Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Знам јас дека тропаат глупости. А и башка Армија не смее да мрдне додека не добие наредба. Свеволно во тоа време и апсаана се одело.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Тоа кобно утро мојот дедо се нашол во својата канцеларија каде што бил да остави некои документи бидејќи тој ден требале да заминат на одмор...кога го осетил првиот потрес, со трчање сакал да излезе надвор, но за жал објектот во којшто бил почнал да се руши...една цигла го погодила во глава, а друг дел од таванот паднал врз неговите нозе. За среќа неговиот колега којшто бил надвор успеал да го извлече...дедо ми бил во кома...она на што се сеќава следно е дека се разбудил во авион и повторно паднал во кома. После неколку дена се разбудил во воената болница во Белград, целиот заврзан во завои и тотално неподвижен. Главата оперирана, а бидејќи нозете му биле згмечени докторите биле принудени едната да му ја скратат за 6 сантиметри, а другата за 3. Но, желбата за живот му била многу голема, поради неговата упорност и упорноста на докторите, дедо ми по една година проодел и еве го со 85 години тој сеуште се движи.
Тнка ти е приказнава, во тие времиња некој да отвара канцеларии во 5 сатот сабајле, па и генерален директор да бил тешко дека ќе добиел пристап до канцеларијата, или лажеш или те излажале трето нема.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Марко од Пајко Маало
Пајко Маало беше распослано од Камениот Мост па се до Серава на левата страна на Вардар.
Од земјотресот многу настрада,повеќето куќи беа обележани со црвена боја.Пајко Маало улицата Стиф Наумов го дели на два дела.На куќата со број 16 исто така има црвена боја,што значи и смртна одлука и дека мора да се руши.
...Во таа куќа живееше стариот Марко Николовски. Во маалото тишина,нема народ,сите се во шаторските населби а децата се евакуирани низ Југославија.Но на Марко не му се напушта куќата,секојдневно цело лето е седнат на прагот пред неа.
Неговите деца се веќе во монтажните куќи во новите населби. Тие и го зеле едно време кај нив да седи, но Марко сакал назад во својата куќа во Пајко Маало.Почнал и штрајк со глад таму кај нив. Така „ги победил“да после тоа морале да го вратат назад во веќе паднатата куќа.Таму во дворот под скалите Марко си направил живеалиште. Повторно секојдневно седел на прагот на куќата во своето сакано Пајко Маало. Еден ден ја добил веста дека куќата мора да се целосно брзо руши.
По некој ден го нашле мртов на прагот од својата куќа со цигара во устата.
-----------------------------------
(лошо го напишав можеби ова ,со грешки во времето-граматиката,од сеќавање што сум читал)
Одамна го нема Пајко Маало. Еврејско Маало,Ново Маало и други.
Ако некогаш сакате да видите како тоа изгледаа тие скопски стари маала,се уште може да се осети таа нивна „душа“ во Маџир маало, поминете-прошетајте по тие тесни улички позади Народната банка па до Вардар, ѕирнете во дворовите некој се не променети,како и смоквите кој почнаа и да зреат,истите оние од пред 1963 год.[DOUBLEPOST=1406410915][/DOUBLEPOST] Picture 1739.jpg рушењето на зградата на ЦК на СКМ,(под Калето,Еврејско Маало,лево од стоковна куќа Мост)
За оваа зграда имам доста пишувано, а за ова рушењево сум сведител бидеиќи зградата беше,поточно нашата куќа беше во дворот на таа зграда. Позади е Калето без ѕидини кој беа паднати,па тука народот си направи патеки за угоре,посебно за празникот Прочка тие патчиња беа полни со народ,како некоја партизанска колона,цел ден,нагоре -надоле.
Можеби и некој од вас го памети тоа. Имав можност и ми е криво што не го зачував српот и чеканот од кровот.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Знам јас дека тропаат глупости. А и башка Армија не смее да мрдне додека не добие наредба. Свеволно во тоа време и апсаана се одело.

4355
by Anco on Кајгана форум
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Picture 2444.jpg 1964 г. Универзитетот
оштетена само јужната страна,ама обележан за рушење и го срушива.
Имаше кров како Градежен факултет-високи тавани полни со гулаби .
Ново Маало,се уште постајат повеќе куќи, во состојба како пред 63 г.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Таму татко ми бил бруцош на економски во далечната 1962 година :)
Често се зафркаваме дека факултетот му го срушиле па не го завршил, и морал да се префрла на друг.
Ја знаев локацијата на таа зграда, но никогаш не ја бев видел на слика :)
Благодарам!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Таму татко ми бил бруцош на економски во далечната 1962 година :)
Често се зафркаваме дека факултетот му го срушиле па не го завршил, и морал да се префрла на друг.
Ја знаев локацијата на таа зграда, но никогаш не ја бев видел на слика :)
Благодарам!
Picture 2431.jpg еве го пак[DOUBLEPOST=1450209430][/DOUBLEPOST] Picture 2394.jpg народ го посматра дорушувањето на Офицерски,
Банката се уште добро се држи,ама и нејзе ќе ја снајде иста судбина,што не успеа земјотресот им успеа на Благој Попов и компанија,а можеше нешто да се спаси и реновира,но по се изгледа сакаа да се ослободат од минатото.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346

Мислам дека ова е филм од Вељко Булајиќ и досега не е поставен на темава.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Picture 2445.jpg 3 години по катастрофата
Од Еврејско и Влашко маало ни трага,само празен простор
Интересно сепак покрај големата загуба,сите згради-кули,тогаш со име солитери над 10 ката остаанаа скоро читави и без оштетувања,дури обележани со три зелени линии и сега се во добра форма.
Банката,Офицерски,поштата и секретаријатот за финансии веќе ги нема.
Во средина „стрчи“ Работнички дом, и се гледаше од Капиштец и Кисела вода,а сега за да го видиш треба да застанеш три чекори пред него.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За се оцени способноста на една организација е битно да се утврди времето за кое та реагира на тревога
На пример:
На 11. септември 2001, во 8,45 часот првиот авион удри во кулата на Светскиот трговски центар во Њујорк, Во првите моменти се мислеше дека се работи за несреќен случај. Вториот авион удри во 9,03 часот и тогаш стана јасно дека се работи за напад
Во 9,40 Американската агенција за авијација ги забрани сите летови над САД, а пред тоа Председателот Буш беше евакуиран во Кемп Дејвид
Очигледно Американците беа добро организирани и брзо реагираа
Во Скопје не беше таков случај.
Еве напис во кој се зборува кога првата вест за земјотресот е пратена
http://okno.mk/node/30254

По сè изгледа дека првата вест ја испратиле луѓе од Армијата. Во 6 часот и 40 минути на 26 јули капетанот од I класа Петар Јовиќ, благодарејќи на искуството на минатогодишната поплава, кога исто така прв го известил Белград за неа, тој уште возбуден од земјотресот, необлечен, се стрчал во својата команда и преку радио-врска го известил дежурниот во воената команда во Приштина. Тој ја испратил следнава телеграма: „Кај нас е катастрофален земјотрес. Итно испратете санитетски екипи".
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409


крајот на Камен мост, пред земјотресот,лево Еврејско маало,десно Ибни Пајко
веројатно пазарен ден,амал бутка дрвена количка од чаршијата кон железничка станица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom