Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.346
Eте, денес е 26 јули, годишнина од овие страшни настани... И, како и секоја година, се сеќавам на роднините спомнати тука...Јас сум роден 14 години после земјотресот, за тоа знам од приказни. Башка, не сум од Скопје
Но, имам и јас да раскажам приказна... тажна... која на некој свој посебен начин, ми оставила некаква трага, иако се случила многу пред мене.
Се работи за семејството по мајка ми. Брат на дедо ми, ваљда по тоа роднинската терминологија и мене дедо би ми дојдел, иако јас го викав „чичко“, живееше и работеше во Скопје.
Во времето на земјотресот живееле во зграда некаде, по кажувањата, на почетокот на Карпош.
Имале една ќерка. 1953 родена, генерација со мајка ми.
Вечерта, 25 према 26 јули, таа сакала да спие со нив, да гледа телевизија... или така нешто.
Но, не и дозволиле... си спиела во нејзината соба.
И, во земјотресот, таа загинала, нејзините родители останале живи, скоро без гребнатини. Никогаш после немаа деца.
Да не должам многу... јас ја знаев приказната уште од дете. Но дури кога пораснав, ја сфатив тежината на приказната и им се восхитував на храброста и вољата за живот на тие луѓе после таа трагедија.
Како студенти, и мајка ми, но и јас, редовно ги посетувавме. Беа прекрасни луѓе, скоро починаа.
Ете... овој пост нека биде едно сеќавање и почит кон нив.
Anco, едно прашање:
Дали сликите постирани во првиот пост се од една книга посветена на земјотресот, не се сеќавам на точното име, со зелено-бело-црна корица каде се запишани имињата на сите жртви од земјотресот?
Денес со мајка ми правев муабет. Живееле во Карпош, зграда 11, која била веднаш до зграда 13 која се срушила целосно...
Би го прашал Anco дали тоа би му дошло некаде близу Градежен (по сеќавањето на мајка ми), или?