме чинеше
1800мкд+50мкд+3лева=1950МКД за карта
30лева за такси ~ 950МКД
1лев за метро ~ 30 мкд

Се на се нешто под 3000 повратна цена од Скопје до Аеродорм Софија, терминал 1.
BTW, ме утепа таа калдрма од неколку километра на излез од Софија.

Тоа би било тоа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Тaксито е било нелегaлно. Едно истинско тaкси е около 15 левa - 450 денaри и по - мaло.
 
Член од
20 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
5
Минатата година зедов такси от АЕРОДРОМ - АВТОСТАНИЦА денем. Цена 13.50 лв. Нокем е малце поскапо, нормалко околу 15-16 лв. Такси без таксиметар е М А Ф И J А! Симвам уште на првиот метар! Тие са револтирани оти веке има метро и мафиотскиот им "бизнес" пропаѓа. Како блгарин се срамам от ови мафиоти1
 
Член од
10 март 2015
Мислења
16
Поени од реакции
0
Има такви свињарии и тука во Скопје, не е само Софија нешто позната по тоа. Мене не ми го менува мислењето за некоја земја ниту на полошо ниту на подобро тоа како таксистите се однесуваат таму. Тука таксистите само да насетат дека си од надвор или ке ти лупнат некоја без врска цена за превоз или ке те вози околу-наоколу па возењето ке биде пол саат наместо пет минути.
Што се однесува до метрото, господска работа. Можда пошто се возев во гланц нови коли само недела дена откога беше пуштена станицата на Терминал 2 али остава доста добар впечаток. Треба само да се намали растојанието од вагоните до прагот на пероните и не е означено тука ништо дека има дупка пред тебе. Процепот е доста голем и некој помал би можел лесно да пропадне тука или барем да заглави нога. Во Лондон има ознака Mind The Gap по цела должина и процепот е двапати помал. Чисто како забелешка.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
36
Поени од реакции
3
Kade moze da kupam Bugarski Lev vo Skopje ? I dali vo metro stanicata sto e na avtobuskata kartata za metro moze da se kupi so Visa ili MasterCard za da ne razmenuvam denari vo levovi.

Thanks :)
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Некој да препорача таксист на релација Софија - Скопје? И дали знаете цените кој се од прилика за услугава?
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Некој да препорача таксист на релација Софија - Скопје? И дали знаете цените кој се од прилика за услугава?
и мене ме интересира
знам дека има превоз луѓе што возат од скопје директно до софија аеродромот.
колку чини и колку време трае возењето
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Некој да препорача таксист на релација Софија - Скопје? И дали знаете цените кој се од прилика за услугава?
и мене ме интересира
знам дека има превоз луѓе што возат од скопје директно до софија аеродромот.
колку чини и колку време трае возењето
Како се снајдовте?
Треба и ја да идам накај 11ти август гледам со бус е 980 денари у еден правец, ама колку би земало од автобуска до аеродром (Софија) такси?
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Како се снајдовте?
Треба и ја да идам накај 11ти август гледам со бус е 980 денари у еден правец, ама колку би земало од автобуска до аеродром (Софија) такси?
Најдов такси јас, платив 75 еур во правец. Од дома пред врата, до аеродром во Софија.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.716
Поени од реакции
2.058
Како се снајдовте?
Треба и ја да идам накај 11ти август гледам со бус е 980 денари у еден правец, ама колку би земало од автобуска до аеродром (Софија) такси?
Мене ме фати околу 15лева..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom