Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Спасување на затрупаните(за ова има многу за пишување)
Прва(странска)помош дојде од Бугарија,на 26 јули 1963 год. од Ќустендил,екипа со 126 стручни лица поделени во две работни бригади,со камиони,багери,швајс апарати,и друго.Бугарската група ги расчистуваше урнатините на Железничката станица, хотелот Скопје, Југобанка, Инжињерската зграда на ул „8 ударна бригада“ и кај сули ан.
Друга бугарска група беше кај зградата бр.13 во Карпош на
ул. 29 ноември. Од оваа зграда само еден е извлечен неповреден.Тоа е најнесреќната зграда во Скопје.Од неа извлекоа 195 мртви и 102 ранети................
--- надополнето: 2 март 2013 во 13:20 ---
...Четврти ден по катастровата
На улицата „Гоце Делчев“-Пред урнатините има се помалку лиѓе кој чекаат војниците и рударите да им извадат некој близок. На тротоарот седи само Б.К. зараснат веќе со брада.Цигарите не ги вади од уста.Седи и чека војниците да му го извадат и четвртото дете,за да го испрати на гробишта,каде што претходните три дена ги испрати трите деца и сопругата.Седи и пишува писмо......( друг пат писмото)
..Пети ден по катастрофата
Новините донесоа сензационална вест. Ленка Наумова после четири дена поминати под рушевините на ул.„Гоце Делчев“-79 е извадена жива.Таа е на возраст од 13 години.Нејзиното спасување е драматично и е случајно откриена.
Доктор Јован Јуруковски кој живеел во истата зграда со малата Ленка, и не можел да се одвои од рушевините.Секојдневно го посматрал спасувањето,и кога повеќе немало надеж за живи лица во рушевините тој се уште заогал околу нив и викал:
-Има ли некој жив.
Изненадувањето било големо,четвртиот ден кога од под рушевините го чул гласот на Ленка. т.с.одговор.
-Жива сум чичко.Се јавило девојчето,другарка на неговата ќерка Марина.
Војниците на поручник Миодраг Јовановиќ потоа внимателно ги расчистувале рушевините и ја извлекле младата Ленка. Нејзината мајка Вера исто така чекаше пред рушевините.Во денови на голема тага на овој град,се спаси уште еден живот.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Слика од земјотресот. Ако не се лажам чичко Anco ова е делот кај денешниот споменик на Ченто, скроз доле зградата на улицата е денешен Мекдоналдс? ако сум грешка поправи ме.


Сликата е преземена од Старо Скопје, колекција на Петар Вучковиќ.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Слика од земјотресот. Ако не се лажам чичко Anco ова е делот кај денешниот споменик на Ченто, скроз доле зградата на улицата е денешен Мекдоналдс? ако сум грешка поправи ме.
Сликата е преземена од Старо Скопје, колекција на Петар Вучковиќ.
Токму така... Фотографијата е направена од позицијата на денешниот споменик на Ченто
Тоа се урнатините на Хотел Македонија
Ако имаш или некој друг има линк со фотографии од разрушено Скопје - те молам да го постираш
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Еве неколку фотки кои ги најдов, од повозрасните очекувам помош за точна локација.




Дирекцијата на денешна Стопанска банка на кеј.


Пред споменикот на Ченто ако не се лажам кај денешен Тренд.




Видео од тоа како странските медиуми ја пренеле веста.

Едно многу тажно видео:(

Преземено од zdravo.com.mk
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Дали е вистина дека населбата Кисела Вода била изградена од Бугариjа?

Бугарската влада и народ меѓу првите изградија
6 монтажни куќи во Пржино.
Бугарска работна група доби задача да изгради десет станови во општина „Кале“ и поправи четири големи згради,
Зградата на ДОЗ,„Технометал“,Комунална банка и „Ибни Пајко“.Универзалната сала е спомната.
--------------
Еве интересно за Тафталиџе-интернационална населба:
изградено до крајот на 1963 година.(монтажни куќи)
71 од Чехословачка,.. 20 од Финска,..
60 од Полска,...20 од Норвешка,...44 од Швајцарија,..,
20 од Италија,..20 од Мексико,.. 18 од Франција
-----------------------
Покрај овие уште 628 Фински (купени)монтажни куќи.
И три осумкатници од Румунија со вкупно 102 стана.
Основно модерно училиште поклон од Чехословачка.
----------------------
Еве и за Дексион нешто.Тоа се челични скелети од Англија,од типот „Дексион“,по што и населбата го добила името,и од кои се изградиле 650 станови.(има и во Бутел2)
---------------------
Ниш 26 јули 1963 година
До 18 часот за Скопје е испратено:
26.000 кгр.леб,6.000 литри млеко,60 тони конзерви,
8 вагони со лимон,поголеми количини,слатко,шеќер,М.вода.
Сараево 26 јули 1963 година
До 17 часот се јавиле преку 10.000 граѓани кои ја понудиле својата крв.Секоја минута крв за Скопје давале 10 граѓани.
Приштина 26 јули 1963 година
За Скопје е испратено: 115 доктори и медицински персонал,
160 пожарникари со 11 нивни коли,830 припадници на младинска бригада,415 лица од цивилна заштита,153 градежни инжинери и работници,54 електроинсталатери.
Београд 26 јули 1963 година
Во 11 часот од железничката станица тргна специјална медицинска екипа во четири вагони.Од аеродромот на Батајница воени авиони веќе пренесуват помош за Скопје.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
...
Имале една ќерка. 1953 родена, генерација со мајка ми.
Вечерта, 25 према 26 јули, таа сакала да спие со нив, да гледа телевизија... или така нешто.
Но, не и дозволиле... си спиела во нејзината соба.
И, во земјотресот, таа загинала, нејзините родители останале живи, скоро без гребнатини. Никогаш после немаа деца.
...
Јебемти све....

(не на тебе, туку општо, на к'сметот)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Белград 27 јули 1963 година
На Сурчинскиот аеродром атерираа
27 „Глобмастери“-најголеми транспортни авиони на америкамската армија кои долетаа од Рамштајн.Од утробите на авионите излегоа 30 возила „Џемсови“, 230 луѓе,комплетна полска болница со 200 кревети,(со можност +200).Од аеродромот „Џемсовите“веднаш тргнаа за Куманово,каде што болницата се лоцира. По „Глобмастерите“ во Сурчин слета и Боинг кој донесе: 16.000 кгр. лекови и ќебиња - помош од американскиот Црвен Крст - а кој долета директно од Америка
Два часа по пристигањето во Куманово болницата почна да ги прима ранетите. Екипата остана 15 дена.Низ неа минаа 125 повредени скопјани,направени се 35 тешки хирушки завати, 225 импровизации и други интервенции,околу 600 лабараториски и ренген снимки.На одењето американската армија му ја подари болницата на скопскиот Црвен Крст. Болницата располага со операциона сала,комплетна лабараторија,тријажно оделение,оделение за подготовка пред операција,кујна,перална и сопствен агрегат за струја.
--- надополнето: 6 март 2013 во 19:50 ---
Но ова болница не беше првата што пристигна на помош унесреќениот главен град на Македонија.
Од 26 јули до 30 јули во Скопје пристигнаа 400 хирурзи од земјата и странство.Само на 26 јули слетаа повеќе од 60 авиони.Тие донесоа:завоен материјал,храна,кревети,носила
антибиотици,ќебиња,лекови чај,кафе, шишиња со сува и течна плазма и друго.Околу 80 земји ја дадоа оваа прва помош на Скопје.Лекарски екипи испратија:
Грција,Бугарија,З,Германија,Полска,Франција,Австрија,
Шведска,Сад.
Од странските екипи прва дојде Грчката,која ја испрати грчкиот Црвен Крст.Таа дојде во Скопје на 27 јули со специјален санитетски воз и со комплетна хирушка болница.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Преживеаните раскажуваат
(тажни сеќавања од скопскиот земјотрес)

Еден наш писател,затрупан во рушевините,а не можејќи сам да си помогне и помрдне,кога ги чул спасувачите се јавил.
- Овде сум. Копајте.
- Идеме. Има ли уште некој.
- Не знам. Мрак е. Не можам да се движам.
- Викај. Пеј. Да знаеме каде да копаме.
- Добро. Бомба ли беше?
- Земјотрес.
- Добро. Сега ќе викам. Господи мајката твоја да .. .. ....
----------------------------
овој дијалог и го напишал во својте дела
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 100.jpg
Споменикот на загинатите од скопскиот земјотрес
--- надополнето: 20 март 2013 во 20:30 ---
Picture 108.jpg
--- надополнето: 20 март 2013 во 20:32 ---
Вакви настрадани семејства имаше на повеќе места во градот.
Овдека не преживеа никој,не остана никој да раскажува.
Трагедија. Жалосно. - Нека почиваат во мир
--- надополнето: 20 март 2013 во 20:34 ---
Picture 107.jpg
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Првиот извештај на „ Асошијетед-прес“,новинар Брајан Калверт
„Сум видел многу ужасни работи и страшни људски трагедии.Никогаш не сум видел нешто,што би ме потсетували на Скопје.Да се наоѓаш овде,личи тоа на сон кој нема крај.Тоа е полошо и од ужас.Си мислите дека нема никогаш да се ослободите од тоа. Луѓето овдека.Ви се кине срцето кога ќе ги видите. Сиротите луѓе,стојат наоколу со скаменети погледи и студени изрази на лицето.
Дење е сонцето толку топло да ве печат очите.А ноќе ако сте среќни,можеби ќе ви се покаже прилика да отспиете час или два,да,ако сте среќни...
А што ако сте загубиле некого? Постојат уште овдека некој што незнаат што се случило со мајка им,или татко им,со братот или со децата. Тие плачат.
Бев и во Либија во почеток на оваа година,кога беше земјотресот во Барк.Тогаш стварно беше тешко.Но целото тоа место може да се стави во еден агол во овој град.
Ова е стварно град.Или подобро речено тоа беше стварно град.Сега е тоа само нешто,за што не знам што би дал да можете да отидете и да заборавите....“
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
383
Поени од реакции
46
Zdravo Anco, dali mozes da mi dades maili ili skype sakam nesto licno da te iskontaktiram vo vrska so prikaznite sto gi raskazuvas. Ti blagodaram odnapred
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Zdravo Anco, dali mozes da mi dades maili ili skype sakam nesto licno da te iskontaktiram vo vrska so prikaznite sto gi raskazuvas. Ti blagodaram odnapred
Ама да знам што ти е тоа добро би било.А она што го викаат пп,може ли да помогне.
Јас сакам да продолжам уште да пишувам,повеќе овие месеци.
Ако пак мислиш не треба или нешто друго,или пак можеби и е нешто забрането,тогаш да престанам,или нешто со сликиве, незнам, ако е за арно секако ќе се договориме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom